Театарот на античка Грција, или античка Грчка драма, е театарска култура која што цутела во античка Грција помеѓу 550 г. – 220г. п.н.е. .Градот-држава Атина, којшто станал значајна културна, политичка и воена сила за време на овој период, бил центар каде што театарот бил втемелен како дел од фестивал наречен Дионисија кој му оддавал почести на богот Дионис. Трагедијата (крај на 6. век п.н.е), комедијата (486 п.н.е), и сатирата биле трите драмски жанрови коишто се појавиле таму. Атина го пренесувала фестивалот и во своите бројни колонии и сојузници со цел да промовира заеднички културен идентитет. Западниот театар произлегува од Атина и неговата драма имала значајно и долготрајно влијание врз Западната култура во целост.

Панорамски изглед на Хеленскиот театар во Епидаур

Значење

уреди

Зборот τραγῳδία (tragoidia), од кој е изведен англискиот збор „трагедија “, е комбиниран збор од два грчки збора: τράγος (tragos) or "коза" и ᾠδή (ode) со значење "песна", од ἀείδειν (aeideion), "пее".[1] Ова значење укажува на поврзаноста со обичаите во античките Дионисови култови. Сепак е невозможно со сигурност да се знае како овие ритуали за плодност станале основа на трагедијата и комедијата.[2]

Потекло

уреди

Како што знаеме Грчката трагедија била создадена пред 532 година п.н.е., кога Теспис бил најраниот забележан драматург. Како победник на првиот театарски натпревар одржан во Атина, тој бил егзарх, или водач на дитирамбите прикажувани во и околу Атика, посебно во руралната Дионисија.[3] Сè до времето на Теспис, дитирамбот се развил многу пошироко од неговите култни основи. Под влијание на херојските епопеи, дорските хорски лирски песни и иновациите на поетот Арион, станале наративен жанр сличен на балада. Теспис веројатно помогнал во конечното преминување на дитирамбот во трагедија со додавање на ликови кои зборуваат (отколку да пеат) со нивниот сопствен глас(отколку единствен наративен рефрен). Поради ова Теспис најчесто се нарекува "Татко на трагедијата". Сепак, неговата важност е оспорувана и Теспис понекогаш се смета како 16-от последен во хронолошкиот ред на грчки трагичари. На државникот Солон, на пример, му се припишува пишувањето на поеми во кои ликовите зборуваат со нивниот сопствен глас и создавањето на говорни рецитати познати како рапсодии во епопеите на Хомер кои биле популарни на фестивалите пред 534 п.н.е[4] На овој начин, вистинскиот придонес на Теспис во драмата е крајно нејасен, но неговото име е овековечено во општ термин за изведувач-a "теспиан".

Драмските изведби биле многу важни за Атињаните – ова јасно се гледа со создавањето на фестивал на натпревар по трагедија во градот Дионисија. . Ова веројатно се организирало со цел да ја поттикне лојалноста на племињата на Атика (скоро создадени од Клистенес). Фестивалот е создаден околу 508 година п.н.е. Бидејќи сè до шестиот век не постоеле драмски тесктови, освен името на Теспис, ние ги знаеме уште и имињата на тројцата конкуренти: Корилус, Пратинас и Фриникус. На секој од нив му се припишува различна иновација на тоа поле.

Повеќе е познато за Фириникус. Тој победил на првиот натпревар помеѓу 511 г508 г.п.н.е. Тој создавал трагедии на теми и ликови кои подоцна биле искористени во златната доба, како што се Данаидс, Феникиските жени и Алцестис. Тој е првиот поет за кого знаеме дека употребувал историски лик - неговиот Падот на Милет, создаден во 493-492 г. п.н.е., хронички ја запишал судбината на градот Милетиј откако бил освоен од Персијанците. Херодот известува дека "Атињаните јасно ја изразија својата тага за одземањето на Милети на многу начини, но посебно на следниов начин: кога Фриникус напиша претстава “Падот на Милет” и ја продуцираше, целиот театар плачеше. Тие го казнија Фриникус со илјада драхми за тоа што предизвикал катастрофа која што ги погодила толку лично и вечно ја забранија изведбата на таа претстава."[5] Тој исто така се смета дека е првиот којшто употребил женски ликови (но не и женски изведувачи).[6]

Нови откритија за време на Златното доба

уреди

После Големото разрушување на Атина од Персиската империја во 480 п.н.е. градот и градската тврдина биле повторно изградени и театарот бил формализиран во сега дури поголем дел од Атинската култура и граѓанска гордост. Овој век вообичаено се смета како Златно доба на грчката драма. Најважен дел од годишнината на Дионис, која се одржувала еднаш во зима, еднаш во пролет, бил натпреварот помеѓу тројцата драматурзи на трагедија во Театарот на Дионис. Секој доставувал три трагедии, плус сатирична претстава (комична,пародиска верзија на митолошки лик ). Почнувајќи уште од првиот натпревар во 486 п.н.е., секој драматург исто така доставувал и комедија.

Аристотел тврди дека Есхилус додал втор глумец, а Софокле додал и трет глумец. Очигледно, грчките драматурзи никогаш не вметнувале повеќе од тројца глумци како основа на тоа што е познато за грчкиот театар.

Хеленистички период

уреди

Моќта на Атина опаѓа по поразот од Спартанците во Пелопонеската војна. Оттогаш, театарот повторно започнува да поставува трагедии на сцена. Иако изгледало дека театарските традиции на грчкиот театар се изгубиле, сепак тој продолжува во Хеленистичкиот период(периодот после освојувањето на Александар Велики во четвртиот век п.н.е. Сепак, првичната хеленска театрална форма не била трагедијата, туку Нова комедија, комични епизоди за животот на обичните граѓани. Единствениот опширен драматург од тој период е Менандар. Една од најважните придонеси на Нова комедија е влијанието од Римската комедија, влијание кое може да се види од остатоците на делата од Плавт и Теренциј.

Одлики на зградите

уреди

Претставите имале хорска група до педесет луѓе [7] коишто ги изведувале во стихови придружени со музика, започнувајќи наутро и завршувајќи навечер. Просторот за изведба бил едноставен и полукружен , наречен оркестра, каде хорот танцувал и пеел. Оркестрата која имала просечен пречник од 78 стапки, бил сместен на широка тераса во подножјето на врвот, наведната така што се создавал природен театрон, буквално место за гледање Подоцна, зборот театар се применувал за театрон, оркестра и скене. Хорагос бил главниот член на хорот кој можел да ја воведе приказната, како лик кој е способен да дејствува заемно со другите ликови од претставата.

Во почетокот театрите биле градени врз голема карпа за да го сместат големиот број на луѓе на сцената, како и големиот број на луѓе во публиката (до 14 000). Математичарите играле голема улога во конструкцијата на овие театри, како нивни конструктори требале да обезбедат акутисчни услови во нив, така што гласовите на ликовите можеле да се слушнат низ целиот театар, вклучувајќи и најгорните седишта. Сфаќањето на Грците за акустиката се споредува со сегашната сфаќање за уметноста, како и со пронаоѓањето на микрофоните, така што постојат многу малку современи големи театри кои имаат навистина добро озвучување. Првите седишта во грчките театри (други освен седењето на земја) биле дрвени, но околу 499 п.н.е. станало општо прифетно вметнувањето на камени блокови од страна на ридот, за да се создаде постојани, стабилни седишта. Тие се нарекувале "прохедрија" и биле резервирани за свештениците и за неколку почесни граѓани.

Во 465 п.н.е., драматурзите почнале да користат задна театарска завеса или сценски ѕид кој чѕо бил обесен позади сценатаи исто така служел за место каде глумците можеле да ги менуваат своите костими.Тоа се нарекувал скене, или сцена. Смртта на ликот се слушала секогаш позади скенето, бидејќи се сметало несоодветно пред публиката да се покажува убиство.Во 425 г. п.н.е. сценски камен ѕид наречен параскенија, станал општ додаток на скените во театрите.Параскенијата била долг ѕид со испакнати страни, којшто имал врати влезни и излезни врати. Позади параскенијата се наоѓал проскенионот. Проскенионот ("преден дел на сцената") бил и бил сличен на денешниот модерен просцениум.Просцениумот се нарекува оној дел што ги дели публиката и сцената.Тоа е основата околу сценатаи дава чувство дека дејството се случува како во слика од рамка.

Грчките театри исто така имале посебни влезови за глумците и за членовите на хорот, наречени пароди.Пародите (множина од пародос) биле високи порти отворени кон оркестрата низ која влегувале изведувачите. Помеѓу пародите и оркестрата лежеле исодите, ни кои влегувале и излегувале глумците. Кон крајот на 5 век п.н.е. во времето на Пелопонеската војна, скенето, задниот ѕид, бил високи два ката. Горниот кат бил наречен епискенион. Некои театри исто така имале сцена за зборување која се крева на оркестрата наречена логион.

Сценски елементи

уреди

Постоеле неколку сценски елементи кои најчесто се употребувале во Грчкиот театар :

  • Махина, a кран кој давал впечаток дека глумецот лета (оттаму [[deus ex machina']]').
  • Екиклема,тркалезен вагон кој се употребувал да донесе мртви ликови за да ги види публиката.
  • Врати на покрив или слични отвори во земја да ги пренесуваат луѓето на сцена
  • [[Пинакес]], , слики коишто виселе на сцена за да го покаже нејзиниот пејзаж
  • Тиромата, повеќе сложени слики изградени на второстапена сцена (трето ниво од земјата)
  • Театарски реквизити кои се употребувале за сатирични претстави,симболизирајќи ја плодноста во чест на богот Дионис
  • Во Хекеетидите на Есхил првпат во историја на европскиот театар на сцената се појавува лик што се бори сама со себеси, и призорот кога хорот со своите образложувања, молби и закани навалува на тој лик[8].

Маски

уреди
 
Трагични комични маски Мозаик Хадрианс Вила.

Маски и ритуали

уреди

Грчкиот збор за маска просопон и бил значаен елемент во обожувањето на Дионис во Атина, обично употребен во церемонијални обреди и прослави. Најмногу докази има во неколкуте слики на вазни од 5 век п.н.е. , како што на една од нив е прикажано како бог виси на дрво подолу со украсна облека и танцувањето на идолопоклониците, како и вазната на Промонис [3] , , која ги прикажува глумците како се подготвуваат за сатирска драма .[9] Не постојат материјални докази, бидејќи маските се изработувале од органски материјали кои не се сметале за трајни, и на крај после претставите биле посветувани на олтарот на Дионис. Сепак, познато е дека маската се употребувала уште од времето на Есхилус и се смета дека е една од значајните стандарди на грчкиот театар [10]

Детали на маските

уреди

Илустрации на театарските маски од 5 век покажуваат маска во вид на шлем, која го покривала целото лице и глава, со дупки за очите и мал отвор за устата, како и вметната перика. Интересно е да се забележи дека овие слики никогаш не ги покажуваат актуелните маски на глумците во претставите. Тие најчесто се покажани како се употребувани од глумците пред или после претставата, оној лиминален простор помеѓу публиката и сцената, помеѓу митот и реалноста .[9] Ова го покажува начинот на кој маската била „претопена“ со лицето и му дозволувала на глумецот да се претопи во улогата.[11] Како резултат на тоа, маската го трансформирала глумецот како и меморизирањето на текстот. Затоа, претставите во Стара Грција не го разликувале маскираниот глумец од театарскиот глумец.

Изработувачите на маските се нарекувале скевопиос или „изработувач на мерки“, па оттаму се наведува на тоа дека нивна улога содржела бројни обврски и задачи. Маските најчесто биле лесни изработени од органски материјали како тврд лен, кожа, дрво или плута, со перика од човечко или животинско потекло [12] Поради визуелните ограничувања кои се наметнувале со овие маски, нужно било глумците да слушаат со цел да се ориентираат и балансираат самите. Оттаму, се верува дека ушињата биле покриени со значителна количина на коса, не само таа од шлемот маска. Отворот за уста бил релативно мал, заштитувајќи устата да се вид за време на претставата. Вервејн и Вајлс постулираат дека оваа мала големина ја отфрла идејата дека маската функционирала како мегафон, како што првично било претставено во шеесеттите години [9] Грчкиот изработувач на маски Танос Воволис сугерира на тоа дека маската служи за резонатор за главата, па оттука ја подобрува вокалната акустика и го менува нејзиниот квалитет. Ова води до зголемена енергија и присуство, овозможувајќи за покомплетна преобразба на глумецот во неговиот лик [13]

Функции на маската

уреди

Во голем театар од отворен тип, како на пример Театарот на Дионис во Атина, класичните маски можеле да го доловат лицето на ликот поблиску до публиката, посебно штом тие имале нагласени и претерани одлики и изрази на лицето.[13] Тие овозможувале глумецот да се појавува еднаш и повеќепати во неколку различни улоги, па оттука спречувале публиката да го идентификува глумецот со еден специфичен лик. Нивните варијации и помагале да публиката да разликува пол, возраст и социјален статус, со цел да открие промена во појавата на одреден лик т.е. Едип после сопственото ослепување [14] Единствени маски исто така биле создавани за посебни карактери и настани во претставатаБесните во ЕсхилусЕвменид и Пентеус и Кадмис во Бахае' на Еврипид’ . Понесена од хорот, маската создавала чувство на единство и униформираност, додека претставувала повеќегласни личности или единствен организам и истовремена охрабрена взаемна зависност и извнредна чувствителност помеѓу секој поединец во групата.

Други детали на костимите

уреди

Глумците во овие претстави кои имале трагични улоги носеле чизми наречени котурнуси коишто ги подигале погоре од другите глумци. Глумците со комични улоги носеле чевли со тенок ѓон, наречени чорапи. Поради ова, на драмската уметност понекогаш се алудира како на Чорапи и уличен свирач

Со цел да се играат женски улоги, глумците носеле „постернеда“ (дрвена структура однапред на градниот кош, за да ги имитираат женските гради) и „прогастреда“ однапред на стомакот.

Мелпомена е музата на трагедијата и често е прикажана како држи трагична маска и носи котурнус.Талија музата на комедијата и често се асоцира на маската за комедијата и комичните чорапи

Значајни драматурзи (подредени хронолошки со значајни дела/остатоци)

уреди

Трагедии

уреди

Комедии

уреди

Наводи

уреди
  1. Merriam-Webster definition of tragedy
  2. William Ridgeway, Origin of Tragedy with Special Reference to the Greek Tragedians, p.83
  3. Albrecht Dihle, Manfred Malzahn - „Greek and Latin literature of the Roman Empire“, 1994, Routledge, стр. 92
  4. Brockett, Oscar G. "History of the Theatre". Allyn and Bacon, 1999. Pp. 16–17
  5. Herodotus, Histories, 6/21[мртва врска]
  6. Brockett, Oscar G. "History of the Theatre". Allyn and Bacon, 1999. USA. p.17
  7. „Paper on the Athens Theatre“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-11-21. Посетено на 2009-06-10.
  8. Eshil, Tragedije, Kultura, Beograd, 1966, str. XVI.
  9. 9,0 9,1 9,2 Vervain, Chris and David Wiles, “The Masks of Greek Tragedy as Point of Departure for Modern Performance.” New Theatre Quarterly 67, Cambridge University Press: Cambridge, 2004. p.255
  10. Varakis, Angie. “Research on the Ancient Mask,” Didaskalia, Vol. 6.1 Spring 2004, [1]
  11. Vervain, Chris and David Wiles, “The Masks of Greek Tragedy as Point of Departure for Modern Performance.” New Theatre Quarterly 67, Cambridge University Press: Cambridge, 2004. p.256]
  12. Brooke, Iris. “Costume in Greek Classical Drama.” Methuen, London: 1962. p.76
  13. 13,0 13,1 Vovolis, Thanos and Giorgos Zamboulakis. “The Acoustical Mask of Greak Tragedy.” Didaskalia Vol. 7.1 [2]
  14. Brockett, Oscar G. and Robert Ball. “The Essential Theatre.” 7th Ed. Harcourt Brace, Orlando: 2000. p.70].

Белешки

уреди
  • Brockett, Oscar G. and Robert Ball. The Essential Theatre. 7th Ed. Harcourt Brace, Orlando: 2000
  • Brooke, Iris. Costume in Greek Classical Drama. Methuen, London: 1962
  • Buckham, Philip Wentworth, Theatre of the Greeks, London 1827.
  • Davidson, J.A., Literature and Literacy in Ancient Greece, Part 1, Phoenix, 16, 1962, pp. 141–56.
  • ibid., Peisistratus and Homer, TAPA, 86, 1955, pp. 1–21.
  • Easterling, P.E. (editor) (1997). The Cambridge Companion to Greek Tragedy. Cambridge, U.K.: Cambridge University Press. ISBN 0521412455.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Easterling, Patricia Elizabeth; Hall, Edith (eds.), Greek and Roman Actors: Aspects of an Ancient Profession, Cambridge University Press, 2002. ISBN 0-521-65140-9
  • Else, Gerald P.
    • Aristotle's Poetics: The Argument, Cambridge, MA 1967.
    • The Origins and Early Forms of Greek Tragedy, Cambridge, MA 1965.
    • The Origins of ΤΡΑΓΩΙΔΙΑ, Hermes 85, 1957, pp. 17–46.
  • Flickinger, Roy Caston, The Greek theater and its drama, Chicago, University of Chicago Press, 1918
  • Freund, Philip, The Birth of Theatre, London : Peter Owen, 2003. ISBN 0-7206-1170-9
  • Haigh, A.E., The Attic Theatre, 1907.
  • Harsh, Philip Whaley, A handbook of Classical Drama, Stanford University, California, Stanford University Press; London, H. Milford, Oxford University Press, 1944.
  • Lesky, A. Greek Tragedy, trans. H.A., Frankfurt, London and New York 1965.
  • Ley, Graham. A Short Introduction to the Ancient Greek Theatre. University of Chicago, Chicago: 2006
  • McDonald, Marianne, Walton, J. Michael (editors), The Cambridge companion to Greek and Roman theatre, Cambridge ; New York : Cambridge University Press, 2007. ISBN 0-521-83456-2
  • Moulton, Richard Green, The ancient classical drama; a study in literary evolution intended for readers in English and in the original, Oxford, The Clarendon Press, 1890.
  • Pickard-Cambridge, Sir Arthur Wallace
    • Dithyramb, Tragedy, and Comedy , Oxford 1927.
    • The Theatre of Dionysus in Athens, Oxford 1946.
    • The Dramatic Festivals of Athens, Oxford 1953.
  • Rabinowitz, Nancy Sorkin (2008). Greek Tragedy. Malden, MA: Blackwell Pub. ISBN 9781405121606.
  • Ridgeway, William, Origin of Tragedy with Special Reference to the Greek Tragedians, 1910.
  • Riu, Xavier, Dionysism and Comedy, 1999. [4]
  • Ross, Stewart. Greek Theatre. Wayland Press, Hove: 1996
  • Schlegel, August Wilhelm, Literature, Geneva 1809. [5]
  • Sommerstein, Alan H., Greek Drama and Dramatists, Routledge, 2002.
  • Sourvinou-Inwood, Christiane, Tragedy and Athenian Religion, Oxford:University Press 2003.
  • Varakis, Angie. “Research on the Ancient Mask,” Didaskalia, Vol. 6.1 Spring 2004, [6].
  • Vervain, Chris and David Wiles, The Masks of Greek Tragedy as Point of Departure for Modern Performance. New Theatre Quarterly 67, Cambridge University Press: Cambridge, 2004.
  • Vovolis, Thanos and Giorgos Zamboulakis. The Acoustical Mask of Greak Tragedy. Didaskalia Vol. 7.1 [7].
  • Wiles, David. Greek Theatre Performance: An Introduction. Cambridge University Press, Cambridge: 2000
  • ibid. The Masked Menander: Sign and Meaning in Greek and Roman Performance, 1991.
  • Wise, Jennifer, Dionysus Writes: The Invention of Theatre in Ancient Greece, Ithaca 1998. review Архивирано на 9 септември 2006 г.
  • Zimmerman, B., Greek Tragedy: An Introduction, trans. T. Marier, Baltimore 1991.

Надворешни врски

уреди