Тики шолја

(Пренасочено од Тики шоља)

Тики шолја е керамички сад за пиење, настанал во педестите години на дваесеттиот век за потреби на тики барови и тропските тематски ресторани. Ги измислил Дон Бичкомбер, кој исто така имал уддел во модернизрање на Коктелски чадори. На ваквите шољи, кои се најчесто во обликот на полинежанскиот идол, можат да бидат претставени гравири и останати симболи и теми од животот на жителите на Полинезија, Микронезија и Меланезија. Во најопштиот случај присутен е тропскиот мотив – плажи, вахини („хавајски девојки“), сурфање, море и др. .[1]

Тики шолја изглед на идол
Класичн барски тики шољи

На почетокот овој сад бил создаден како карактеристично и маркетиншко дело на тики култура.та Во шеесттите години на дваесеттиот век компании и други производители на керамика се заинтересирале и за Тики шољи и така ги пласирале на пазарот. Најпознати биле безбојните примероци, т.н калапи, кои хобистите можат да ги украсуваат и осликуваат по желба. Во осумдесеттите и деведесеттите, продавниците како „сè за долар“ се преплавени со ваквите артикли. Тоа било дел на обновата на интересирање за „рајски одредишта“ и нивната култура.[2]

Иако после тоа, употребата на Тики шолјата беше мртва, а хобистите и уметниците чиј интерес за керамиката продолжи со домашното производство на нивните сопствени примероци, но во мал број. Со истата работа се занимава и поединачни тропски тематаски ресторани, за чии потреби овие шољи се прават. Тие служат како украси сувенири, но ретко за пиење на пијалаци. Уметникот познат под името Боско е еден од најистакнатите производители на Тики шолја на мало. Заедно со другите уметници, тој основал работилница Мантики . Во современиот свет, уште постои одреден број на тики ревивализам, кој „со секој нов производ ги поместува границите“..[3]

Собирачите и производителите на тики шољи ги делат овие садови на поголем број на видови и стилови, помеѓу кои се следниве: идол, кофа, кокос, декантер, фу манчу, хед хантер, вахина (исто таках хула девојка), моаи, хавајски ку (исто така лоно), маори, маркезан, раротонган, оријенталија, ананас, пирати, буре рума, скорпион, череп, мајмун, сурфер, вулкан, шот (чашичка), стакленик. Присутни се и многу други стилови, а разлика на секој е по начинот на украсувањето, како и во самиот облик на фигурата. Најчест е оној на полинежански (тики) идоли. .[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Kirsten, Sven (2003). The Book of Tiki. Taschen. ISBN 978-3-8228-2433-7.
  2. Carter, Duke (2003). Tiki Quest. Pegboard Press. ISBN 978-0-9743283-0-0.
  3. Teitelbaum, James (2003). Tiki Road Trip. Santa Monica Press. ISBN 978-1595800190.
  4. „Soused Pacific: Terrific Ceramic Tiki Mugs“. WebUrbanist. Посетено на 2 септември 2013.

Надвотешни врски

уреди

Литература

уреди