Тумба (Карамани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Тумба

Карта

Местоположба 41°3′52″N 21°23′38″E / 41.06444° СГШ; 21.39389° ИГД / 41.06444; 21.39389
Основни податоци
Место Карамани
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
бакарно време
бронзено време
Портал „Археологија“

Тумбаархеолошко наоѓалиште во битолското село Карамани. Претставува населба од неолитско, бакарно и бронзено време . Се наоѓа на околу 1,5 км источно од селото и на околу 2 км јужно од селото Трн, покрај десниот брег на реката Драгор. Во основата има пречник од околу 250 м и зачувана височина од 6 м. Тумбата е делумно оштетена уште во Првата светска војна со копање на војнички ровови и бункери. Во археолошката литература е позната од 1938 година со рекогносцирањата што ги извршил W. A. Heurtley[1]. По површината на тумбата се среќаваат множество фрагменти од керамички садови и орудија од камен и кремен. Во текот на 1974 година се извршени археолошки ископувања при што е пронајдена повеќеслојна стратиграфија со 4 хоризонти на живеење, од кои два неолитски и по еден од бакарното и ранобронзеното време. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Prehistoric Macedonia W. A. Heurtley: Prehistoric Macedonia. An archaeological reconnaissance of Greek Macedonia (west of the Struma) in the Neolithic, Bronze, and Early Iron Ages. Pp. xxviii+ 276; 1 маp, 112 figures, 24 plates. Cambridge: University Press, 1939. Cloth, 63s
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069