Тортиља
Тортиља — мало, тркалезно и тенко лепче од пченкарно или пченично брашно.[1] Вообичаено тестото за тортилјите се прави без квасец.
Вид | леб |
---|---|
Место на потекло | Мезоамерика |
Главни состојки | брашно |
Првично ја правеле домородците на Мезоамерика.
Потекло на поимот
уредиНа шпански јазик, „тортиља“ значи „мало лепче“.
Видови
уредиПченкарна тортиља
уредиТортилјите направени од пченка се најстариот вид тортилји и се многу популарни во Мексико и Средна Америка.
Пченична тортиља
уредиПченица не била одгледувана во Америка пред доаѓањето на Европејците, но денес од нејзиното брашно најчесто се спремаат тортилјите. Пченичните тортилји вообичаено содржат сало и сол, а другата подготовка и готвење е идентично со пченкарните тортилји. Пченичните тортилји се користат за бурита, такоа и други текс-мекс јадења, особено за оние кои се јадат со раце, бидејќи пченичните тортилји подобро го чуваат филот од пченкарните тортилји.