Трпе Блажевски (Скопско)

(Пренасочено од Трпе Блажевски)

За Трпе Блажевски од Леуново, прочитајте на следната страница.

Трпе Јованов Блажевски ( 1923 во Говедарево, Скопско12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство. Есента 1944 година вооружени балистички банди навлегле во неговото село. Истовремено на тој терен пристигнала и Дванаесеттата македонска ударна бригада која ги потиснала балистите. Им се приклучил на соселаните во помагањето на бригадата. Учествувал во собирање храна, облека и друг материјал за бригадата. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во акциите за разоружување и ликвидирање на преостанатите балистички банди на Косово. Потоа заминал во Срем, каде со успех завршил воена настава во ракување со новото оружје кое пристигнало во бригадата. Загинал на 12 април 1945 година во големата офанзива на Првата Југословенска Армија кај Шид.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 33. На |first= му недостасува |last= (help)