Теодорос Нацинас
Теодорос Нацинас (грчки: Θεόδωρος Νάτσινας) е грчки просветен деец, член на Елиномакедонскиот комитет учесник на грчката вооружена пропаганда во Македонија.
Теодорос Нацинас | ||
Роден | 8 јули 1872 Сачишта, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 2 февруари 1949 |
Животопис
уредиНацинас е роден 1872 година во гратчето Сачишта, тогаш во Османлиското Царство. Завршил физика и математика при Атинскиот универзитет во 1898 година. Предавал во Аргос и Спецес [1]. Во 1899 година Атинскиот универзитет го предложил Нацинас за учител во Кесарија, пред грчката влада. Во периодот меѓу 1903 - 1907 година предавал во Цариград.
Во 1907 година станал директор на грчкото училиште во роднит крај и се вклучил во огранокот на Елиномакедонскиот комитет во Сачишта. Бил уапсен од странана турските власти и затворен во Лапчишта, меѓутоа по притисокот на грчките митрополити бил ослободен.
По Балканските војни предавал во Кожани [2]. Во 1918 година станал генерален инспектор на средното образование во Грција. По 1921 година работи во Солун, каде заедно со Г. Каранданис го презел упарвувањето со училиштето Мараслион, основано од Стефанос Нукас [3]. Првенствено училиштетот се викало „Нацинас-Каранданис“, но подоцна е преименувано во „Теодорос Нацинас“.
Нацинас е автор на книгата „Македонски патувачки трговци во Австрија и Унгарија“, издадена 1939 година во Солун.[4] Тој е Татко е на политичарот Стефанос Нацинас. Една од улиците во Солун е именувана по него.