Тангањика (држава)
Тангањика (свахили: Tanganyika) ― суверена држава, која го зафаќала копнениот дел од денешна Танзанија, и која постоела од 1961 до 1964 година. На 9 декември 1961 година добила независност од Обединетото Кралство како царство од Комонвелтот[1] на чело со кралицата Елизабета II. Една година подоцна станала република во рамките на Комонвелтот на нациите. По потпишувањето на Статутот за Унија на 22 април 1964 година и усвојувањето на Актот за унија на 25 април, Тангањика официјално се обединила со Народна Република Занзибар и на 26 април 1964 година (кој денес е државен празник во Танзанија - Ден на Унијата) била основана Обединетата Република Тангањика и Занзибар.[2] Една година подоцна, новоформираната држава го променила своето име во Обединета Република Танзанија.[3]
Тангањика (1961–1962) Репоблика Тангањика (1962–1964) Jamhuri ya Tanganyika (свахили)
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1961–1964 | |||||||||
Химна: Mungu ibariki Afrika "Боже благослови ја Африка" | |||||||||
Главен град | Дар ес Салам | ||||||||
Говорени јазици | |||||||||
Демоним(и) | Тангањиканци | ||||||||
Уредување | унитарна парламентарна монархија (1961–1962) унитарна независна од собрание република (1962–1964) | ||||||||
Шеф на држава | |||||||||
• 1961–1962 | Елизабета II (монарх) | ||||||||
• 1962–1964 | Џулиус Њерере (претседател) | ||||||||
Генерален гувернер | |||||||||
• 1961–1962 | Ричард Трнбул | ||||||||
Премиер | |||||||||
• 1961–1962 | Џулиус Њерере (прв) | ||||||||
• 1962 | Рашиди Кавава (последен) | ||||||||
Историја | |||||||||
• Независност од Британската Империја | 9 декември 1961 | ||||||||
• Република | 9 декември 1962 | ||||||||
• Унија со Занзибар | 26 април 1964 | ||||||||
Површина | |||||||||
Валута | Источноафрикански шилинг | ||||||||
| |||||||||
Денес дел од | Танзанија |
Историја
уредиТангањика ја зафаќала територијата на Тангањика, британски дел од Германска Источна Африка, која Британците ја добиле како мандат од Друштвото на народите во 1922 година, а по Втората светска војна била трансформирана во Територија на Обединетите нации. Вториот по големина дел од Германска Источна Африка бил доделен под белгиско старателство, од кој подоцна ќе настанат денешните држави Руанда и Бурунди.
Со Законот за независност на Тангањика од 1961 година доверената територија на Обединетите нации станала независна и суверена држава Тангањика, со Елизабета II како кралица на Тангањика. Уставните должности на монархот најчесто ги извршувал генералниот гувернер на Тангањика.
Во 1962 година, Тангањика усвоила нов устав со кој се укинува монархијата, а Националното собрание (во чиј состав мнозинството имала Партијата на Африканската национална унија Тангањика) направило драстични промени во новиот устав за да се создаде силна извршна власт, односно претседател.[3] Тангањика станала република во рамките на Комонвелтот на нациите, а Џулиус Њерере бил избран за претседател на Тангањика. По Унијата на Занзибар и Тангањика, на сила стапил привремен устав кој всушност со мали промени се засновал на Уставот од 1962 година. Иако требало да бидат привремени, уставите останале на сила до 1977 година.[3]
Обединувањето на Тангањика и Занзибар во 1964 година ја следела идеологијата на Њерере - Уџамаа, која се залага за силен „територијален национализам“.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Mara Malagodi, Luke McDonagh and Thomas Poole. "The Dominion model of transitional constitutionalism". International Journal of Constitutional Law. 17:4 (October 2019) p. 1284 n 7. doi:10.1093/icon/moz083.
- ↑ The Union of Tanganyika and Zanzibar Act, 1964 (Act No. 22 of 1964), Архивирано од изворникот на 5 March 2022, Посетено на 5 March 2022
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Katundu, Mangasini Atanasi; Kumburu, Neema Penance (2015). „Tanzania's Constitutional Reform Predicament and the Survival of the Tanganyika and Zanzibar Union“ (PDF). The Journal of Pan African Studies. 8 (3): 104–118. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 June 2022. Посетено на 5 March 2022. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Katundu and Kumburu 2015“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Gunderson, Frank (2013). „Expressive Bodies / Controlling Impulses: The Dance Between Official Culture and Musical Resistance in Colonial Western Tanganyika“. Soundings: An Interdisciplinary Journal. 96 (2): 145–169. doi:10.5325/soundings.96.2.0145. Архивирано од изворникот на 26 April 2019. Посетено на 4 October 2016.