Темјанушки

семејство растенија
Темјанушки
Viola banksii
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносемени
Класа: Дикотиледони
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Темјанушки
Batsch

Темјанушките[1][2], темјануги[3][4], синолички[5][6] или љубичици[7][8] (науч. Violaceae) — фамилија на скриеносемени растенија која се состои од околу 800 вида распоредени во 21 род. Името доаѓа од родот темјанушка или љубичица (Viola).

Постарите системи, како Кронквистовиот, ја сместуваа оваа фамилија во ред кој бил именуван по неа - Violales. Но, поновите класификациски системи ја сместуваат во редот Malpighiales

Опис

уреди

Темјанушките се повеќегодишни растенија, но мал дел се годишни, најчесто грмушки. Простите листови може да алтернираат или да се наспрамни, често со лиснати или поретко со редуцирани прилисници. Некои видови имаат палмовидни оформени листови или длабоко всечени листови. Многу видови се бесстеблени (акаулесцентни). Соцветијата се со единечни цветови. Тие се хермафродитни, обично зигоморфни или актиноморфни, со чашка од пет чашкини ливчиња кои остануваат и по цветањето. Венчето е со 5 најчесто нееднакви венечни ливчиња, при што најантериорното венечно ливче е поголемо. Андрецеумот е претставен со пет прашници, од кои абаксијалниот е често насечен во основата. Гинецеумот се состои од три споени плодни ливчиња со една локула. Столпчето е просто, плодникот натцветен, со многу семенови зачетоци. Плодовите се капсули.

Систематика

уреди

Потсемејство Fusispermoideae

уреди

Потсемејство Leonioideae

уреди

Потсемејство Violoideae

уреди

Племе Rinoreeae

уреди
Потплеме Hymenantherinae
уреди
Потплеме Isodendriinae
уреди
Потплеме Paypayrolinae
уреди
Потплеме Rinoreinae
уреди

Племе Violeae

уреди

Темјанушките како мотив во уметноста

уреди
  • „Синоличка“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[9]
  • „Од што се направени темјанушките“ — песна за деца на Григор Витез.[10]
  • „Синолички“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[11]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „темјанушка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „темјанушка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „темјануга“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „темјануга“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „синоличка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „синоличка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. „љубичица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  8. „љубичица“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  9. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 22.
  10. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 67.
  11. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 24.