Темисто (месечина)

месечина на Јупитер

Темисто (старогрчки: Θεμιστώ) или Јупитер XVIII — мала неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 1975 г. но подоцна изгубена и повторно пронајдена во 2000 г.

Темисто
Уметничка претстава на Темисто
Откривање
ОткривачЧарлс Ковал (1975)

Елизабет Ремер (1975)
Скот Шепард (2000)
Дејвид Џуит (2000)
Јанга Фернандес (2000)

Ежен Мање (2000)
Откриено30 септември 1975
21 ноември 2000 (повторно откриена)
Орбитални особености
Периапсида5.909.000 км (0,039 ае)
Апоапсида8.874.300 км (0,059 ае)
Главна орбита полупречник
7.391.650 км (0,04941 ае)
Занесеност0,2006
129,82761 д (0.3554 г)
4,098 км/с
Наклон45,81° (кон еклиптиката)
47,48° (кон Јупитеровиот екватор)
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден полупречник
4 км[1]
Обиколка~25 км
~200 км2
Зафатнина~270 км3
Маса6,89×1014 кг
Средна густина
2,6 г/см3 (претп.)[2]
Албедо0,04 (претп.)[1]
Температура~124 K

Откривање

уреди

Месечината првпат е откриена од американските астрономи Чарлс Ковал и Елизабет Ремер на 30 септември 1975 г.[3] и добила ознака S/1975 J 1. Меѓутоа, поради недоволно набљудување, нејзината орбита останала неутврдена и подоцна се изгубила од вид.

Во 2000 г. астрономите Скот Шепард, Дејвид Џуит, Јанга Фернандес и Ежен Мање откриле навидум нова месечина, и ѝ ја дале ознаката S/2000 J 1. По извршените проверки, утврдено е дека работи за месечината откриена во 1975 г.[4] Ова забележување веднаш се довело во врска со набљудувањето од 6 август 2000 г. направено од Брет Гледман, Џон Кавеларс, Жан Марк Пети, Ханс Шол, Метју Холман, Брајан Марсден, Филип Николсон и Џозеф Бернс, пријавено во Центарот за мали планети, но необјавено во службеното гласило.[5]

Во октомври 2002 г. месечината е официјално наречена по Темисто,[6] ќерка на речниот бог Инах и љубовница на Зевс (Јупитер) во старогрчката митологија.

Особености

уреди

Орбитата на Темисто е необична по тоа што кружи сама наместо во групи, како највеќето Јупитерови месечини. Се наоѓа на половина пат меѓу Галилеевите месечини и првата група напредни неправилни месечини наречена Хималиина група.

Има пречник од 8 км (претпоставувајќи албедо од 0,04).[1] Со тоа, нејзината површина изнесува некаде меѓу 200 и 380 км2.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Sheppard, S. S.; Jewitt, D. C.; An abundant population of small irregular satellites around Jupiter, Nature, 423 (15 мај 2003), pp. 261–263
  2. „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL.
  3. Brian G. Marsden (October 3, 1975). „IAUC 2845: Probable New Satellite of Jupiter“. International Astronomical Union Central Bureau for Astronomical Telegrams.
  4. Brian G. Marsden (November 25, 2000). „IAUC 7525: S/1975 J 1 = S/2000 J 1“. International Astronomical Union Central Bureau for Astronomical Telegrams.
  5. „MPEC 2000-Y16: S/1975 J 1 = S/2000 J 1, S/1999 J 1“. International Astronomical Union Minor Planet Center. December 19, 2000.
  6. Daniel W. E. Green (October 22, 2002). „IAUC 7998: Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union.

Надворешни врски

уреди