Бурито[1] – традиционално мексиканско јадење.[2][3] Буритото се состои од тортиља од пченично брашно полнета со прилози.[4] Вообичаено тортиљата полека се пече на жар или се вари на пареа, да омекне и да може да се витка. Во Мексико најчести прилози се месо и грав, а понекогаш нема други прилози.

Бурито
Бурито со мал сад со сос
ВидВрап
Дел од оброкотпојадок, ручек и вечера
Место на потеклоМексико
Температура на послужувањетопло или на собна температура
Главни состојкипченична тортиља, месо и грав или кашест грав
Вообичаени состојкисирење, ориз, салата, гвакамоле, салса, павлака (во САД, домати)

Во Соединетите Американски Држави, буритото вообичаено вклучува комбинација од состојки како што се: ориз на мексикански начин (со домат, лук и сл.) или обичен ориз, грав или кашест грав, зелена салата, салса, гвакамоле (сос од авокадо), месо, сирење и павлака, а количината варира. Типичното бурито во американски стил се полни со повеќе состојки од она во мексикански стил.

Историја

уреди

Пред развојот на модерното бурито, мезоамериканските народи на Мексико користеле пченкарни тортиљи 10.000 години пр.н.е. за да ја замотаат храната, со полнење од чили пиперки, домати, печурки, тиквички и авокадо. Историски гледано, народите Пуебло на југозапад на САД исто така правеле тортиљи полнети со грав и месо и ги спремале како модерниот бурито. Меѓутоа, ваквиот начин на спремање може да биде потекло на поедноставен тако, а не модерен бурито.

Буритото како тема во популарната култура

уреди
  • „Браќата Летачко бурито“ (The Flying Burrito Bros) - американска кантри група.
  • „Жешко бурито бр. 1“ (Hot Burrito #1) - песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.[5]
  • „Жешко бурито бр. 2“ (Hot Burrito #2) - песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.[5]

Наводи

уреди
  1. Bayless, Rick; Bayless, Deann Groen; Hirsheimer, Christopher (2007). Authentic Mexican: Regional Cooking from the Heart of Mexico. HarperCollins. стр. 197. ISBN 978-0-06-137326-8.
  2. Ramos y Duarte, Féliz (1895). Diccionario de Mejicanismos. Imprenta de Eduardo Dublan. стр. 98.
    Pilcher, Jeffrey M. Taco: A Global History of Mexican Food (2012). Planet. Oxford University Press. стр. 46–47. ISBN 978-0-19-991158-5.
    Arreola, Daniel D. South Texas: A Mexican American Cultural Province (2010). Tejano. University of Texas Press. стр. 174–175. ISBN 978-0-292-79314-9.
    Miers, Thomasina (2012). Wahaca - Mexican Food at Home. Hodder & Stoughton. стр. 74–75. ISBN 978-1-4447-5692-0.
  3. Anand, Karen (2005). International Cooking With Karen Anand. Popular Prakashan. стр. 28. ISBN 9788171549085.
    Prandoni, Anna; Zago, Fabio (2013). Los Sabores de la Cocina Tex-Mex (шпански). Parkstone International. ISBN 9788431555009.
    Armendariz Sanz, Jose Luis. Gastronomía y nutrición (шпански). Ediciones Paraninfo, S.A. стр. 86. ISBN 9788497324403.
  4. Griffith, Dotty (2018). The Ultimate Tortilla Press Cookbook: 125 Recipes for All Kinds of Make-Your-Own Tortillas--and for Burritos, Enchiladas, Tacos, and More. Harvard Common Press. стр. 140. ISBN 978-0-7603-5488-9.
    Morton, Paula E. A Cultural History (2014). Tortillas:. UNM Press. стр. 117. ISBN 978-0-8263-5215-6.
    Sparks, Pat; Swanson, Barbara (1993). Tortillas!: 75 Quick and Easy Ways to Turn Simple Tortillas Into Healthy Snacks and Mealtime Feasts. St. Martin's Press. стр. 100. ISBN 978-0-312-08912-2.
  5. 5,0 5,1 DISCOGS, The Flying Burrito Bros ‎– The Gilded Palace Of Sin (пристапено на 21 февруари 2020)

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди