Бричнож за бричење.[1][2] Истиот е исклучително остар и како секој нож служи и како оружје. Се состои од дршка - корици и сечило. Кориците може да бидат изработени од различни материјали, а сечилото од челик. Со преклопување, сечилото влегува во сопствената дршка, која станува корици и го прави безопасно. Го користеле скоро сите нации. Денес многу ретко се користи за бричење.[3]

Брич

Историја

уреди

Првите бричеви биле направени од школки и заби од ајкули. За тоа сведочат археолошките наоди од камено време, стари 6 милениуми. Ножевите за бричење биле изработувани од некои карпи како што е кременот. Тие се исклучително остри и долго имале предност во однос на бричевите од метали, познати во тоа време. Пронајдени се во ископините во Стар Египет, Кина, Јапонија, Грција, Римско Царство. Сечилата им биле изработувани од бронза, но и од злато.

Првите бричеви не биле зглобни, туку биле изработувани од едно, монолитно парче. Со текот на времето, тие претрпеле разни промени. Меѓу другото, станале зглобни и со разни облици. Сечилата биле од сè поквалитетен челик и сè поостри, а дршките, односно кориците, од различни материјали, изработувани и од благородни метали и украсувани и обогатувани со апликации од скапоцени камења. За да станат уште поостри и подолго да бричат квалитетно, биле правени бричеви на кои им се менувале сечилата. Со пронаоѓањето на бричалката на американскиот стопанственик Кинг Жилет, чие сечило било заменето со метален лим за еднократна употреба, биле создадени „жилети“ кои наскоро и целосно го замениле класичниот брич. Во времето на жилети и електрични бричалки, бричот скоро целосно престанал да се користи. Од бричот на друг страна настанале ножеви на склопување – чакии.[3][4]

Употреба

уреди

Бричот главно се користел за таканаречено „влажно бричење“ кога лицето, пред бричење, е навлажнето со специјална течност и сапун за бричење. Неговата употреба бара одредена вештина. Дури и најмала неумешност и лош агол кон кожата на лицето може да предизвика непријатни повреди. Во текот на бричењето бричот мора да се остри неколку пати.[4]

Наводи

уреди
  1. „брич“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „брич“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 Група автори, Енциклопедија лексикографског завода, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1962. г.
  4. 4,0 4,1 Група автори, Општа енциклопедија Ларус, Вук Караџић, Београд, 1967. г.