Том Дејли
Томас Роберт "Том" Дејли (англиски: Thomas Robert "Tom" Daley; Плимут, 21 мај 1994) е елитен британски нуркач во вода. Неговата специјалност главно е да скока од кула на висина од 10 метри, најчесто во поединечна конкуренција.
Почнал да тренира кога имал седум години во локален скокачки клуб во Плимут, а на 9-годишна возраст започнал сериозно да се натпреварува на националните турнири. На 14-годишна возраст, Дејли во 2008 година ја освоил титулата Национален шампион на Велика Британија во скокање од кула, со што станал најмладиот скокач што го постигнал тој резултат во Велика Британија. Учествувал на Летните олимписки игри во 2008 година во Пекинг, каде што бил најмладиот член на британскиот олимписки тим. Уште следната година на Светскиот куп во Рим, тој ја освоил светската титула во истата дисциплина.
Тој го освоил својот прв олимписки медал на ЛОИ во 2012 година во Лондон, каде што го освоил третото место во поединечни скокови од кулата.[1] Четири години подоцна, на Игрите во 2016 година во Рио го освоил бронзениот медал заедно со Даниел Гудфел во синхронизирани скокови од кулата .
На светско првенство во 2015 година во рускиот Казањ, тој освоил два медала, златен во тимска конкуренција (заедно со Ребека Галантри ) и бронзен во поединечни скокови од кулата. Две години подоцна, на светското првенство во Будимпешта, каде што го освоил златниот медал во скокови од кулите, заедно со Грејс Рид и среброто во заеднички скокови од даска.
Поврзано
уреди- Скокање во вода
- Скок на вода Светскиот куп 2015 година
- Ребека Галантри
Наводи
уреди- ↑ Duncan White (12 August 2012). „Tom Daley wins Olympic diving bronze as USA's David Boudia takes 10m platform gold“. The Daily Telegraph. London: Telegraph Media Group Limited. Архивирано од изворникот на 14 August 2012. Посетено на 16 August 2012.