Тениски терени на трева
Тениски терен на трева е еден од четирите вида на подлога на кои се игра тенис. Овие терени се прават од трева во различен состав, во зависност од турнирот.
Иако терените на трева се потрадиционални од останатите видови на тениски терени, трошоците за нивно одржување се поголеми во однос на тврда и земјена подлога. Во недостаток на соодветни навлаки терените на трева мораат да се остават еден ден да се исушат, имајќи предвид дека тревата станува многу лизгава кога е влажна.
Овие терени се најчести во Британија иако и во североисточниот дел на САД има повеќе приватни терени на трева.
Стил на игра
уредиБидејќи терените на тревата може да бидат лизгави, топчето често се лизга низ тревата и ниско отскокнува, задржувајќи ја притоа поголемиот дел од својата брзина, ретко надминувајќи ја висината на колената. Покрај тоа, чести се и лошите или неправилни отскоци. Како резултат на тоа, играчите мораат да стигнат до топката побрзо отколку на другите подлоги и размените на удари обично се пократки; затоа, тревата ја наградува брзината и силата. На трева, сервисот и ритернот играат голема улога во одредувањето на исходот на поените, што ефективно ја зголемувајќи важноста на сервисот и задржување на фокусот во размената, на што често може да влијаат падовите на концентрацијата.[1] Тревата, исто така, е многу погодна за сервис-волеј игра.
Играчи
уредиМеѓу најуспешните играчи на трева во Опен ерата спаѓаат Мартина Навратилова, Роџер Федерер, Маргарет Корт, Били Џин Кинг, Пит Сампрас, Штефи Граф, Серена Вилијамс, Новак Ѓоковиќ, Род Лејвер, Џон Њукомб, Ивон Гулагонг Коули, Бјорн Борг, Крис Еверт и Венус Вилијамс. Сите овие освоиле најмалку пет титули во поединечна конкуренција на гренд слем турнирте на трева; Навратилова освоила 12, Федерер и Корт по 8, a Кинг, Сампрас, Граф, Серена Вилијамс и Ѓоковиќ по седум. Други играчи кои биле релативно успешни на трева во Опен ерата се Артур Еш, Кен Роузвол, Борис Бекер, Џон МекИнро, Стефан Едберг, Вирџинија Вејд, Рафаел Надал, Петра Квитова и Енди Мари.
Многу тениски аналитичари сметаат дека Сампрас е еден од најголемите играчи на трева на сите времиња.[2][3][4][5] Тој освоил седум титули во машка поединечна конкуренција на Вимблдон за осум години (од 1993 до 2000 година), губејќи само во четвртфиналето во 1996 година. Најуспешен тенисер на трева во моментов е Роџер Федерер (со осум титули). Разновидноста во ударите, брзината, движењето и слајсовите се неговите најсилни оружја. Пред да загуби од Рафаел Надал на Вимблдон во 2008 година, тој имал серија на победи од 65 натпревари на трева и 40 последователни победи на Вимблдон.
Најуспешна активна тенисерка на трева е Венус Вилијамс со пет титули на Вимблдон во поединечна конкуренција. Добила пет од нејзините девет финалиња на Вимблдон (три од нив изгубила од нејзината сестра Серена). Тие двете заедно имаат и шест титули на Вимблдон во конкуренција на женски двојки.
Професионални турнири на трева
уредиСезоната на професионални турнири на трева е многу кратка. До 2014 година, се состоела само од Вимблдон, две недели турнири во Британија и континентална Европа пред него и АТП Њупорт, кој се играл во неделата по него. Од 2015, тревната сезона е проширена со уште една недела во периодот помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон. На АТП турнејата, Мерцедес купот во Штутгарт ја променил подлогата од земја на трева,[6] а од 2017 година се одржува и нов турнир, во неделата непосредно пред Вимблдон.[7] На ВТА турнејата, Мајорка била домаќин на турнир на трева од 2016 до 2019,[8] а од 2021 година истиот е префрлен на АТП турнејата.
Сезона на турнири на трева
уредиАТП | ВТА |
Гренд слем турнири | |
АТП 500 | ВТА 500 |
АТП 250 | ВТА 250 |
Недела | АТП | ВТА |
---|---|---|
1. недела | АТП Штутгарт (Штутгарт) | ВТА Нотингем (Нотингем) |
Тениски турнир на трева Росмален (Хертогенбос) | ||
2. недела | АТП Хале (Хале) АТП Квинс (Лондон) |
ВТА Берлин (Берлин) |
ВТА Бирмингем (Бирмингем) | ||
3. недела | АТП Истборн (Истборн) | ВТА Истборн (Истборн) |
АТП Мајорка (Мајорка) | ВТА Бад Хомбург (Бад Хомбург) | |
4. недела | Вимблдон (Лондон) | |
5. недела | ||
6. недела | АТП Њупорт (Њупорт, Род Ајленд) | Нема |
Наводи
уреди- ↑ „The grass is the star at Wimbledon and this year's Olympic tennis matches“. The Washington Post. 4 јули 2012. Архивирано од изворникот на 22 јули 2015. Посетено на 15 јуни 2016.
- ↑ „Pete Sampras on Grass Tennis Courts“. USTA. 28 мај 2008. Архивирано од изворникот на 22 јули 2015. Посетено на 15 јуни 2016.
- ↑ „Sampras still the best – Murray“. Irish Times. 23 јуни 2009.
- ↑ „Sampras "walks on water" for Wimbledon win“. McCook Daily Gazette. 2 јули 1999. стр. 7.
- ↑ Calvin Tomkins (28 јуни 2010). „Anxiety on the grass“. The New Yorker.
- ↑ „Queens vs. Halle – ATP 500“. mtenis.com.pl. 29 март 2013. Посетено на 15 јуни 2016.
- ↑ „ATP calendar 2016-2017-2018“ (PDF). ATP. 29 март 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 јануари 2016. Посетено на 15 јуни 2016.
- ↑ „WTA To Head To Mallorca In 2016“. WTA. 9 јуни 2014.
Надворешни врски
уреди- LTA – водич за тениски турнири на трева (англиски)