Твид
Твид (англ. tweed) е груба недообработена волнена ткаенина со мек, отворен и флексибилен состав налик на шевиотска волна или рачна ткаенина, но погусто исткаена. Се прави или прост или како испреплетена ткаенина во коцки, дијаголанли или рибина коска. Интересни потиснати колоритни ефекти се добиваат со засукување на разни нишки во предиво со два или три страка. Твидовите се многу трајни, топли и заштитуваат од влага, што значи дека се идеални за носење надвор.
Првобитното име на оваа ткаенина било „твил“ (дијагонална ткаенина) каде ткаенината не се изработувала просто, туку само во дијагонали. Денешното име е грешка на еден трговец од Лондон, кој околу 1830 г. добил писмо за испорачка на твил, но го протолкувал ракописот дека се работи за пратка со трговско име дадено по шкотската река Твид долж која се наоѓале многу текстилни работилници. Помислувајќи дека се работи за марка „Твид“, трговецот овие ткаенини ги рекламирал под тоа име, и така називот се задржал до денес.[1]
Твид бил омилениот материјал на кралот Едвард VII и неговиот татко, кралот Џорџ V.
Видови твид
уреди- Хариски твид: Луксузен рачно ткаен од жителите на островите Харис, Луис, Ујст и Бара (Надворешни Хебриди) во Шкотска, со своја локална волна. Порано овој твид се предел и боел рачно со локални природни бои добиени од лишаи од родот Пармелија.
- Донеголски твид: Рачно ткаен твид од грофовијата Донегол, Ирска. Како и Надворешните Хебриди, во Донегол твидот се произведува со векови, од локални материјали. Ридовите и блатата на во Донегол се особено погодни за чување овци, а за боење на ткаенините се користат домородни растенија како капината, фуксија, смил и мов. Најпознат произведувач на твид во Ирска е Magee of Donegal, во градот Донегол во Алстер.
- Свилен твид: Ткаенина груба свила со шари типични за волнени ткаенини.
Наводи
уреди- ↑ Данбар го цитира филологот В. Ф. Х. Николајсен кој тврди дека ова е измислица на народот, наведувајќи ја употребата на зборот „twedlyne“ во 1541 г, па затоа сметајќи дека „tweedling“ било варијанта на „twilling“; вид. John Telfer Dunbar, The Costume of Scotland, стр. 150.
Литература
уреди- Dunbar, John Telfer: The Costume of Scotland, London: Batsford, 1984, ISBN 0-7134-2534-2 1984 (мека подвеска 1989, ISBN 0-7134-2535-0)