Творештво или креативност — појавата според која некоја личност создава нешто ново што има некоја вредност (производ, решение, уметничко дело, роман, шега, итн). Она што се смета за „ново” може да биде во врска со творецот, или со општеството или областа во која се создава иновацијата. Она што важи за „вредно” исто така се дефинира на различни начини. Научниот интерес за креативноста значително се разликува. Тој опфаќа важни теми поврзани со врската помеѓу креативноста и интелигенцијата, умствените и невролошки процеси поврзани со креативната активност, врската помеѓу карактерните особини и креативната способност, врската помеѓу креативноста и психичкото здравје, можноста за поттикнување на креативноста преку образование и обуки кои особено се зголемуваат со технологијата, примена на постоечките креативни способности на поединецот за подобрување на ефикасноста во процесот на учење и на прилагодениот процес на предавање. Според тоа креативноста и креативните дела ги проучуваат неколку дисциплини: психологија, когнитивна наука, образование, филозофија (особено научната филозофија), технологија, теологија, социологија, лингвистика,деловни студии и економија. Како резултат на тоа постојат мноштво дефиниции и приоди.

Дефиниција

уреди

Мајкл Мамфорд , во еден краток преглед на научно истражување за креативноста, изјавил : „ Сепак , изгледа дека во текот на минатата деценија постигнавме општа согласност дека креативноста ја вклучува изработката на нови, корисни производи’’ (Maмфорд,2003,p.110) . Покрај оваа општа заедничка особина, авторите драстично се разидуваат во нивните точни дефиниции, а Питер Меусбургер тврди дека во литературата може да се најдат преку сто различни верзии.

Аспекти на креативноста

уреди

Теориите за креативноста (конкретно оние што истражуваат зошто некои луѓе се покреативни од други) се сосредоточуваат на различни аспекти. Најдоминантните најчесто се определуваат како четирите “П’’- процес, производ, личност и место. На процесот обрнуваат внимание когнитивните приоди кои се обидуваат да ги опишат мисловните механизми и техники за креативно размислување. Теориите кои повеќе се повикуваат на дивергентното , отколку на конвергентното размислување(како теоријата на Гилфорд), или оние кои ги опишуваат фазите на креативниот процес(како теоријата Валас), главно се теории за креативниот процес. Фокусирањето кон креативниот производ често се појавува при обиди да се измери креативноста на луѓето или на креативните идеи. Насочувањето кон природата на креативната личност претставува разгледување на поопшти интелектуални навики, како на пример искреност, разновидни идеи, слобода, стручност, однесување насочено кон истражување и трагање итн. При насочување на вниманието кон местото се земаат во обѕир најдобрите услови во кои цути креативноста, вклучувајќи го степенот на слобода, пристапот до ресурси и формата преку која се пренесува идејата.

Историска и лична креативност

уреди

Резултатот од креативноста вообичаено се дефинира на еден или на два начина, или како нешто ново во историјата (и релативно ретко), како научните откритија или големите уметнички дела, или како создавање нешто ново во лична смисла, некоја очигледна иновација на творецот, без оглед на тоа дали и други имаат слична таква иновација, или дали го вреднуваат тоа креативно дело. Постојат автори, како Михајл Чикзентмихаљи, кои ја дефинираат креативноста според некои ретки личности, кои според проценка на други, имале значителни креативни придонеси, често во различна област. (Според тоа , нивото на креативност може да се разликува бидејќи перцепциите се менувале низ историјата). Исто така и Симонтон ја анализирал линијата на движење на кариерата на луѓе кои се креативно истакнати со цел да ги означи тенденциите и показателите на креактивната продуктивност. Автори, како Кен Робинсон и Ана Крафт, се фокусираат на креативноста на населението, особено во однос на образованието. Постојат разновидни натписи за овие две дефиниции. Маргарет Боден прави разлика помеѓу историската креативност (х- креативност) и личната креативност(п-креативност). Ана Крафт прави слична разлика помеѓу високата “висока” и малата креативност ‘‘мало ц’’ . Крафт го цитира размивлувањата Робинсон, кој разликува висока и демократска креативност. Вообичаено е и спојувањето на термините “ Големо Ц” и “Мало Ц”. Козбелт, Беџето и Ринко го користат моделот мало-ц/ Големо-Ц за да ги испитаат поголемите теории за креативноста. Овој приод првично го вовеле Џејмс К. Кoфман и Бегето како модел Четири Ц: мини-ц (трансформативно учење) што ги претставува значајните интерпретации на личните искуства, постапки и претстави; мало-ц (решавање на секојдневни проблеми и креативно изразување); Про-Ц , претставен кај луѓе кои се креативни во својата професија, но не се славни ; Големо-Ц е за оние кои се навистина успешни во својата област. Ова помага да се прави појасна разлика помеѓу аматерот кој не е стручен во некоја креативна област, (пример за тоа се визуелните уметности, астрофизиката и друго) и професионалецот кој бил креативен гениј и квалификуван во некоја област. моделот Четири ц исто така бил наменет да помогне да се приспособат модели и теории за креативноста кои ја истакнувале компетентноста во некоја област за основна компонента и главна преобразба како највисока оценка за креативноста. Тие исто така тврделе дека со тоа се создал корисен образец за анализирање на креативните процеси кај луѓето.

Поимот и концептот низ историјата

уреди

Антички погледи

уреди

На повеќето антички култури, како и мислители од Стара Грција, Античка Кина и Античка Индија, им недостигал концептот за креативност. Тие на уметноста гледале како на правење откритија , а не како на творење. Старите Грци немале термин кој одговарал на зборовите создава или творец, освен за изразот “ poiein” што значи ‘‘прави ’’, кој се користел за poeiesis (поезија) и за poietes (поет, или некојшто прави нешто). Платон не ја сфаќал уметноста како форма на креативноста. Во делото Држава, тој на поставеното прашање, „ Дали би рекле дека сликарот твори нешто ? ‘‘, одговорил : „ Секако дека не, тој само имитира“. Обично се смета дека поимот „ креативност“ потекнува од христијанството на западната култура, како идеја за возвишена инспирација. Според историчарот Даниел Џ. Бурсин : „раната западна идеја за креативноста била библиската приказна за креативноста претставена во книгата Генезис” . Сепак, сегашното значење на зборот креативност не се појавило сè до ренесансата. Во еврејско- христијанската традиција, креативноста била еднинствено нешто во надлежност на Господ. Се мислело дека луѓето немаат способност да создадат нешто ново, освен дела кои го претставувале Господ. Идеја слична на таа на христијанството постоела во грчката култура, на пример, музите се сметале за непосредна инспирација од Боговите. Римјаните и Грците ја спомнувале идејата за надворешно креативни „daemon“ (грчки) и „genius“(латински), која се поврзува со светото и божественото. И покрај тоа, ниеден од овие погледи не се слични со сегашниот поим за креативноста, а поединечноста не се сметала за причина за креативност сè до ренесансата. Баш за време на ренесансата се гледало на креативноста како на способности на „големите луѓе“, а не како на посредник кон световното.

За време на Периодот на просветителството и потоа

уреди

Во западна Европа , најверојатно до ренесансата, а можеби и потоа, преовладувало отфрлањето на креативноста во полза на откритијата и верувањето дека поединечната творба била божјо дело. Развојот на современиот концепт за креативноста започнува во ренесансата, кога за творењето почнало да се смета дека потекнува од способностите на поединецот, а не од Бога. Но, оваа промена се одвивала постепено и станала очигледна во Периодот на просветителство. Во XVIII век и во Периодот на просветителство креативноста, а особено теоријата на уметноста, почесто се поврзувала со поимот за имагинацијата. Имагинацијата во текстовите на Томас Хоббес станала клучен елемент на човечкото осознавање, а Вилијам Даф бил еден од првите кој ја идентификувал креативноста како посебена особина и ги раздвојувал талентот(продуктивен, но со кој не се прават нови откритија) и генијот. Како одделно и независно поле за изучување, креативноста не добивала големо внимание сè до XIX век. Ринко и Алберт тврдат дека креативноста, како предмет на изучување, започнала сериозно да се појавува со зголемениот интерес за поттикнување на посебните разлики, со појавата на Дарвинизмот, при крајот на 19 век. Тие особено се осврнуваат кон делата на Френсис Галтон, кој преку својот евгенички поглед покажал голем интерес за различните видови на интелигенција, а креативноста ја сфаќал како генијална појава. Во доцниот XIX и XX век, водечките математичари и научници, како Херман Вон Хелмхолтц (1896 година) и Енри Пинкаре (1908 година) почнале да размислуваат и јавно да дискутираат за своите креативни процеси.

Од XX век до денес

уреди

Сфаќањата на Пинкаре и Вон Хелмхолтц се засновале врз раните размислувања за креативните процеси од првите теоретичари како Грахам Валас и Макс Вертхаимер. Валас претставил еден од првите модели за креативните процеси во неговото дело „Уметноста на мислите’’ , објавено во 1926 година. Креативните претстави и илустрации во етапниот модел на Валас може да се објаснат со метод кој се состои од 5 фази:

  • подготовка (подготвување за решавање на проблем со насочување на вниманието на проблемот и разгледување на неговите аспекти)
  • инкубација (проблемот го усвојува несвесниот ум , а надворешно изгледа како ништо да не се случува)
  • претчувство (креативната личност чувтствува дека е блиску до решението)
  • претстава или илустрација (креативната идеја, која не била потисната, се појавува во свесноста)
  • проверка (идејата свесно се проверува, разработува, а потоа се применува)

Моделот на Валас често се разгледува како модел со четири фази. Фазата претчувство се смета за подфаза. Според Валас, креативноста е последица од еволутивниот процес кој им овозможил на луѓето брзо да се адаптираат на променливите средини. Симонтон дава современо гледиште кон овој поглед во својата книга „ Потеклото на генијалноста: Дарвинови погледи кон креативноста’’. Во 1927 година , Алфред Норт Вајтхед предавал теологија во универзитетот во Единбург, а подоцна овие предавања биле објавени во „ Процес и реалност’’. Нему му се припишува создавањето на поимот „креативност’’, кој се користи како последна категорија во неговата метафизичка шема : „ Всушност Вајтхед го создаде поимот- нашиот поим, сè уште се претпочитува негова употреба во литературата, науката и уметностите... поим што за кратко време стана толку популарен и сеприсутен, но неговиот творец Алфред Норт Вајтхед брзо беше заборавен.’’ Формалните психометрички мерења на креативноста, од гледна точка на христијанската психолошка литература, често се смета дека почнале да се применуваат во 1950 год на дваесеттиот век . Џ. П. Гилфорд се посветил на Американското здружение на психолози, кое што помогнало да се популаризира темата и вниманието да се насочи кон еден научен приод за претставување на креативноста. (Треба да се забележи се открило дека во Лондонското училиште за психологија имало студии по психометрија на почетокот на 1927 год од XX век.Тогаш се појавила и книгата „ Способност за имагинација’’ на Х.Л.Хергрејвис, но, го немала истото влијание. Статистичките анализи довеле до препознавање на креативноста (доколку е измерена) како посебен аспект на човековото осознавање до IQ типот на интелигенција, кој што претходно бил опфатен. Делата на Гилфорд упатуваат на тоа дека до некое определено ниво на IQ не може да се поврзе креативноста и нормалната измерена интелигенција.

Креативен процес

уреди

Постојат повеќе емпириски студии во психологијата и когнитивната наука за процесите преку кои се случува креативноста.

Инкубација

уреди

Инкубацијата е краток прекин во решавањето на некој проблем што може да предизвика негово разрешување. Постоеле некои емпириски истражувања кои испитувале дали мал прекин или одмор може да помогнат за креативно разрешување на некој проблем, како претставувањето на идејата за инкубација во моделот на Валас. Вард наведува неколку различни хипотези кои ги предложил за да објаснат зошто инкубацијата може да помогне за креативно разрешување на некој проблем и забележува како некој емпириски доказ е во согласност со хипотезите дека инкубацијата помага при креативното решавањето на проблемот со тоа што овозможува „заборавање’’ на погрешните решенија. Отсуството на инкубација може да ја наведе личноста што го решава проблемот да стане опседната со несоодветни стратегии за решавање на проблемот. Ова ги оспорува поранешните хипотези за тоа дека креативното решавање на проблем мистериозно се појавува во несвесниот ум, додека свесниот е преокупиран со други задачи.

Конвергентно и дивергентно размислување

уреди

Џ.П. Гилфорд извршил важни истражувања во областа на креативноста правејќи разлика помеѓу конвергентното и дивергентното размислување. Конвергентното размислување се стреми кон едно точно решение на некој проблем, додека дивергентното размислување вклучува многубројни креативни одговори на група проблеми. Дивергентното размислување понекогаш се користи како синоним за креативноста во психолошката литература. Други истражувачи понекогаш ги користат поимите флексибилно размислување или флуидна интелигенција, кои што се прилично слични со креативноста, но не се синоними.

Когнитивен приод кон креативноста

уреди

Во 1992 г. Финке, како и некои други, го предложиле моделот „ Geneplore’’ , во кој креативноста се одвива во две фази: продуктивна фаза, во која личноста создава ментални претстави наречени прединвентивни структури, и прелиминарна фаза во која тие структури се свикнати да создаваат креативни идеи. Некои докази покажуваат дека кога луѓето ја користат својата имагинација за развој на нови идеи тие идеи цврсто се конструираат на предвидливи начини поради моќта на веќе постоечките категории и претстави. Спотивно на тоа, Веисберг тврди дека креативноста опфаќа само секојдневни когнитивни процеси кои даваат одлични резултати.

Теорија за експлицитно-имплицинтна интеракција

уреди

Хајли и Сан неодамна предложиле една соединета основа, таканаречена Теорија за експлицитно-имплицинтна интеракција на креативноста, за разбирање на креативноста во решавањето проблеми. Оваа теорија го сочинува обидот за давање на едно обединето објаснување на значајната појава, делумно со комбинирање и повторно објаснување на неколку нецелосни постоечки теории за инкубација и претстава. Оваа теорија главно се потпира врз неколку основни принципи: 1) Коегзистенција и разлика помеѓу експлицитното и имплицитното знаење 2) Истовремено вклучување на имплицитните и експлицитните процеси во повеќето задачи 3) Непотребно претставување на експлицитното и имплицитното знаење 4) Интегрирање на резултатите од експлицитната и имплицитната обработка 5) Повторлива обработка, најверојатно во две насоки 6) Се развило статистичко реализирање на оваа теорија кое се темели врз когнитивната архитектура КЛАРИОН и кое имитирало важни човечки податоци.

Ова претставува почетен чекор во развојот на теории за креативноста засновани на процеси кои ги опфаќаат инкубацијата, претставата и некои други поврзани појави.

Мисловно поврзување

уреди

Артур Кестлер, во делото „ Чинот на создавањето ’’ го претставил концептот на несоодвествување, според кој креативноста се појавува како резултат на пресекување на две врски кои се прилично различни по основа. Оваа идеја подоцна се развила како мисловно поврзување. Во 90-тите години на XX век, се споиле неколку приоди во когнитивната наука кои се справувале со метафора, аналогија и структурно мапирање и се појавил нов приод на спојување во студијата за креативност во науката, уметноста и хуморот, под името мисловно поврзува.

Теорија за подобрување

уреди

Според теоријата за подобрување, зголемувањето на креативноста се должи на самоорганизирање, самоподобрување на погледот кон светот, а со тоа личноста преку креативниот процес го подобрува целокупниот поглед кон светот. Теоријата за подобрување подеднакво посветува внимание на надворешниот видлив креативен резултат и на внатрешното когнитивно реорганизирање предизвикано од креативниот процес. Секако, еден фактор што ја разликува од другите теории за креативноста е фокусирањето не само кон нејзиното реорганизирање што се однесува на замислата на задачата, туку се однесува и на погледот на светот како целина. Кога сме соочени со некоја сложена креативна задача постои интеракција меѓу идејата на задачата и погледот на светот. Идејата на задачата се менува преку интеракција со погледот на светот, а погледот на светот се менува преку интеракција со задачата. Оваа интеракција се повторува сè додека не се заврши задачата, до онаа точка во која не само што задачата се замислува поинаку, туку и во која погледот на светот субтилно или драстично се преобразува. Оттаму произлегува друга особена одлика на теоријата за подобрување, а тоа е што креативниот процес ја одразува природната наклонетост на погледот на светот во обиди да го реши несогласувањето и да бара доследност меѓу своите внатрешни делови, без разлика на тоа дали се тоа идеи, ставови или некое знаење. Тоа се подобрува исто како тело по повреда. И покрај тоа друга главна и особена одлика на теоријата за подобрување е претставата за состојба на способност. Теоријата за подобрување претпоставува дека креативната мисла не продолжува со пребарување низ „променети“ и дефинирани случајни можности, туку со опишување на постоечката поврзаност поради преклоп на распределената група на нервни ќелии кои учествуваат во кодирањето на искуствата во меморијата. На средина од креативниот процес можеби некој направил поврзаност меѓу дадената задача и минатите искуства, но сè уште не е разјаснето кои аспекти од овие минати искуства се однесуваат на дадената задача. Како резултат на тоа можно е креативната идеја да биде „недопечена’’. Токму тогаш може да се каже дека таа е можна, бидејќи како тоа ќе се изреализира зависи од различните создадени внатрешни и надворешни контексти во кои делува. Теоријата за подобрување може да објасни многу појави кои другите теории на креативноста не можат лесно да ги објаснат. На пример, вообичаено се мислело дека креативноста се поттикнува во амбиент поволен за себе-реализирање. Сепак, истражувањето покажува дека креативноста всушност се поврзана со тешкотиите во детството, кои би поттикнале подобрување. Исто така теоријата за подобрување прави неколку претпоставки кои се разликуваат од она што ќе го предвидат другите теории. Пример, се добило емпириско потврдување со користење на експерименти за аналогно решавање на проблеми по предлогот дека на средината од креативниот процес умот е најспособен. Други експерименти покажуваат дека различни дела од ист творец покажуваат претпознатлив стил и дека оваа иста препознатлива одлика се појавува дури и во различни креативни изрази. Ова не го предвидуваат теориите на креативноста кои ги потенцирааат можните процеси и насобраното знаење, туку теоријата за подобрување, според која личниот стил се одразува преку уникатно составениот поглед на светот на творецот. Оваа теорија ја развила Лејни Габора.

Креативноста и секојдневното креативно размислување

уреди

Луѓето во секојдневното размислување често спонтано си замислуваат различна реалност, со помислата „ Кога би...’’ . Нивното спротивно размислување се разгледува како пример за секојдневните креативни процеси. Се пртпоставува дека создавањето од спротивните алтернативи за реалноста зависи од сличните мисловни процеси при рационалното размислување.

Мерење на креативноста

уреди

Направени се неколку обиди за развивање на коефициент на креативност на личноста сличен со коефициентот на интелигенција (IQ). Сепак, овие обиди биле неуспешни.

Психометрички приод

уреди

Во 1967 г. групата на Џ.П.Гилфорд, која прва ја вовела модерната психометричка студија за креативноста, создала неколку тестови за мерење на креативноста. - Именување на дејствие, при што на учесниците им се дава дејствие на некоја приказна, а тие треба да напишат оригинални наслови. - Брзи одговори е тест за поврзување зборови . - Бројни претстави, при што на учесниците им се дале обични цртежи со обични предмети, а тие требало да најдат заеднички одлика кај два или три цртежа. - Необична употреба е пронаоѓање на необична употреба на обични предмети од секојдневието, како на пример тули. - Различно поврзување, од учесниците се бара да смислат збор помеѓу два дадени збора (пример рака ... повик) - Различни последици, од учесниците се бара да создадат список на последици од неочекувани настани (на пр. губење на гравитацијата)

Во 1966 г., надоврзувајќи се на работата на Гилфорд, Торенс ги развил Торенс тестовите за креативно размислување. Во нив биле вклучени тестови за дивергентно размислување и други вештини за решавање проблеми : -Флуентност - Вкупниот број на идеи, кои се важни, значајни и можат да се објаснат, создадени како одговор на поттикот. -Оригиналност- Реткоста на статистичките одговори во тестовите. -Обработка- Вкупниот број на детали во одговорите.

Прашалникот за креативно постигнување (Creativity Achievement Questionnaire) е тест кој ги мери креативните постигнувања во 10 области. Тој бил претставен во 2005 година и покажал дека може да се смета за точен во споредба со другите мерења на креативноста и со самостојното мерење на креативниот резултат. Таквите тестови се поддржани и критикувани. Понекогаш се наречени Дивергентно размислување .

Приод за социјалниот карактер

уреди

Некои истражувачи го користат овој приод за мерење на креативноста. Во овие студии, карактерните особини на личноста, како што се независното мислење, самодовербата, уживањето во сложеноста, естетската определба и преземањето ризици, се користат како мерки за креативноста на личностите. Други истражувачи креативноста ја поврзуваат со карактерната особина, отвореност за искуства. Со развивање на истражувањето за поврзаноста на карактерните особини и креативноста се создала поцелосна слика. Во рамките на Големите Пет(Big Five) моделот на креативноста се појавиле неколку постојани карактерни особини. Се покажало дека отвореноста кон искуства е постојано поврзана со голем број на различни проценувања на креативноста. Истражувањето покажало субтилни разлики меѓу различните области на креативноста меѓу другите големи пет карактерни особини. Мета анализата на Грегори Фист покажала дека уметниците се склони кон повисоко ниво на неврастенија и интровертност, додека пак научниците се посовесни.

Други методи за мерење

уреди

Ховард Грубер се залага за методот за изразување на егзистенцијалните и уникатни особини на творецот. Според Грубер креативноста е резултат на корисна работа, која може да се опише само како сливање на силите во определен случај.

Креативност и интелигенција

уреди

Во психолошката литература се расправа за тоа дали интелигенцијата и креативноста се дел од еден ист процес(поврзани хипотези) или претставуваат различни мисловни процеси(неповрзани хипотези). Резултатите од обидите за разгледување на взаемната поврзаност меѓу интелигенцијата и креативноста од 1950-тите год. на XX век па наваму, од автори како Барон, Гилфорд или Валах и Коган, кои постојано сугерираат дека взаемната врска меѓу овие концепти се доволно мали за тие оправдано да се третираат како различни концепти. Некои истражувачи веруваат дека креативноста е резултат на истите мисловни процеси како интелигенцијата, а се проценува само како креативност во однос на нејзините последици, т.е кога резултатот од мисловните процеси случајно создава нешто ново. Овој поглед Перкинс го именувал како хипотеза „ ништо посебно’’. Елис Пол Торенс го предложил често именуваниот модел кој подоцна ќе стане познат како „ почетна хипотеза’’ , според кој се чини дека високото ниво на интелигенција не е доволно, но дека е потребна особина за висока креативност. Така, сè додека постои позитивна заемна врска меѓу креативноста и интелигенцијата таа исчезнува над просекот од околу 120 IQ. Таквиот модел го прифатиле многу истражувачи, и покрај тоа што бил оспоруван. Едно истражување од 1962 г., од Гетзелс и Џексон, проведено меѓу ученици од средно училиште, се дошло до заклучок дека високиот IQ коефициент и големата креативност имаат тенденција меѓусебно да се исклучуваат . Поголемиот дел од учениците со највисоки бодови биле или премногу креативни или премногу интелигентни, но не и двете. Додека ова го објаснува просекот, точната врска меѓу креативноста и IQ коефициентот останува необјаснета. Една мета-анализа од 2005 г. открила само мала заемна врска меѓу IQ коефициентот и тестовите за креативност и не ја поддржале оваа теорија. 3те прстени на Ренцули е една алтернативна перспектива, според која и интелигенцијата и креативноста потекнуваат од надареноста. Друго гледиште е поврзувањето на креативноста со флуидната интелигенција.

Невробиологија на креативноста

уреди

Невробиологијата на креативноста била споменета во статијата „ Креативна иновација: Можни мозочни механизми.“ Авторот пишува дека е можно да има потреба од повторно активирање и воспоставување комуникација меѓу областите во мозокот кои што вообичаено не се силно поврзани. Луѓето кои имаат високо ниво на креативност и кои се истакнуваат со своите креативни иновации се разликуваат од останатите луѓе на три начини: - Тие имаат високо ниво на стучно знаење. - Нивниот фронтален лобус им овозможува да размислуваат дивергентно - Тие се способни да ги моделираат невротрансмитерите, како на пр. норпинефрин во нивниот фронтален лоб Така, се чини дека предниот лобус е делот од кортексот кој е најважен за креативноста. Оваа статија исто така ги истражува и врските меѓу креативноста и спиењето, расположението , проблемите со зависност и депресијата. Алис Флерти во 2005 г. претставила модел со три фактори за креативниот нагон. Таа го опишува креативниот нагон како резултат на дејствувањето на предните лобуси, темпоралните лобуси и допаминот од лимбичниот систем, претставено од резултатите од мозочните слики, истражувањата за дрога и анализите на повреди. Предните лобуси може да се сметаат за одговорни за создавањето на идеи, а темпоралните лобуси за корегирање и проценка на идеите. Обично, абнормалностите во предниот лобус (како на пр. депресија и загриженост) ја намалуваат креативноста, додека абнормалностите во темпоралниот лобус често ја зголемуваат креативноста. Вообичаено, големата активност во темпоралниот лобус ја попречува активноста во предниот лобус и обратно. Високото ниво на допамин го зголемува нормалното поттикнување , однесувањето го насочува кон некоја цел и ја намалува латентната инхибираност. Сите три ефекти го зголемуваат нагонот за создавање на идеи.

Работната меморија и малиот мозок

уреди

Вандерверт опишал како предните мозочни лобуси и мисловните функции на малиот мозок придонесуваат за креативно и иновативно создавање. Објаснувањето на Вандерверт се темели на значителни докази според кои сите процеси на работната меморија (одговорна за преработување на сите мисли) приспособено ги симулира малиот мозок. Малиот мозок (составен од 100 милиони неврони, што е повеќе од вкупниот број во останатите делови на мозокот) е општо познат по тоа што соодветно го приспособува секое движење на телото . Прилагодливите форми на обработката на работната меморија во малиот мозок даваат повторна информација на посебните контролираните процеси на работната меморија од каде што произлегуваат креативните и иновативните мисли.(Изгледа дека креативното откривање или „ аха“ искуството тогаш се предизвикува во темпоралниот лобус.) Според Вандерверт, подробностите од креативното приспособување започнуваат во „предните’’ форми на малиот мозок, кои предвремено и прелиминарно го управуваат движењето и размислувањето. Овие управувачки и преработувачки структури во малиот мозок се именувани како Hierarchical Modular Selection and Identification for Control(HMOSAIC). Од неодамна, развивањето на овие хиерархиски подредените нивоа на управувачката структура на малиот мозок се продолжува како умствено размислување во работната меморија. Овие нови нивоа на управувачката структура понатаму се пренесуваат до предниот лобус. Малиот мозок соодветно ги управува сите движења и сите нивоа на мислење и чувствуање, според тоа, овој приод на Вандерверт помага да се објаснат креативноста и иновацијата во спортот, уметноста, музиката, дијазнирањето на видео игри, технологијата, математиката, кај чудото од деца и во размислувањето во општо.

РЕМ спиење

уреди

Креативноста предизвикува формирање нови комбинации од асоцијативните елементи кои се корисни и кои задоволуваат некоја потреба. Спиењето помага во овој процес. Изгледа дека за тоа повеќе е одговорно РЕМ спиењето, отколку НРЕМ спиењето. Се претпоставува дека тоа се должи на промените во холинерџик и норандренерџик невромодулациите кои се случуваат за време на РЕМ спиењето. За време на овој период од спиењето високо ниво на ацетилхолин во хипокампусот го прикрива повратниот одговор од хипокампусот до неокортексот и го намалува нивото на ацетилхолин и норепинефрин во неокортексот ја поттикнуваат брзината на активноста за поврзување во областите на неокортексот без контролирање од страна на хипокампусот. Ова е спротивно на будната свест, во која високото ниво на норепинефрин и ацитилхолин ги попречуваат повторливите поврзувања во неокортексот. Се претпоставува дека РЕМ спиењето придонесува за зголемување на креативноста со дозволување на „ структурите во неокортексот да ги препознаат асоцијативните хиерархии во кои информациите од хипокампусто повторно би стапиле во врска со претходните семантички претстави .’’

Креативноста и доживувањето на чувства

уреди

Во некои теории се претпоставува дека креативноста може да биде особено подложна на емоционалното влијание.

Поврзаноста на креативноста со позитивните искуства

уреди

Според Алис Ајсен, позитивните промени имаат три основни влијанија врз когнитивната активност : 1.Позитивната промена го прави додатниот когнитивен материјал достапен за обработување, кој го зголемува бројот на когнитивните елементи достапни за поврзување ; 2.Позитивната промена води кон одвлекување на вниманието и кон посложени когнитивни ситуации, зголемувајќи го проширувањето на оние елементи кои се однесуваат соодветно на проблемот. 3.Позитивната промена ја зголемува когнитивната флексибилност, зголемувајќи ја можноста на поврзување на различните когнитивни елементи. Овие процеси заедно водат до тоа позитивната промена да има позитивно влијание врз креативноста.

Барбара Фридриксон, во нејзиниот проширен и изграден модел, претпоставува дека позитивните чувства, како радост и љубов, го прошируваат можниот репертоар на знаења и дејства на личноста и на тој начин ја зголемуваат креативноста. Според овие истражувања, позитивните чувства го зголемуваат бројот на когнитивните елементи достапни за поврзување и бројот на елементи кои се однесуваат на проблемот. Од 66 студии за креативноста и за нејзиното влијание, неколку мета-анализи , како на пр. Бас и др. (2008 г.) , ја поддржуваат врската меѓу креативноста и позитивните искуства.

Поврзаноста на креативноста со негативните искуства

уреди

Спротивно на тоа, некои теории предлагаат дека негативното искуство води кон поголема креативност. Основата на оваа перспектива е емпирискиот доказ за врската меѓу емоционалната болест и креативноста. Арнолд Лудвиг, од Универзитетот во Кентаки, во истражување на 1 005 истакнати личности на XX век, од околу 45 различни професии, пронашол мала, но значајна заемна врска меѓу депресијата и нивото на креативното достигнување. Покрај тоа, неколку систематички студии за личностите со висока креативност откриле дека кај учесниците во истражувањето имало поголема зачестеност на емоционални пореметувања (главно биполарно растројство и депресија) отколку кај обичното население.

Креативноста и доживувањето на чувства на работа

уреди

Постојат три примери за можните врски меѓу доживувањето на чувства и креативноста на работа: позитивното (или негативно) расположение или промената во расположението водат до креативност; креативноста зависи од расположението; истовремено доживување на чувства и создавање креативни идеи. Откриено е дека не само што доживувањето на чувства може да предизвика креативна идеја, туку дека и креативниот исход исто така може да предизвика доживување на чувства. Добивањето на некоја најмала креативна идеја самото од себе е работен настан и исто како и другите настани во организациски контекст може да разбуди чувства. Во квалитативните истражувања и анегдотски прикази на креативните достигнувања во уметностите и науките се покажува дека креативното проникнување често е проследено со возвишени чувства. На пример, во 1907 г. Алберт Ајнштај својата општа теорија за релативност ја нарекол „ најсреќната мисла на мојот живот“ . Емпириските докази за овој проблем сè уште се многу несигурни. Спротивно на можните задоцнети последици од емоционалната состојба по создавањето на креативна идеја, возможно е мисловните последици од креативноста да бидат подиректни и непосредни. Вообичаено, мисловните претстави директно и релативно краткотрајно предизвикуваат емотивни реакции. Според тоа, доколку претставувањето на креативни идеи на работа влијае на расположението и на чувствата на личноста што ја работи креативната задача, резултатот од тоа веројатно би бил очигледен само во тој ист ден. Други надолжни истражувања откриле неколку проникнувања во однос на врската меѓу креативноста и доживувањето на чувства на работното место. Како прво, откриле позитивна врска меѓу позитивните чувства и креативноста, а немало докази за негативна врска. Тие докажале дека колку попозитивни чувства имала некоја личност во определен ден, толку покреативно размислувала во тој ден и во следниот ден. Тие дури и ги надгледувале расположенијата во следниот ден. Исто така постоеле и некои докази за нивно влијание два дена подоцна. Згора на тоа, истражувачите не пронашле докази за тоа дека луѓето биле покреативни кога доживувале и позитивни и негативни чувства во еден ист ден. Важноста на доказите сосема ја поддрува линеарната форма на врската меѓу креативноста и доживувањето на чувства, барем во доменот на доживување на чувства и на креативните идеи опфатени во ова истражување. Колку што личноста доживува попозитивни чувства, толку ќе бидат и поголеми нивните креативни идеја во некоја работната средина. На крајот, тие претставиле четири модели за доживувањето на чувства и создавањето на креативни идеи кои имаат улога на претходници на креативноста; како директна последица од креативноста; како индиректна последица од креативноста; доживувањето на чувства може да се одвива истовремено со креативната активност. Оттаму произлегува дека чувствата на луѓето и осознавањето на креативните идеи се испреплетуваат на неколку различни начини во комплексната структура на секојдневната работа во нивниот живот.

Креативноста и менталното здравје

уреди

Во истражувањето на психологот Џ. Филип Раштон се утврдува дека креативноста е взаемнo поврзана со интелигенцијата и со психичките пореметувања. Друго истражување покажува дека креативноста е поголема кај личности со шизотипија, отколку кај нормални или шизофренични личности. Иако дивергентното размислување се поврзува со двонасочно активирање на префронталниот кортекс, кај личностите со шизотипија е откриена поголема активност во нивниот десен префронтален кортекс. Ова истражување претпоставува дека таквите личности имаат подобри врски меѓу двете полутопки, што им овозможува побрзо да прават нови поврзувања. Исто така, во согласност со оваа хипотеза, вештото користење на обете екстремитети се поврзува со шизофреничните личности и со личностите со шизотипија. Три неодамнешни истражувања на Марк Бетај и Адријан Фурнхам ја покажуваат поврзаноста меѓу личностите со шизотипија и хипоманија, а претставуваат и неколку различни мерења на креативноста. Биле утврдени особено силни врски меѓу креативноста и нарушувањата на расположението, главно во манично- депресивното растројство (познато како биполарно растројство) и во депресивното растројство (познато како униполарно растројство). Кеј Редфилд Џејмсон, во Touched with Fire: Manic – Depressive Illness and the Artistic Temperament, изложува истражувања за преценување на растројствата на расположението кај писатели, поети и уметници.Таа исто така ги испитува и истражувањата кои ги утврдуваат растројствата на расположението кај познати писатели и уметници, како кај Ернест Хемингвеј (кој по електроконвулзивна терапија извршил самоубиство) , Вирџинија Вулф (која самата се удавила кога почувствувала дека и следи уште еден депресивен период), кај композиторот Роберт Шуман (кој починал во ментална институција), дури и кај прочуениот визуелен уметник Микеланџело. Едно истражување кое испитало 300 000 личности со шизофренија, биполарно растројство и униполарно растројство, открило поголема застапеност во креативните професии на личностите со биполарно растројство. Немало целосно големо претставување, но имало големо претставувањето за уметничките професии помеѓу оние што биле дијагностицирани со шизофренија. Немало поврзување со оние со униполарна депресија.

Креативноста во различни контексти

уреди

Креативноста се проучува од најразлични перспективи и е важна во многубројни контексти. Повеќето од овие приоди се интердисциплинарни и поради тоа е тешко да се оформи еден целосен јасен поглед. Во следните делови се прегледани некои од областите во кои што креативноста се смета за важна.

Профили на креативноста

уреди

Креативноста се појавува во различни форми. Голем број на различни теории предложиле модели за креативна личност. Еден модел претпоставува дека постојат начини за да се создаде развој, иновација, брзина итн. Тие се опишани како четирите „ Профили на кретивноста’’ кои може да помогнат да се постигнат таквите цели. (i)развивање (долгорочен развој) (ii) замислување (иновативни идеи) (iii)подобрување (растечки промени) (iv)вложување(краткорочни цели) Истражувањето за психометрија на Д-р Марк Бетиј, од работната група за истражување во Деловниот универзитет во Манчестер, предложил објаснување на профилите на креативноста преку четири основни особини на креативноста : (i)„Создавање на идеја“ (леснотија, оригиналност, развој и претставување) (ii) „Карактер“ (љубопитност и трпеливост кон двосмисленоста) (iii)„Поттик“ (внатрешен, надворешен и постигнување) (iv)„ Доверба’’ (создавање, делење и спроведување) Овој модел бил развиен по пример од 1000 вработени возрасни личности со користење на статистички техники од Истражувачките анализи на фактори(Exploratory Factor Analysis), преку Потврдените анализи на фактори (Confirmatory Factor Analyses) од Structural Equation Modelling. Важен аспект од приодот за профилите на креативноста е да ја објасни тензијата меѓу предвидување на креативниот профил на личноста, претставен со психометричниот приод, и доказите дека тимската креативност се создава преку разновидноста и разликите.

Креативноста во различните култури

уреди

Франсоа Жулиен во „ Процес и творба, 1989’’ не повикува да го погледнеме тој концепт од гледна точка на кинеската култура. Fangqi Xu давал курсеви за креативноста во различни земји. Тод Лубарт опширно ги проучувал културните аспекти на креативноста и иновацијата.

Креативноста во уметноста и литературата

уреди

Повеќето луѓе ја поврзуваат креативноста со уметноста и литературата. Во овие области, оригиналноста се смета за доволен предуслов за креативност, за разлика од другите области каде што се потребни и оригиналност и складност. Меѓу различните начини на уметничкиот израз, може да се претпостави еден континуум кој се протега од “ толкување“ до “ иновација“ . Утврдените уметнички движења и жанрови ги привлекуваат практиционерите кон “толкување“- крајот на мерната скала, додека пак вистинските мислители се стремат кој ’’иновација’’- спротивната страна. Мора да се забележи дека ние конвенционално очекуваме некои “ креативни’’ луѓе (танчари, глумци, членови на оркестар, итн.) да изведуваат (толкуваат) , додека пак им допуштаме на другите (писатели, сликари, композитори, итн.) повеќе слобода за изразување на нешто ново и поинакво. Примери за спротивни алтернативни теории : - уметничка инспирација, преку која се пренесува Божјото доживување. Пример за тоа се музите, како дел од Божеството. Се споредува со некој изум. - уметнички развој, кој го потенцира почитувањето на утврдените(“класични’’) правила, како и имитирањето или присвојувањето при создавање на субтилно различно, но нескандалозно разбирливо дело. Се споредува со некој занает. - уметнички разговор, кој ја потенцира длабочината на комуникацијата кога креативниот резултат е јазикот, како во надреализмот. Во уметничката практика и во теоријата на уметност од Давор Ѕалто, човечката креативност се разбира како основна особина на личното постоење на човечките сушстества и на создавањето на уметност. Според овој мислител, креативноста е основна културолошка и антрополошка категорија бидејќи овозможува изразување на човекот како “ реално постоење“ во светот, наспроти растечката “ виртуелност“ на светот.

Психолошки примери од науката и математиката

уреди

Џекис Хадамард, во својата книга Психологија на изумите во областа на математиката, користи интроспекција за да ги опише мисловните математички процеси. Тој за своето математичко размислување објаснува дека е без зборови, често придружено со ментални слики кои го прикажуваат целосното решение на некој проблем, наспроти авторите кои ги утврдуваат јазикот и осознавањето. Тој испитал 100 истакнати физичари од своето време (околу 1900 г.), прашувајќи ги како ја остваруваат својата работа. Повеќето од одговорите се отсликувале на неговиот. Сознавањата на математичарите и на теоретските физичари како Карл Фридрих Гаусс, Херман вон Хелмхолтц, Хенри Пинкаре и др., Хадамард ги објаснил како размислување за целосните решенија со “ неочекувана спонтаност’’ . Истото го прикаже многу други во литературата , како Денис Брајан, Г. Х. Херди, Волтер Хајтлер, Б. Л. Ван дер Вајдерн и Херолд Риџ. Ова може да се образложи со примерот на Ајнштајн, кој после години на размислување кои не вродиле со плод, одеднаш имал решение за општата теорија за релативност која му се покажала на сон „ како гигант кој умира оставајќи неизбришлив отисок, огромна мапа на вселената се исцрта самата себе во една чиста визија.’’ Хадамард постепно го опишал процесот (i) подготовка, (ii) развој, (iv) просветлување и (v) потврдување, од моделот пет-чекори на креативниот процес на Грахам Валас, изоставувајќи го (iii) претчувството. Првите три што ги цитирал Хадамард исто така ги изнел и Хелмхолтц. Мари Луис вон Франц, колешка на истакнатиот психијатар Карл Јунг, во овие научни откритија за несвесноста забележала дека „ секогаш повторлив и важен фактор... е истовременоста со која што интуитивно се согледува целосното решение и истото може подоцна да се провери со неповрзано размислување. ’’ Таа претставеното решение го опишува“ како архетипски образец или слика . „Исто како што Вон Франц го цитирал Јунг, „Архетиповите...се манифестираат само преку нивната способност да средуваат слики и идеи, овој процес секогаш е несвесен и не може веднаш да се забележи .’’

Креативни индустрии и услуги

уреди

Денес, креативноста е централна активност во растечката глобална економија, таканаречена „креативна индустрија“. Тие капиталистички создаваат (обично нереално) богатство преку создавање и експлоатација на интелектуална сопственост или преку финансирање од креативни услуги. Документот за мапирање на креативните индустрии 2001 дава преглед на креативните индустрии во Обединетото Кралство. Професионалната креативна работна сила станува се поинтегрален дел во економиите на индустријализираните нации. Во креативни професии спаѓаат, пишување, уметност, дизајн, театар, телевизија, радио, филм, поврзани занаети, како и маркетинг, стратегија, некои аспекти од научните истражувања , развој, развој на производи, некои видови на предавање, курикулум дизајн и многу други. Бидејќи многу креативни професионалци (пример, глумци и писатели) работат и некоја друга професија, често нивните проценката се погрешни. По некои пресметки, околу 10 милиони работници во Соединетите држави се креативни професионалци. Оваа проценка може да биде двојна, зависно од разновидноста на дефиницијата.

Креативноста во други професии

уреди

Законот за гравитација на Исак Њутн обично се препишува на неочекувана креативна идеја што тој ја доживеал набљудувајки го падот на едно јаболко. Креативноста исто така се смета дека има сè поголема важност во повеќе различни професии. Архитектурата и индустрискиот дизај се области кои најчесто се поврзуваат со креативноста, а особено областите дизајн и дизајн истражување. Во овие области јасно се вреднува креативноста, а некои списанија како Design Studies имаат објавено многу истражувања за креативноста и за креативното решавање проблеми. Спротивно на тоа, областите како наука и инженерство се здобиле со помалку јасна (но сигурно не помалку важна) врска со креативноста. Симонтон покажува како некои од најголемите напредоци во науката во XX век може да се препишат на креативноста на некои поединци. Освен тоа, оваа вештина ќе се смета за сè повеќе важна за инженерите во годините што следат. Сметководителството, со неговиот познат еуфемизам креативно сметководство, исто така се поврзува со креативноста. Иако овој поим често опфаќа и неетички употреби, Амебал претпоставува дека дури и оваа професија може да профитира од (етичката) употреба на креативното размислување. Во едно неодамнешно глобално истражување на околу 1600 главни извршни службеници, се покажало дека креативноста е главна карактерна особина за постигнување успех. Ова укажува дека деловниот свет започнува да прифаќа дека креативноста е значајна во голем број различни индустрии, а не само во креативните индустрии.

Креативноста во организациите

уреди

Главната тема на неколку различни истражувања било да утврдат дека успешното организирање во голема мера зависи од креативноста на вработените. Во секоја организација степенот на успешност се разликува, зависно од нејзината цел, од средината во која се наоѓа, содржината на работата, производите и услугите што ги нуди и од побарувачката на потрошувачите. Според тоа, првиот чекор за проценување на успешното организирање е разбирањето на самата организација, како функционира, како е структурирана и кои се нејзините приоритети. Амабил тврди дека за подобрување на креативноста во деловното работење се потребни три составни делови: - стручност (техничко, процедурално и интелектуално знаење) - вештини за креативно размислување (како флексибилните и креативните луѓе пристапуваат кон проблемите) - мотивација (внатрешна мотивација) Постојат два вида мотивација : - надворешна мотивација – надворешни фактори, пример: закани дека ќе ве отпуштат или дека ќе ве наградат со пари. - внатрешна мотивација – доаѓа од внатрешноста на личноста, пример: задоволство, уживање во работата, итн. Шесте менаџерски постапки за поттикнување на мотивацијата се : - предизвик - поврзување на луѓето со соодветни задачи; - слобода – давање слобода за избирање начини за остварување на целите; - ресурси – како што се време, пари, простор итн. Мора да постои баланс меѓу ресурсите и луѓето; - особини на работна група – разновидни работни групи, каде што членовите го делат возбудувањето, се спремни да помогнат и да си ги препознаваат способностите меѓусебно; - охрабрување – препознавање, бодрење, вреднување ; - организациска поддршка – истакнување на вредноста, споделување информации, соработка; Нонака, кој испитал неколку успешни јапонски компании , утврдил дека креативноста и примената на знаење се подеднакво важни за успех на организациите. Тој особено ја истакнал улогата на имплицитното знаење(tacit knowledge) во креативниот процес. Во деловното работење, оригиналнота не е доволна. Идејата исто така треба да биде соодветна, корисна и применлива. Креативната компетитивна интелигенција е ново решение за разрешување на овој проблем. Таа ги поврзува креативноста со инвентивниот процес на создавање и компетитивната интелигенција со креативните работници.

Економски поглед кон креативноста

уреди

Економските приоди кон креативноста се насочени кон три погледи : влијанието на креативноста врз економскиот раст, методи за оформување на пазарите според креативноста и зголемување до максимум на економката креативност (иновација). Во почетокот на XX век, Јосеф Шумперт ја претставил економската теорија за творечко уништување за да го опише методот со кој старите начини на правење на нештата со причина се уништени и се заменети со нови. Некои економисти (како Пол Ромер) ја разгледуваат креативноста како важен елемент во повторното комбинирање на елементите за создавање на нови производи и технологии, а според тоа и за економски раст. Креативноста води до капитал, а креативните производи се заштитени со закон за интелектуална сопственост. Марк А. Рунко и Даниел Рибенсон се обиделе да го опишат „ психо-економскиот“ модел на креативноста. Во таквиот модел, креативноста е резултат од талентот и постојано се вложува во неа. Трошоците и добивките во спроведување на креативна активност во пазарите го утврдуваат снабдувањето со креативност. Таквиот приод бил критикуван поради мислењето дека потрошувачката на креативноста секогаш има позитивна корист и поради начинот на анализирање на вредноста на идните иновации. Според некои, креативната класа е главен двигател во модерната економија. Економистот Ричард Флорида, во својата книга Издигнувањето на креативната раса од 2002 г. , го популаризира мислењето дека областите со “ 3-Т на економскиот развој: Технологија, Талент и Толеранција’’ исто така имаат висока концентрација на креативни професионалци и се стремат кон повисоко ниво на креативен развој. Креативните индустрии во Европа, вклучувајќи го и аудиовизуелниот сектор, имаат значаен придонес во економијата на Европската Унија (ЕУ). Тие во ЕУ создаваат бруто-домашен производ од околу 3% , што соодвествува на годишната вредност на пазарот од 500 милијади евра и вработуваат околу 6 милиони луѓе. Покрај тоа, овој сектор игра решавачка улога во поттикнувањето на иновацијата, особено за уреди и мрежи. Според бројките на гледаност на ТВ во светот, ЕУ се наоѓа на високото второ место, произведувајќи повеќе филмови од кој било регион во светот. Во тој поглед, предложената нова програма “ Креативна Европа“ ќе помогне да се зачува културното богатство и истовремено да се зголеми движењето на креативните дела внатре и надвор од ЕУ. Програмата ќе има важна улога за поттикнување на меѓуграничната соработка, за промовирање на peer learning и правење на овие сектори попрофесионални. Тогаш Комисијата ќе предложи Европската инвестициона банка да обезбедат финансиски инструменти за финансии за долг и за капитал од акции наменети за културните и креативни индустрии. Улогата на интернационалните учесници во однос на управувањето на медиумите повеќе нема да биде запоставена поради холистичкиот приод.

Развивање на креативноста

уреди

Даниел Пинк, во својата книга Целосно нов ум од 2005 г., повторувајќи ги создадените аргументи низ XX век, тврди дека влегуваме во нова ера во која креативноста станува сè повеќе важна. Во оваа ера на идеи ќе треба да се потпомогне и да се охрабри right-directed thinking (пример, креативност и чувство), повеќе од left-directed thinking (пример, логично и аналитичко размислување). Сепак, ова поедноставување на ‘ десно’ наспрема ‘лево’ размилување на мозокот не е поддржано од податоците од истражувањата. Никерсон дава краток преглед на неколку предложени креативни техники. 1. Основање на намера и замисла 2. Подобрување на основни вештини 3. Поттикнување на стекнато знаење од некоја специфична област 4. Стимулирање и наградување на љубопитноста и желбата за истражување 5. Зајакнување на мотивацијата, особено на внатрешната мотивација 6. Поттикнување на довербата и на волјата за преземање ризици 7. Фокусирање на умеењето и натпреварување самиот со себе 8. Унапредување на подносливи верувања за креативноста 9. Обезбедување на можности за избор и откривање 10. Развивање на вештини (метакогнивни) за самоуправување 11. Техники и стратегии за подучување за олеснување на креативната изведба 12. Обезбедување баланс Некои сметаат дека конвенционалниот систем на образование ја “задушува“ креативноста и се обидуваат(особено во градинките и забавиштата) да обезбедат средина за малите деца која ќе биде другарски настроена и креативна, разновидна и која ќе ја поттикнува креативноста. Истражувачите тврдат дека ова е важно бидејќи технологијата во нашето општество сè повеќе се зголемува со невидена брзина и затоа ќе биде потребно креативно решавање на проблемите за да се совладаат растечките предизвици. Креативноста не само што помога за решавањето на проблеми, туку исто така може да им помогне и на учениците да ги препознаат проблемите таму каде што другите не успеале. Пример за ова е Училиштето Валдорф кое има наставна програма за унапредување на креативното размислување. Развивањето на внатрешната мотивација и решавањето проблеми се две области во кои воспитувачите можат да ја поттикнат креативноста кај учениците. Учениците се покреативни кога се мотивирани од некоја задача и која самите ја вреднуваат. За да го поттикнат креативното размислување, воспитувачите треба да препознаат што ги мотивира нивните студенти и според тоа да го состават предавањето. Давајќи им избор на активности што треба да ги завршат тие им овозможуваат внатрешно мотивирање , а според тоа и креативно да ги решаваат дадените задачите. Друг начин за поттикнување на креативноста е подучување на учениците да решаваат проблеми кои што немаат добро дефинирани одговори. Ова се остварува со овозможување на учениците да истражуваат проблеми и повторно да ги редефинираат, по можност со употреба на знаење што првично можеби не изгледа поврзано со проблемот со цел да се реши истиот. Неколку различни истражувачи предложиле методи за зголемување на креативноста кај личноста. Таквите идеи се движат од психолошко - когнитивни, како на пример Процес за креативно решавање проблеми на Озборн – Парнес, Синектика, Научно креативно размислување,Purdue-Програма за креативно размислување и латералното размислување на Едвард де Боно; сè до високо образувани, како ТРИЗ (Теорија за инвентивно решавање проблеми) и нејзината варианта Алгоритам на инвентиво решавање проблеми (развиена од рускиот научник Генрих Алтшулер) и Морфолошки анализи преку компјутер.

Разбирање и зголемување на креативниот процес со нови технологии

уреди

Интеракциите човек – компјутер (HCI) на Тод Лубарт, се едноставен, но прецизен преглед на ова ново гледиште за унапредување на креативноста. Ова е покана исполнета со креативни идеи за понатамошен развој на ова ново поле. Денес, платформите Групвер и други Компјутерски поддршки за колаборативна работа (CSCW) се етапи на системи за креативноста во мрежата или во други приватни системи. Овие алатки појасно го претставиле постоењето на поповрзана, покооперативна и поколективна креативност, отколку поединечното кое што преовладува. Креативното истражување за глобалните виртуелни тимови покажува дека на креативниот процес влијаат националните идентитети, когнитивните и конативните профили, понекогаш и анонимните интеракции, како и многу други фактори кои влијаат на членовите на тимот, зависно од раните или доцните етапи на кооперативно креативниот процес. Тие исто покажуваат како виртуелните иновации на тимовите од различни култури од невладините организации во Африка ќе профитираат од користењето на глобално најдобрите пракси на интернет. Таквите алатки за зголемување на кооперативната креативност може да имаат големо влијание врз општеството и како такви треба да се тестираат сè додека се создаваат според мотото : „Создади ја камерата додека се снима филмот “. Некои ФП7 Европски научни програми , како Парадисо, одговараат на потребата за напредно експериментално истражување кое ќе содржи голем размер на експериментални инструменти за тестирање за откривање на техничките, општествените и економските последици од таквите групвер и колаборативни алатки на интернет. Од друга страна пак, креативните истражувања можеби еден ден ќе се здружат со компјутерските метајазици, како IEML од Пјер Леви, шеф на катедрата за Колективна интелигенција на Универзитетот Отава. Тоа можеби ќе биде добра алатка за овозможување на интердисциплинарна дефиниција, а донекаде и за единствена теорија за креативноста. Креативните процеси се премногу нејасни, поради тоа програмирањето на кооперативни алатки за креативноста и иновацијата треба да бидат приспособливи и флексибилни. Изгледа дека Емпириското моделирање е добар избор за Humanities Computing. Доколку сите активности во вселената би можеле соодветно да се следат, тогаш би било возможно да се види креативната природа на вселената во која луѓето активно придонесуваат. После веб-документите, може и Web of Things да фрлат светлина на таквиот универзален креативен феномен што не треба да се ограничува само на луѓето. Со цел да ја пронајде и да ја зголеми кооперативната и колективната креативност, Metis Reflexive Global Virtue Team последните неколку години работел на развојот на Trace Composer кое се интересира за личните и социјални искуства. Metis Reflexive Team исто така откриле и парадигма за проучувањето на креативноста со поврзување на Европската теорија за “ неупотреблива’’ и неважна креативност, попрагматичната западно-американска креативност и кинеската култура истакнувајќи ја креативноста повеќе како непрекинат холистички процес, отколку како радикална промена и оригиналност. Оваа парадигма најчесто се темели врз делата на германскиот филозоф Ханс Јоас, кој ги истакнува креативните особини на човечките постапки. Овој модел ја разгледува и поделатната теорија на постапките. Јоас образложува некои значења од неговиот модел за теории за општествени здруженија и општествени промени. Поврзаноста меѓу поимите како творба, иновација, производ и израз се олеснува со постапката креативност како метафора, но исто и како научен концепт. Конференциите Креативност и спознавање, спонзорирани од АЦМ кој функционира уште од 1993 г., биле важно место за објавување на истражувањата за клучните точки меѓу технологијата и креативноста. Денес оваа конференција се одржува еднаш на секои две години, а следната ќе се одржи во 2011 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди