Трајче Грујоски (19 август 1921 во Раково, Егејска Македонија, Грција17 јули 2016 во Скопје, Македонија) — општествено-политички деец, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и универзитетски професор.[1]

Трајче Грујоски
Роден 19 август 1921
Раково, Грција
Починал 17 јули 2016(2016-07-17) (возр. 94)
Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Роден е на 19 август 1921 година во село Раково, Леринско, Грција. Основно и средно образование завршил во Битола. Бил член на СКОЈ од 1938 година, а од 1940 и на Комунистичката партија на Југославија. Еден е од организаторите и првоборците на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 до 1945 година (носител е на „Партизанска споменица 1941“), а во 1942 година бугарскиот фашистички суд го осудил – во отсуство – на 15 години строг затвор.[1] Бил борец на Битолскиот НОПО „Јане Сандански“ во 1942, инструктор на Леринскиот НОПО „Вичо“, политички комесар на чета во Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“ во 1943, член на Вториот областен комитет на КПМ во 1943 и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ.[1][2][3]

По Ослободувањето дипломирал на Правно-економски факултет во Скопје, а потоа се здобил со титула доктор на науки. Бил редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на битолскиот „Св. Климент Охридски“. Автор е на повеќе дела од општествено-економскиот и политичкиот систем.[1]

Бил на повеќе високи државни и политички функции: министер во Владата на СФРЈ, потпретседател на Извршниот совет (владата) на СР Македонија, делегат во Собранието на СФРЈ, судија во Уставниот суд на Македонија,[3] потпретседател на Собранието на СРМ,[3] член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, претседател на првиот Управен одбор на Радио Скопје и на МРТВ, претседател на Издавачкиот совет на НИП „Нова Македонија“. Починал на 17 јули 2016, во Скопје.[1]

Библиографија

уреди
  • „Битола - дејство на основните фактори врз општествено-економскиот развиток“ (Битола, 1971 г.);
  • „Делегатскиот систем како облик на социјалистичката демократија“ (1981, Скопје);
  • „Општествениот, економски и политички систем на СФРЈ“;
  • „Економика и комуна“;
  • „Битола на мојата младост“ (Битола, 1987);
  • „Времиња, луѓе...“ (2004, Скопје,);
  • „Распадот на поранешна СФРЈ“ (2003, Скопје).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Андоновска, Ленче (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 60. ISBN 978-9989-2783-0-3. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 136. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 79. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

уреди