Тренко Билбилов Тасески ( 1909 во Бигор Доленци, Кичевско1944 во Дебар) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По занимање бил земјоделец. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во летото 1943 година во Групата баталјони, а подоцна станал борец на Првата македонско-косовска бригада. Со бригадата заминал во Егејска Македонија каде учествувал во познатиот Богомилски поход. Загинал во борбите за конечното ослободување на Дебар во есента 1944 година.[1]

Една улица во градот Кичево е именувана со неговото име.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 133.
  2. „Улица "Тренко Тасески".[мртва врска]