Тејлор Хил (модел)

Тејлор Мари Хил (родена на 5 март 1996 година) е американски модел. Тејлор е поранешен ангел на Викторија Сикрет. Таа се појавувала на годишната модна изложба на брендот од 2014 до 2018 година. Американскиот модел исто така има работено со други познати брендови како Ралф Лорен, Мајкл Корс и Каролина Ерера. Хил, исто така, се појавила во списанија како Вог, Ел и Харперс Базар.

Биографја

уреди

Хил е родена во Палатин, Илиноис, а израсната во Арвада, Колорадо.[1] Почнувајќи од рана возраст, таа била гимнастичарка, пред да стане модел. Има еден брат и две сестри. Нејзините сестри се Логан Реј и Мекинли а нејзиниот брат е Чејс. Мекинли и Чејс се исто така модели. Дипломирала во средното училиште Помона во Арвада на 16-годишна возраст.[2]

Кариера

уреди
 
Хил во 2015 година

Хил била откриена во 2011 година на нејзина 14-годишна возраст од страна на агентот за таленти Џим Џордан[3]на ранчот во Гранби, Колорадо каде Тејлор и нејзиното семејство јавале коњи.[4] Хил била фотографирана од страна на Џордан кој потоа ги купил сликите, обезбедувајќи ѝ договори со голем број агенции за моделирање.[5]

Својата манекенска кариера ја започнала во 2013 година кога била прикажана на каталогот на Интимисими. Тејлор била во печатени кампањи за Форевер 21.[6]

Во 2014 година, Хил била модел за H&M[7] и за прв пат одела на модната ревија на Викторија Сикрет каде била најмладиот модел во нивната ротација на возраст од 18 години.[8][9] Таа година станала заштитно лице на Роза Ча.

Тејлор Хил била избрана за „Најперспективен модел во 2015 година“ од страна на читателите на Коутуреск.[10] Хил, во 2015 година, била домаќин на настан за Викторија Сикрет ПИНК.[11] Исто така во 2015 година станала ангел на Викторија Сикрет.[12] Го рекламирала Версус Версаче. Во август 2015 година, ја освоила наградата „Модел на годината“ во социјалните медиуми на Фешн Медиа Награди.[13]

Во 2016 година, Хил глумела манекенка во филмот „Неонскиот демон“ и го имала своето деби на 17-то место на листата на Форбс „Модели кои заработуваат најдобро во светот“, со проценета заработка од 4 милиони долари во период на 2015 и 2016 година. Хил во 2016 била именувана за ново лице на францускиот бренд за убавина Ланком.[14]

Се појавува во едиторијали за американски, британски, француски, шпански, јапонски, арапски, мексикански и турски Вог, Харперс Базар, француски, холандски и австралиски Ел," W" Мадам Фигаро, Дејзд, ЛОВЕ, V, руски Нумеро, Поп магазин, Британски, шпански, турски, италијански Космополитен, списание Рус, Грација, Гламур и италијанскиот Мари Клер .

Во 2016 година нејзиното име достигнало 9-то место со 3,6 милиони следбеници на листата „Најследени модели“ на Харперс Базар. На социјалната мрежа Инстаграм имала 24 милиони следбеници, заклучно со декември 2023 година.

Хил работела во кампањи и фотосесии. Учествувала на модни ревии за дизајнерите на висока мода Версаче, Валентино, Шанел, Армани, Москино, Долче и Габана, Брендон Максвел, Балмен, Живанши, Томи Хилфигер, Фенди, H&M, Ралф Лорен, Кензо, Ланвинанг, ДКНУ, Марк Џејкобс, Миу Миу, Мајкл Корс и Ботега Венета за време на модните недели во Њујорк, Милано и Париз. Хил била заштитно лице за рекламите на Џими Чу од Крег МекДин, Мајкл Корс од Марио Тестино, Топшоп од Џампаоло Сгура, Дејвид Јурман на Брус Вебер и Џоус Џинс од Марио Соренти во период на 2016 и 2018 година.

Личен живот

уреди

Во јуни 2021 година, Хил објавила дека е свршена со приватниот инвеститор на капитал Даниел Фрајер.[15] Парот се венчал во Винтер Парк, Колорадо, во јуни 2023 година.[16]

Филмографија

уреди
Филмски и телевизиски улоги
година Наслов Улога Белешки
2016 година Неонскиот демон Флертувачки модел #1 Филм
Модниот фонд Самата Епизода: „Огласен победникот“
2019 година Премногу стар за да умре млад Дона Епизода: „Том 1: Ѓаволот“
2020 година Галеријата „Скршени срца“. Тејлор Филм
2021 година Запознавање и Њујорк Оливија Филм
Добро на хартија Шантерела Стриминг филм
2022 година Вавилон Ребека Филм

Наводи

уреди
  1. Liana Satenstein (December 1, 2014). „Meet 7 New Faces of the Victoria's Secret Fashion Show“. Архивирано од изворникот на July 7, 2015. Посетено на July 11, 2015.
  2. „Taylor Hill Is The Youngest Victoria's Secret Model And 'The One To Watch'. Inquisitr. May 9, 2015. Архивирано од изворникот на July 12, 2015. Посетено на July 11, 2015.
  3. Wiseman, Ellie (24 April 2020). „Absolutely Everything You Could Ever Want To Know About Taylor Hill“ (Online). Grazia. Peterborough, Cambridgeshire: Bauer Media Group. Посетено на 14 April 2021.
  4. Chanel Adams (May 9, 2015). „Taylor Hill Is The Youngest Victoria's Secret Model And 'The One To Watch'. Inquisitr. Архивирано од изворникот на May 15, 2015. Посетено на May 18, 2015.
  5. Rice, Lilyanne (22 July 2019). „The Untold Truth Of Taylor Hill“. StylesRant. Посетено на 14 April 2021.
  6. Moti Ankari (March 15, 2015). „Meet Taylor Hill, the Young Model Who Won Fashion Week“. Bloomberg News. Архивирано од изворникот на July 12, 2015. Посетено на March 11, 2017.
  7. „Taylor Hill Models Loungewear for H&M Shoot by Hasse Nielsen“. Fashion Gone Rogue. April 1, 2014. Архивирано од изворникот на February 17, 2015. Посетено на February 17, 2015.
  8. Rodulfo, Kristina (November 17, 2017). „Your Model Cheat Sheet: The 14 Official Victoria's Secret Angels“. Архивирано од изворникот на November 20, 2017. Посетено на November 18, 2017.
  9. Mackenzie Wagner (April 28, 2015). „Exclusive! Taylor Hill on Becoming a Victoria's Secret Model—and How to Get a Bombshell Body“. Архивирано од изворникот на July 8, 2015. Посетено на July 11, 2015.
  10. Tia (February 11, 2015). „Taylor Hill is our Model of the Year“. Couturesque. Архивирано од изворникот на February 17, 2015. Посетено на February 17, 2015.
  11. Danielle Prescod (February 14, 2015). „Victoria's Secret Model Taylor Hill Shares her Foolproof Date Night Tips“. Архивирано од изворникот на February 17, 2015. Посетено на February 17, 2015.
  12. Mackenzie Wagoner (April 28, 2014). „Exclusive! Taylor Hill on Becoming a Victoria's Secret Model—and How to Get a Bombshell Body“. Архивирано од изворникот на May 1, 2015. Посетено на April 28, 2015.
  13. Carlson, Jane (August 20, 2015). „DAILY FRONT ROW FASHION AWARDS ANNOUNCE WINNERS (EXCLUSIVE)“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на October 12, 2016. Посетено на September 11, 2016.
  14. Kim, Monica (July 12, 2016).
  15. Adams, Abigail (June 26, 2021). „Victoria's Secret Model Taylor Hill Gets Engaged to Daniel Fryer: 'I'll Love You for Always'. People. Посетено на June 26, 2021.
  16. „Taylor Hill Is Married! Behind the Scenes of Her Final Wedding Dress Fitting at Etro“ (англиски). Vogue.com. June 10, 2023. Посетено на June 13, 2023.

Надворешни врски

уреди