Глибовци
Глибовци или Глобоштица (грчки: Καλοχώρι, Калохори, до 1926 г. Γκλαμπόφτσα, Глабовца[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 158 жители (2011).
Глибовци Καλοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°17′N 22°55′E / 41.283° СГШ; 22.917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 260 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 158 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото Глибовци се наоѓа во Валовишката околија во чии рамки административно влегува во составот на општината Палмеш[3]. Сместено е западно од Валовишта и северно од Кукуш во подножјето на Беласица на надморска височина од 260 метри[3]. Селото е поврзано со внатрешноста на земјата со патот кој од Кукуш води за Валовишта и за Кулата, како и со железничката пруга Солун - Софија - Истанбул.
Историја
уредиДо 1924 година, Глибовци било чисто македонско село. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Глибовци живееле 240 жители, сите Македонци.[4] По нивното принудно иселување во Бугарија во 1924 година, тука биле сместени бегалски семејства. Во 1926 г., името на Глибовци му било применувано во Калохори, што значи „добро село“.[2]
Стопанство
уредиВо селото се произведуваат претежно жита и компири, а населението помалку се занимава и со сточарство[5].
Население
уредиВо пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 193 жители, додека во 1920 година Глибовци имало 174 жители. По принудното иселување на македонското население и доселување на бегалските семејства во 1928 се води со 218 жители, во 1940 имало 444, во 1951 со 368, во 1961 со 339, за да опадне во 1971 на 283, во 1981 на 243, а во 1991 се намалила на 195 жители.
години | население |
---|---|
1928 | 218 |
1940 | 444 |
1951 | 368 |
1961 | 339 |
1971 | 283 |
1981 | 243 |
1991 | 195 |
2001 | 267 |
Општествени установи
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Πανδέκτης: Gklampoftsa -- Kalo Chorio“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2022-12-30.
- ↑ 3,0 3,1 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 190. ISBN 9989-9819-4-9.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.16“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2022-12-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). „Валовишка околија“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 190.