Тритау (германски: Trittau) — општина во округот Штормарн, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на 30 километри источно од Хамбург. Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Тритау
Воденица во Тритау
Воденица во Тритау
Воденица во Тритау
Грб на Тритау
Тритау во рамките на Германија
Тритау
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Штормарн
Месна заед. Тритау
Градоначалник Валтер Нусел
Основни податоци
Површина 28,59 км2
Надм. височина 36 м
Население 8.983 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 314 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OD
Пошт. бр. 22946
Повик. бр. 04154
Портал www.trittau.de
Местоположба на Тритау во рамките на округот Штормарн
Карта
Карта
Координати 53°37′0″N 10°24′0″E / 53.61667° СГШ; 10.40000° ИГД / 53.61667; 10.40000

Географија уреди

Тритау се наоѓа близу шумата Ханхајде. Реки во близина на Тритау се Ауе и Биле.

Историја уреди

Селото Тритау потекнува од XII век. Било првпат споменато во 1239 година. Во тие времиња се наоѓало во близина на трговските патишта помеѓу Хамбург и Либек.

Тогаш, селото се делело на два дела, едниот составен од Сасите (Грос-Тритау), а другиот од Вагрите (Клајн-Тритау). Во 1326 година бил изграден замок за одбрана на областа и трговските патишта против витезите Скарпенберг од соседниот замок Линау.

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди