Трајко Ангеловски
Трајко Стојменов Ангеловски ( 1920 во Доница, Кривопаланечко — 10 декември 1944 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Во потрага за подобар живот се преселил во Мршевци, Скопско. На 20 август 1944 година стапил во Осумнаесеттата македонска ударна бригада. Со истата учествувал во завршните операции, што многубројните бригади на НОВ и ПОЈ ги воделе ширум Македонија. Иако ја дочекал слободата, храбро загинал во една борба против балистичките банди, на 10 декември 1944 година, точно два месеци по загинувањето на неговиот помлад брат Владо Ангеловски.[1]