Твртко Чубелиќ
Твртко Чубелиќ (хрватски: Tvrtko Čubelić; 2 март 1913 во Бихаќ — 11 август 1995 во Загреб) — хрватски универзитетски професор, фолклорист, книжевен историчар и теоретичар.[1]
Твртко Чубелиќ | ||
Роден | Твртко Чубелиќ 2 март 1913 Бихаќ, Австроунгарија | |
---|---|---|
Починал | 11 август 1995 (возраст: 82) Загреб, Хрватска | |
Националност | Хрват |
Животопис
уредиОсновно училиште и гимназија завршил во Бихаќ. Како осмокласник бил исклучен поради учеството на комеморацијата на Стјепан Радиќ, поради што полагал приватно во Бања Лука во 1931 година. Две години студирал право (1931-1933), а потоа на Филозофскиот факултет во Загреб завршил филозофија, етнологија и југословенска книжевност (1933-1946).
Во Втората светска војна учествувал во антифашистичкиот отпор, а по војната бил професор во гимназија, потоа во Воената академија и предавач од 1949 година по народна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб.
Докторирал на тема „Слика друштвених и културних прилика у нашој народној епици“ во 1961 година, по што станал постојан професор и шеф на Катедрата за усна народна книжевност (1962-1983). Се занимавал со истражување на сите жанрови на усната книжевност.
Објавил антологиски збирки од народното творештво во својата едиција од осум книги „Усна народна книжевност“ (наместо терминот народна книжевност го афирмирал терминот усна народна книжевност).
По првите научни трудови од областа на фолклорот и етнографијата во 1938 година, објавил голем број одделни монографии, антологии, зборници, учебници и друго.
Бил соработник на списанието „Македонски фолклор“ на Институтот за фолклор во Скопје од првиот број во 1968 година, учесник на традиционалниот Меѓународен симпозиум за балканскиот фолклор во Охрид, на одржаните конгреси на југословенските фолклористи и на други научни собири во Македонија. Во научните трудови обилно го обработува и македонскиот фолклор.
Дела
уреди- Hrvatske narodne pripovetke, Zagreb, 1951;
- Narodne pripovetke, Zagreb, 1951;
- Narodne poslovice, pitalice i zagonetke, Zagreb, 1957;
- Lirske narodne pjesme, 4. izd., Zagreb, 1963;
- Ustanak i revolucija u riječi narodnog pjesnika, Zagreb, 1966;
- Usmena narodna retorika i teatrologija, Zagreb, 1970;
- Narodne pripovetke, peto izdanje, Zagreb, 1970;
- Epske narodne pjesme, VI izdanje, Zagreb, 1970;
- Književni leksikon. Osnovni teorijsko-književni pojmovi i bio-bibliografske bilješke o piscima, treće nadopunjeno i proćereno izdanje, Zagreb, 1972;
- Brige čovjekove i sudbine ljudske u lirskim narodnim pjesmama, peto izdanje, Zagreb, 1979;
- Na stazama usmenog narodnog stvaralaštva, Osijek, 1982;
- Povijest i historija usmene narodne književnosti. Historijske i literarno-teorijske osnove te genološki aspekti – Analitičko-sintetički pogledi, Zagreb, 1988
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чохаџиќ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1630. Text "series " ignored (help)