Владо Ангеловски
Владо Стојменов Ангеловски ( 1930 во Доница, Кривопаланечко — 10 октомври 1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште, работел како земјоделец во Мршевци. Иако воените виори го затекнале како четиринаесетгодишно дете, се приклучил на партизаните. Понесен од врвна љубов кон слободата зел активно учество во оружените акции против германските единици, вршејќи ги со голем успех бројни извидувања. Во секоја од тие, главно ноќни акции, успевал да прибира драгоцени податоци за местоположбата на фашистичките позиции, бројната состојба на непријатлските единици, видот на нивното вооружување, правецот на нивното движење и слично. Снаодливоста, одлучноста и невидената храброст придонеле да стане најсакан меѓу сите во единицата на која и припаѓал. На 10 октомври 1944 година при извршување на една извидувачка акција, нагазил на мина вешто поставена од непријателите и загинал.[1]