Труворово городишче

Труворово или Старо Изборско городишче (руски: Труворово городище, Старое Изборское городище) е археолошки локалитет во форма на градина, веројатно настанал кон крајот на 7 век на подрачјето недалеку од денешното село Изворска, на најзападниот дел од Псковската област, во западниот дел од европскиот дел на Руската Федерација. Тврдината е изградена од страна на словенските Кривичи на ридот над малото Городишченско езеро, на околу 45 метри над нивото на езерото. Во времето на нејзиното создавање, тоа било едно од трите најважни кривички населби на тоа подрачје, покрај Смоленск и Полотцк. Тврдината имала триаголна физиономија, зафаќала површина од околу еден хектар и била заштитена со насип и дрвени ѕидовини високи до 6 метри и до 3 метри длабоки ровови од страна на копното.

Од своето основање населбата има занаетчиски и трговски карактер и се одликувала со голема етничка шареноликост. Во централниот дел на тврдината се наоѓал плоштад со пречник од околу 25 метри, на кој се одржувале сите најзначајни манифестации поврзани со селото и неговите жители. Куќите биле случајно градени, што било основна одлика на словенските населби од тој период.

По големиот пожар кој во првата половина на 10 век уништил значителен дел од Изборск била извршена првата значајна реконструкција на целата тврдина и Изборск се преобразил во типичен рано средновековен град со јасно изразена двострана социјална структура. Внатре во тврдините се наоѓале припадниците на најмоќниот слој на општеството, додека надвор од ѕидините на тврдината живееле трговците, занаетчиите и рударите. Кон крајот на 11 век, Изборск станал стратешки град во пограничното подрачје на Новгородската земја, тврдината била дополнително утврдена со камени ѕидови, а била подигната и моќна кула на стражарите. Кулата имала шестаголна форма, секоја страна била долга 6 метри, додека пречникот бил 10 метри. Во ѕидините покрај кулата се наоѓал таен премин кој бил користен за време на ненадејните опсади на тврдината.

Во текот на целиот XIII век тврдината била цел на напади од страна на ливонските и германските крстоносци, сè додека и конечно не била уништена во 1330 година година. Новата тврдина, Изборската тврдина, изградена е истата година на околу 400 метри појужно од првобитната тврдина.

Од првобитната тврдина до денес, не се сочувани речиси никакви материјални остатоци. На влезот во некогашната тврдина се наоѓаат стари гробишта во кои доминира голем камен крст, таканаречен Труворов крст. Крстот најверојатно бил подигнат на почетокот на 15 век и, според легендата, се наоѓа над гробницата на варашкиот кнез Трувор (брат на легендарниот варјашки кнез Рурик), кој владеел со Изборск од 862 година до смртта во 864 година година. Надземниот дел од крстот е висок 2,36 метри, широк 1,42 метри и дебел 21 см. Крстот бил изделкан од варовник и на него се наоѓа натпис (Славниот крал Исус Христос Ника).

Во близина на крстот се наоѓаат и неколку варовнички плочи на кои се врежани разни геометриски форми. Плочите се нарекуваат вавилони и целта на нивното постоење не е позната.

Во југоисточниот дел на поранешната тврдина, во текот на 17 век била подигната црква посветена на свети Никола Мириклијски. Црквата била изградена на остатоците од православниот машки манастир. Црквата денес се наоѓа на списокот на архитектурни споменици од национално значење, каде е заведена под број 1327 (одлука од 30 август 1960 година) година).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди