„Три летни дена“ (српски: Три летња дана) — филм на режисерката Мирјана Вукомановиќ од 1997 година. Главните улоги ги играат: Славко Штимац, Срѓан Тодоровиќ, Мирјана Јоковиќ и Милена Дравиќ.[1]

Синопсис

уреди

Филмот претставува трагикомична приказна за двајца поранешни борци од Босна и од Хрватска, кои по војните и распадот на Југославија преживуваат во Белград, работејќи слабо платени работи и снаоѓајќи се на разни начини. Исто така, филмот претставува слика на распадот на општеството во кое некогашните примерни граѓани од средната класа станале бездомници, криминалците стекнуваат истакната положба во општеството, а младинките стануваат наркоманки и проститутки.

Наводи

уреди