Миланска модна недела
Миланска модна недела (италијански: Settimana della moda) — моден настан што се одржува полугодишно во Милано, Италија. Настанот за колекциите „есен/зима“ се одржува во февруари/март секоја година, а настанот за колекциите „пролет/лето“ се одржува во септември/октомври секоја година.
Миланска модна недела | |
---|---|
Глетка од Миланската модна недела во февруари 2010 година | |
Род | облека и модни изложби |
Честота | полугодишно |
Место | Милано, Италија |
Започнат | 1958 |
Основач | Национална комора за италијанска мода |
Личности | Марија Антонели, Роберто Капучи, принцезата Карачиоло Џинети, Алберто Фаџиани, Џовани Чезаре Гуиди, Џермана Маручели, Емилио Федерико Шуберт, Симонета Колона Ди Цезари, Џоле Венесиани, Франческо Борело, Џовани Батиста Џорџони и адвокатот Пјетро Паризо |
Мрежно место | http://www.cameramoda.it/en/ |
Историја и активности
уредиМодната недела во Милано e основана во 1958 година и е дел од глобалната „Големата четворка на модни недели“. Останатите модни недели се Модната недела во Париз, Модната недела во Лондон и Модната недела во Њујорк.[1][2] Прва започнува онаа во Њујорк, потоа следи Лондон, па Милано, и завршува со Париз.
Модната недела во Милано е делумно организирана од Националната комора за италијанска мода, непрофитна асоцијација која го координира и промовира развојот на италијанската мода [3] и е одговорна како домаќин на модните настани и ревии на Милано. Пртходник на оваа комора е Синдикалната комора за италијанска мода, основана на 11 јуни 1958 година.
За промоцијата на овој сектор клучна улога имаа сопствениците на најважните претпријатија во Италија, вклучително и некои приватни претпријатија кои беа присутни на тогашниот "Меморандумот за асоцијација". Тука би можеле да се споменат Роберто Капучи, Емилио Шуберт, Марија Антонели, принцезата Карачиоло Џинети и Симонета Колона Ди Касерo.
Дигитална модна недела
уредиПоради пандемијата на COVID-19, изданието на Модната недела во Милано 2020 се одржала само преку дигиталните медиуми од 14 јули до 17 јули 2020 година.[4]
Места
уредиМодната недела во Милано вклучува повеќе од 40 ревии секоја сезона и го претвора градот во туристичка атракција преку обезбедувајќи различни места за изложбите, избирајќи ги најелегантните и највлијателните палати за да како сцена за дизајн. Пример за локации на кои се одржуваат модните настани се се Палацо Реале, Палацо Сербелони и многу други.
Контроверзии
уредиВо 2014 година, организацијата Greenpeace протестираше за да бара „мода без токсични материи“ со закачување знаци на Галеријата Виторио Емануеле Втори.[5] Кјара Кампионе од Гринпис Италија притоа дава изјава дека демонстрацијата е наменета за да се побара од италијанските модни компании, особено Версаче, како компанија со највисоко ниво на опасни хемикалии во своите производи, јасно да се обврзе дека ќе ги елиминираат штетните материи од различните фази на производство.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Bradford, Julie (2014). Fashion Journalism. Routledge. стр. 129.
- ↑ Dillon, Susan (2011). The Fundamentals of Fashion Management. A&C Black. стр. 115.
- ↑ Zargani, Luisa (20 November 2013). „Giorgio Armani Joins Italian Chamber of Fashion“. WWD. Посетено на 20 November 2013.
- ↑ „Milano Fashion Week: la prima edizione digitale a luglio 2020“. vogue.it. .vogue.it. Посетено на 18 July 2020.
- ↑ Bani, Alessia (20 February 2014). „Greenpeace Activists Protest at Milan Fashion Week“. WWD. Посетено на 20 February 2014.