Тетовски дијалект
(Пренасочено од Тетоски дијалект)
Тетовски дијалект[1] (познат и како: долнополошки; месно познат како: тетосќи) — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Тетовскиот дијалект се зборува во тетовската околина, поточно во градот Тетово, општина Брвеница и општина Јегуновце (без селата Вратница, Беловиште, Старо Село и Рогачево кои го говорат вратничкиот дијалект). Дијалектот е сличен со горанскиот дијалект, а негова главна одлика е зачестената употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на -е како множинска наставка.[2]
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Фонолошки одлики
уреди- старото самогласно л е заменето со групите у/ лу/ ла: јаболко > јабука , солза > слăза;
- употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ;
- употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ;
- употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > пут[3]
Морфолошки одлики
уреди- употреба на наставката -мо за прво лице множина: одиме > идемо
- непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик
- согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу
- употреба на предлогот у: во град > у град[3]
Наводи
уреди- ↑ Божидар Видоевски (Дијалектите, том1, 1998: стр.149-162 Архивирано на 20 јуни 2021 г.) овој дијалект го нарекува исклучиво Тетовски (не Долнополошки).
- ↑ „Тетовскиот говор, 2020 - Тајните на ТЕТОВО“. gavro.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-23. Посетено на 2020-10-29.
- ↑ 3,0 3,1 С. Бојковска, Д. Пандев, Л. Минова-Ѓуркова, Ж. Цветковски. „Македонски јазик за средното образование“. Просветно дело. Скопје, 2001. стр. 252.