Пожарска Клисура

клисура во Мегленско, Егејска Македонија

Пожарска Клисура (грчки: Φαράγγι Πόζαρ) — впечатлива клисура во Мегленско, Егејска Македонија.[1]

Пожарска Клисура
Φαράγγι Πόζαρ
Реката Топлица во клисурата
Геологија
Видклисура
Географија
МестоположбаМегленско, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
Координати40°58′50″N 21°53′36″E / 40.9805° СГШ; 21.8934° ИГД / 40.9805; 21.8934
РекаТоплица
Карта

Опис

уреди

Клисурата се наоѓа на реката Топлица или Колова Река (Рема Николау) во северозападниот дел на Мелгленско. Топлица се образува од потоците Рамни Бор, Конопица и Лута во југоисточниот дел на планината Ниџе. Реката се спушта змиулесто, паѓа од мали водопади и водата има тиркизна боја. Клисурата има стрмни падини и обрасната е со густа борова шума. Во карпите околу излезот од клисурата има многу пештери со траги од праисториско живеење — пештерскиот комплекс го носи името Мегленски пештерски парк. Кон излезот на надморска висина од 360–390 м извираат топли извори со вода која достигнува температура од 37 °C. Се работи за дождовница која тоне длабоко во земјата, каде температурата силно ѝ се зголемува и се враќа на површината веќе богата со минерали. Тука се изградени Пожарските минерални бањи.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Φαράγγι Πόζαρ“. Natura Graeca. Посетено на 23 мај 2024 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски

уреди