Тит Лабиен (околу 100 - 17 март 45 п.н.е.) бил професионален римски војник во доцната Римска Република. Тој служел како трибун на народот во 63 година п.н.е. Иако бил запамтен како еден од поручниците на Јулиј Цезар во Галија, кој често се спомнувал во извештаите за неговите воени походи, Лабиен избрал да се спротивстави на Цезар за време на ѓраѓанската војна и бил убиен во Битката кај Мунда. Тој бил татко на Квинт Лабиен .

Тит Лабиен
Роден(а)отприлика 100 г п.н.е.
Починал(а)17 март 45 г. п.н.е. (отприлика 55 г. стар)
Битката кај Мунда
НационалностРимјанин
ЗанимањеВојник и политичар
ДецаКвинт Лабиен

Животопис

уреди

Рана кариера

уреди

Според што тој бил претор во 60 или 59 година п.н.е., Тит Лабиен најверојатно е роден околу 100 п.н.е.[1] Многу извори сугерираат дека тој дошол од градот Цингулум во Пиценум . Неговото семејство било од висок статус. Тој најверојатно имал рани врски со Помпеј од времето кога бил патрон на Пиценум. Неговата рана служба била отприлика од 78–75 г.п.н.е. во Киликија под водство на Публиј Сервилиј Ватија Исаурик, кој се борел против пиратите и Исаврајвските племиња.[2]

Трибун на народот, Судење на Гај Рабириј

уреди

Во 63 година п.н.е., Тит Лабиен бил трибун на народот со блиски врски со Помпеј. Гај Јулиј Цезар исто така тесно соработувал со Помпеј и затоа и со Лабиен повремено соработувале. Со овие интеракции развило пријателство помеѓу Лабиен и Цезар.

На иницијатива на Цезар, Лабиен го обвинил Гај Рабириј за велепредавство, за убиството на трибун Луциј Апулеиј Сатурниј и на неговиот чичко Тит Лабиен во 100 година п.н.е. Целта на ова судење било да се дискредитира такасинаречениот senatus consultum ultimum, итна мерка на сенатот, најчесто користена против народните собранија и римските собранија. Постапката го заобиколило нормалното кривично право и Рабириј би бил осуден без одбрана. Бидејќи трибуните не смееле да се критикуваат (сакросанкт), се сметало за дело против боговите ако се убие трибун. Така, казната за виновникот се сметала како смирување со боговите. Убиството се сметало за толку несвето што вообичаеното кривично судење не се сметало за потребно и било потребно итно чистење за да се избегне гневот на боговите.

Рабириј апелирал до Централното собрание и Цицерон зборувал во негова одбрана. Сепак, пред собранието да може да гласа, Метел Целер ги искористил своите овластувања како авгур. Ова го одложило судењето. На крајот, Рабириј бил осуден на прогонство, бидејќи не бил во можност да плати огромна парична казна.[3]

Во истата година Лабиен спроведол реферндум, враќајќи ги изборите на Понтификатите на народот. Ова индиректно му го обезбедил на Цезар достоинството на Понтифекс Максимус, со поддршка на Лабиен (Dio Casius xxxvii. 37).

Лабиен, сепак, повеќе се занимавал со војување наместо политика и првенствено ја користел својата канцеларија за да си обезбеди позиции на висока воена команда. По неговиот мандат како трибун, Лабиен служел како легат на Цезар во Галија.

Поручник под Цезар во Галија

уреди

Лабиен дејствувал како постар легат на Цезар (втор командант) за време на неговата кампања во Галија и бил единствениот легат споменат по име во пишувањата на Цезар за неговата прва кампања.[4] Тој бил вешт командант на коњаницата се смета за воен генијалец.

Лабиен командувал со зимските кампови во Безансон во 58 година п.н.е. Тој, исто така, имал целосна команда со легиите во Галија за време на отсуството на Цезар, како негов втор во команда.[5] Тој ја имал оваа привилегија кога Цезар ја делел правдата во Кисалпска Галија, како и за време на втората кампања на Цезар во Велика Британија (во 54 година п.н.е.).[6]

Во 57 година п.н.е., за време на белгиската кампања, во битката против Атребатите и Нервиите кај Сабис, Лабиен, командувајќи со 9-та и 10-та легија, ги победил спротивставените сили на Атребатите и продолжил со заземање на непријателскиот камп.[7] Оттаму ја испратил 10-та легија против задниот дел од линијата на Нервиите, додека тие биле ангажирани со останатата војска на Цезар и така ја добил битката обезбедувајќи му ја победата на Цезар.[8]

Му се припишува и на Лабиен поразот на Тревирите под водство на Индутиомарус. Лабиен поминал денови со својата армија утврдена во нивниот камп, додека Индутиомарус го напаѓал секој ден во обид да ги заплаши и деморализира. Лабиен чекал за точниот момент кога Индутиомарус и неговите сили се враќале кон нивниот логор, за да испрати своја коњаница низ портите. Тој им дал наредби прво да го убијат Индутиомарус, а потоа и неговите заостанати сили при нивното враќање. Војниците на Лабиен биле успешни и со смртта на нивниот водач, војската на Тревирите распаднала.[9] Подоцна силите на Тревирите се прегрупирале под роднините на Индутиомарус и тргнале кон Лабиенус, поставувајќи логор од другата страна на реката од неговите легии, чекајќи засилувања од Германците. Лабиен ги измамил дека се повлекувал, со што ги примамил да ја преминат реката, по што се свртел и ги нападнал. Бидејќи биле во таква неповолна позиција, силите на Тревирите повторно распаднале. Откако го слушнале ова, германските помошни сили се повлекле.[10]

Победата на Лабиен врз Парисиите со Битката кај Лутеција е уште еден пример на неговата тактичка генијалност. Испраќајќи пет кохорти назад кон Агединукум, и самиот преминувајќи ја реката Секуана со три легии, тој го измамил непријателот да помисли дека ја поделил војската и ја преминувал реката на три места.[11] Непријателската војска се поделила на третини и го следеле Лабиен. Главните сили се сретнале со Лабиен, кои биле опкружени од останатите негови легии. Потоа ги урнал помошните сили со својата коњаница.[12]

Во септември, 51 година п.н.е., Цезар го направил Лабиенус гувернер на Кисалпска Галија.[13]

Дефекција од Цезар, команда под Помпеј во Граѓанска војна

уреди

Откако Цезар ја преминал реката Рубикон, Лабиен ја напуштил својата функицја во Кисалпска Галија и се приклучил на Помпеј.[14] Тој бил добредојден од страната на Помпеј, носејќи со себе неколку галски и германски коњаници. Тој исто така донел отчет за воената моќ на Цезар.[15]

Помпеј го назначил Лабиен командант на коњаницата (magister equitum). Лабиен се обидол да го убеди Помпеј да се соочи со Цезар во Италија и да не се повлече до Хиспанија за да се прегрупира, инсистирајќи на тоа дека војската на Цезар е слаба и ослабена по неговиот поход во Галија.[16]

Но, лошата среќа на Лабиен под водство на Помпеј била подеднакво голема како и неговиот успех под Цезар. Од поразот во Битката кај Фарсала, каде што командувал со коњаницата, тој побегнал до Крф, а откако слушнал за смртта на Помпеј, продолжил кон Африка. Тој им создал доверба на следбениците на Помпеј, лажејќи ги дека Цезар добил смртоносна рана во Битката кај Фарсала.[17] Тој успеал да го стави Цезар во лоша ситуација во Битката кај Руспина во 46 п.н.е.[18] Подредувајќи ги своите трупи во густи формации, тој го измамил Цезар да помисли дека има само пешадија и успеал да ја истера коњаницата на Цезар и да ја опколи неговата војска. Сепак, Лабиен не бил во можност да ги победи силите на Цезар и бил принуден да го напушти теренот. По поразот во Битката кај Тапсус, тој се придружил на помладиот Гнеј Помпеј во Хиспанија .

Наводи

уреди
  1. Tyrrell(3)
  2. Tyrrell(4)
  3. Tyrrell (9)
  4. Tyrrell(19)
  5. Dio(41.4.3)
  6. Bellum Gallicum(5.8)
  7. BG(2.23)
  8. BG(2.26)
  9. BG(5.57)
  10. BG(6.8)
  11. BG(7.61)
  12. BG(7.62)
  13. BG(8.52)
  14. M. Tullius Cicero (Fam, 16.12)
  15. John Leach, Pompey the Great, p. 176.
  16. Tyrrell (31)
  17. Sextus Julius Frontinius: Stratagems Book II
  18. Bellum Africum Book 41

Користена литература

уреди
  • Cicero, Epistulae ad Familiares
  • Caesar’s Bellum Africum
  • Caesar’s Bellum Civile
  • Caesar’s Bellum Gallicum
  • Cassius Dio’s Roman History
  • Sextus Julius Frontinus:
  • Tyrrell, William B. Biography of Titus Labienus, Caesar's Lieutenant in Gaul. Diss. Michigan State Univ., 1970. 10 May 2007 <http://www.msu.edu/~tyrrell/Labienus.pdf >.