Три дена пред пролет (филм од 2017)
Три дена пред пролет (руски: Три дня до весны) - руски филм од 2017 година во режија на Александар Касаткин, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Кирил Плетнов, Елена Лотова и Евгениј Сидихин.
Синопсис
уредиДејството на филмот се одвива во Ленинград, во февруари 1942 година, првата зима по блокадата на градот. Германските авиони постојано го бомбардираат градот и една бомба го погодува медицинскиот институт каде се чуваат смртоносни вируси. Поради тоа, Ленинград се соочува со опасност од зараза. Офицерот за државна безбедност Андреев (го игра Плетнов) и младата докторка Олга (ја игра Лотова) имаат само три дена пред започнувањето на пролетта и затоплувањето на времето за да ја спречат биолошката катастрофа.[1]
Наводи
уреди- ↑ Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.