Рита (ураган)

атлантски ураган

Рита е седумнаесеттата тропска бура, деветти ураган, петти најголем ураган досега и втор ураган од петта категорија во Атлантската сезона на урагани во 2005 година. Тоа е најсилниот ураган кој било кога навлегол во Мексиканскиот Залив. Неговите ветрови откако достигнаа брзина од 280 километри на час удрија во копното на државите Тексас и Луизијана. На 24 септември 2005 ураганот почна да ја губи силата. Ветровите успорија на 190 км на час со што Рита падна во третата категорија.

Ураганот Рита со максимален интензитет на 22 септември, 2005 година

Како урагани се означуваат тропските циклони во северниот дел од Атлантскиот Океан и северниот Тихи Океан чии ветрови ја надминуваат брзината од 33 метри во секунда или 117 км. на час. Тропските циклони пустошат и по северозападниот и јужниот Тихи Океан, но тука се нарекуваат тајфуни.Тајфунот е локално име за тропски циклон кое се користи во источна и југоисточна Азија.Во тајфуните се појавува т.н. око на циклонот во кое владее тотален мир,не врни дожд и не дува ветер.Местото кое се наоѓа во центарот на окото на циклонот останува мирно околу 1 час.Тајфуните најчесто се појавуваат во летно време,а исто така и на есен.Ветровите во внатрешноста на тајфунот можат да достигнат огромна брзина,дури до 300 км/ч.Тајфуните со себе носат обемни врнежи и можат да предизвикаат огромни штети.