Топлица (река во Мегленско)
Топлица[1] или Колова Река[1] (грчки: Τόπλιτσα, Топлица,[2] Ρέμα Νικολάου, Рема Николау,[2] Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос[3][4]) — река во Мегленско, Егејска Македонија.[1][2]
Топлица Τόπλιτσα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Мегленско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Ниџе, граница со Р. Македонија |
• координати | 40°58′51″N 21°49′40″E / 40.9807° СГШ; 21.8277° ИГД |
Устие | |
• место | Козјак кај С’ботско |
• координати | 40°58′35″N 22°04′08″E / 40.9764° СГШ; 22.0689° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение
уредиРеката извира под името Рамноборска Река[5] (Ράμνο Μπορ)[2] јужно под врвот Креминак и западно под Бела Грота (2.366 м) во југоисточниот дел на планината Ниџе.[1] Тече на исток. Ги прима притоките Конопица и Лута, и под името Колова Река навлегува југоисточно во Пожарската Клисура.[1] Во неа реката се спушта змиулесто, паѓа од мали водопади и водата има тиркизна боја. Кон излезот од клисурата, на надморска висина од 360–390 н извираат топли извори кои достигнуваат температура од 37 °C. Се работи за дождовница која тоне длабоко во земјата, каде температурата силно ѝ се зголемува и се враќа на површината веќе богата со минерали.[2] Овие извори ѝ го даваат името Топлица.
Реката излегува од планината по Пожарските Бањи и навлегува во котлината Меглен. Минува јужно од Пожарско. Тече на исток. Проаѓа помеѓу некогашното село Ени Мааала од север и селото Биџова Маала од југ, па потоа свртува на североисток. Ја прима големата лева притока Црна и повторно свртува на исток. Минува северно од градот С’ботско, каде ја прима големата лева притока Сушица и на крајот се влева во реката Козјак источно од градот.[1]
Притоки
уреди→ лева, ← десна
- ← Дерба
- ← Паеновица
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Φαράγγι Πόζαρ“. Natura Graeca. Посетено на 23 мај 2024.
- ↑ „Λαογραφικό Μουσείο“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 24 април 2018. Посетено на 21 април 2018.
- ↑ „Μουσείο Φυσικής Ιστορίας“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 24 април 2018. Посетено на 24 април 2018.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Édhessa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)