Трајче Танески
Трајче Крстев Танески ( 1918 во Карбуница, Кичевско — 1943 во Ресенско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Трајче Танески | ||
Роден | 1918 година Карбуница, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | декември, 1943 година Ресенско, Македонија под фашистичка окупација. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Во пролетта 1943 година бил мобилизиран од италијанската војска. По капитулацијата на Италија, се вратил назад и по кусо претстојување дома, стапил во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата тргнал во познатиот Февруарски поход, но во декември 1943 година, на територијата на Ресенска општина заостанал од бригадата, бил фатен од бугарските војници и по долги малтретирања бил стрелан.[1]