Фенди е светски позната италијанска модна компанија, особено, по своите торби, и крзнени и кожни производи.[1]

Отворање продавница на Фенди со Карл Лагерфелд
Божиќен уред на Фенди, 2017 година

Фенди е основана во 1925 година, како трговско друштво за крзно и кожа во Рим. Под името Фенди се подразбираат високобуџетни аксесоари за жени, мажи и деца, најчесто од крзно и кожа. Исто така Фенди нуди услуга преку глобалните мрежи. Германскиот дизајнер Карл Лагерфелд од 1965 година е главен дизајнер на женската колекција под назив Фенди.

Историја

уреди

Фенди е отоврена во 1925 година во Рим.[2] Во 1955 година, Фенди ја организира првата модна ревија за кожа и крзно. Секоја од ќерките наследила 20% од матичната компанија, и го продолжиле бизнисот: Паола станала одговорна за колекцијата од крзно, Ана за кожната опрема, Алда била одговорна за продажбата, Франка за маркетинг и односи со купувачите, и Карла за координирање на менаџментот. Карл Лагерфелд се приклучил во 1965 година како креативен директор за крзно.[3]

Фенди денес

уреди

Во 2005 година, седиштето на компанијата Фенди се преселило во Палацо Пради. Кон крајот на 2007 година, започнува да се шири и на кинескиот пазар, и тоа е првата модна компанија воопшто која на Кинескиот ѕид одржала модна ревија со 88 модели на 88 метри модна писта. Се проценува дека оваа модна ревија чинела околу 10.000 долари. Кон крајот на 2011 година имало околу 20 Фенди продавници во Народната Република Кина.

Фенди го финансира реновирањето на Фонтана ди Треви со 2,18 милиони евра, кое што се завршило кон крајот на 2015 година.[4][5] Во јули 2016 година Прада ја  претставува женската колекција напистата поставена над фонтаната Треви.

Во 2017 година, Фенди отвориле продавница во соработка со интернет платформата „Фарфеч“.[6]

Наводи

уреди
  1. „Fendi perfumes and colognes“. Fragrantica.com.
  2. Chevalier, Michel; Gerald Mazzalovo (2012). „3“. Luxury Brand Management (second. изд.). Singapore: John Wiley & Sons. стр. 53 (of 316). ISBN 978-1-118-17176-9.
  3. Bergin, Olivia (October 24, 2011). „Karl Lagerfeld to launch new, accessible line“. The Telegraph. London. Архивирано од изворникот на November 4, 2011. Посетено на October 24, 2011.
  4. „Fendi: why the fashion house is investing in Rome's patrimony“. The Week. 5 March 2018. Посетено на 27 March 2018.
  5. Roberts, Andrew (23 June 2014). „Fendi Touts Dolce Vita as Owner LVMH Relies on Brand“. Bloomberg.
  6. Rachel Arthur (29 November 2017). „Customized Luxury: Fendi Turns To Digital For Bespoke Handbag Launch“. Forbes. Посетено на 27 March 2018.

Надворешни врски

уреди