Труфит & Хил (англ. Truefitt & Hill) е најстарата берберница во светот. Фирмата е основана во 1805 од Вилијам Франсис Труфит. Труфит го ставил на себе звањето Фризер на Британскиот Кралски двор и ја добил првата Кралска Повластица од кралот Џорџ III. Во 1911, Едвин Хил отворил берберница на Олд Бонд Стрит, исто така близу кралските населби во Лондон и на оваа адреса се преселил Х.П. Труфит (внук на Вилијам) во 1935 и ја создал фирмата Труфит & Хил. другите регионални дуќани со тоа име се припоиле кон сегашната фирма во 1941. Денешната локација на Труфит & Хил на 71 Сент Џејмсес Стрит, Лондон била преземена во 1994. Покрај ова има локации на Мичигенската авенија во Чикаго, продавниците кај Цезаровиот форум во Лас Вегас и во Торонто, Канада.

Логото на Труфит & Хил
Дуќанот во Лас Вегас
Крема за бричење од Труфит & Хил

Познати клиенти се британското кралско семејство, членови на кралски семејства во посета, деловни водачи, пратеници, амбасадори, дипломати и државници во посета. Денес Труфит & Хил сѐ уште имаат Кралска Повластица по назначување кон принцот Филип, војводата од Единбург.[1]

Производи

уреди

Труфит & Хил нудат разен тоалетен прибор за мажи како како креми и сапуни за бричење, лосиони, колонска вода, шампони и други производи за коса. Држат и секаков вид на декоративни шолји за бричење, четки од јазовец, бричеви и несесери.

Најпопуларни полни линии за бричење и парфемирање од фирмата се Trafalgar, 1805, Grafton and West Indian Limes. Линии на парфеми: Clubman, Freshman и колонските води Spanish Leather, а линии за бричење се Almond, Sandalwood, Rose и Lavender.[1] Архивирано на 14 октомври 2007 г.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-10-28. Посетено на 2007-11-05.

Надворешни врски

уреди