Тајар Тетова (турски: Kalkandelenli Tayyar)[1] — бил албански воен командант и водач на албанските чети во јужна Албанија и Македонија.

Тајар (бег) Тетова
Роден(а)крајот на 19-ти век
Калканделен, Отоманска Империја, денешно Тетово, Македонија
НационалностАлбанец
ЗанимањеКапетан во Турската армија
Борец за слобода
Активист
Познат(а) поГерила против напаѓачите во Првата светска војна
Заедно со Сали Бутка, одговорен за уништувањето на Москополе во 1916 година.

Историја

уреди

Позадина

уреди

Роден во Калканделен (денешно Тетово) кон крајот на 19 век,[2] Тајар бег Тетова потекнувал од благородничко земјопоседничко семејство.[3] Тетова се издигнал низ воените чинови на Отоманската империја, станувајќи капетан во османлиската војска.

Албанско национално будење

уреди

Во 1908 година бил испратен од Отоманската империја да ги поддржи османлиските трупи против албанските востанија во Монастир (денешна Битола). На 22 јуни 1908 година, Тајар работејќи заедно со Башкими од Монастир, бунтувале и побегнале во планините со седум офицери и 150 албански војници за да им се придружат на јужните албански тоски револуционери.[4] Тој формирал воена лига, барајќи младотурската влада да даде отставка и да се спроведат општи избори тврдејќи дека постојниот кабинет бил избран под терористичка пропаганда на Младотурскиот комитет.[5] Тетова и неговите војници го зеле целото оружје и муниција, како и два тешки митралези од турските трупи во Монастир.[6] Тетова своето востаничко движење го проширил во областите на Дибра, Корче и Колоња. Тетовската група се споила со борците на Сали Бутка и заедно се бореле против напаѓачите на Албанија.[7]

Кратко време ја извршувал функцијата градоначалник на Елбасан.[8] По него е именувана и улица во градот Елбасан.

Наводи

уреди
  1. Gawrych 2006
  2. Aux origines du nationalisme albanais: la naissance d'une nation majoritairement musulmane en Europe (French). KARTHALA Editions. 2007. стр. 667. ISBN 978-2-84586-816-8.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. Abas Ermenji (1996). Vendi që zë Skënderbeu në historinë e Shqipërisë. Посетено на 22 February 2011.
  4. Gawrych, George (2006). The Crescent and the Eagle: Ottoman rule, Islam and the Albanians, 1874–1913. London: IB Tauris. стр. 192. ISBN 9781845112875.
  5. Pearson, Owen (2004). Albania and King Zog: independence, republic and monarchy 1908-1939. I.B.Tauris. стр. 25. ISBN 1-84511-013-7.
  6. T. Riza Drishti (Studime Historike, Nr.1, 1987) Drishti (Historical Studies, No.1, 1987). „Albanian insurgents ARMS IN YEARS 1909 - 1912“. Архивирано од изворникот на 2013-02-13. Посетено на 22 February 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. Portali Shqiptar. „The expansion of military actions in other areas“. Посетено на 22 February 2011.
  8. Besim Dybeli (24 April 2015), "Dosja Elbasani" – ja kush e ka qeverisur këtë qytet ndër vite (dhe disa koinçidenca të çuditshme) (Albanian), tesheshi.com, Tajar Tetova (s’ka vit të datuar )...CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)