Танаро
Танаро (пиемонтски: тане; латински: танарус), ― река долга 276 км во северозападна Италија. Реката започнува на Лигурските Алпи, близу границата со Франција и е најзначајната притока од десната страна на По во однос на должината, големината на сливот на вода (делумно алпски, делумно Апенински), и излевањето.
Танаро | |
---|---|
Близу Алесандрија | |
Изворно име | пиемонтски: Тане |
Местоположба | |
Држава | Италија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Лигурски Алпи, на падините на Монте Сакарело |
Устие | |
• место | По близу Басињана (Алесандрија) |
• координати | 45°00′20″N 8°46′10″E / 45.00556° СГШ; 8.76944° ИГД |
Должина | 276 км |
Големина на сливот | 8,234 км2 |
Проток | |
• просечен | 123 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | По→ Јадранско Море |
Притоки | |
• леви | Елеро, Стура ди Демонте, Борборе, Верса |
• десни | Белбо, Бормида |
Географија
уредиИзвори
уредиТанаро се издига на границата помеѓу Пиемонт и Лигурија на сливот на два помали потоци: Танарело и Негроне.
Главниот извор на Танарело е на падините на Монте Сакарело над Монеси, село што припаѓа на комуната Триора. Оваа планина се простира на францускиот департман Поморски Алпи, пиемонтската покраина Кунео и лигурската покраина Империја и ја означува пресечката на сливот помеѓу три поделени сливови: самиот Танаро; Роја (италијанска Роја), која се тече на север кон Франција, но влегува во морето кај Вентимиља; и Арџентина, која се влева во Лигурското Море кај Таџа.
Изворите на Негроне се наоѓаат недалеку од Пунта Маргуреис и се многу близу до границата со Франција.
Течение
уредиТанаро тече низ градовите Ормеа, Гаресио, Чева, Алба, Асти и Алесандрија пред да се влее во реката По во близина на Басињана во покраината Алесандрија. На сливот со По, Танаро е околу 50 км подолга од горен По,[1] случај сличен на тоа што славната притока Мисури е подолга од Мисисипи во Соединетите Држави.
Притоки
уредиГлавни притоки на Танаро се Стуро ди Демонте, на Песио, на Елеро и Борбор од левата и Бормида и Белбо од десната страна.
Сезонски промени
уредиПротокот е предмет на голема сезонски промени. Иако реката има алпско потекло, која што е единствена меѓу притоките на десната страна на По, Лигурските Алпи се со недоволна надморска височина и се премногу близу до морето за да се овозможи создавање на снежни полиња или ледници доволно големи за да обезбедат стабилен извор на водата во текот на летото. Понатаму, алпската зона создава само дел од сливот исцеден од Танаро. Сезонскиот режим на реката е повеќе типичен за апенинскиот поток, со максимално испуштање што може да достигне 1,700 кубни метри во секунда, во пролет и есен и многу ниска стапка на проток во лето.
Поплави
уредиРеката е многу склона кон поплавување. За време на двесте години помеѓу 1801 и 2001 година, делови од сливот на Танаро биле погодени од поплави во 136 наврати, од кои најразорни биле во ноември 1994 година, ноември 2016 година, октомври 2020 година, кога целата долина била погодена од силни поплави.
Историја
уредиЛевиот брег на реката Танаро во близина на Асти е местото на Битката кај Полентија на 6 април 402 година.
Наводи
уреди- (италијански) SUL MONTE SACCARELLO :: Una camminata alla scoperta delle sorgenti del Tanaro
- Luino, F. (2003). „Chapter 49: Flooding Vulnerability of a Town in the Tanaro Basin: The Case of Ceva (Piedmont - Northwest Italy)“ (PDF). Во V.R.Thorndycraft; G. Benito; M. Barriendos; M.C. Llasat (уред.). Palaeofloods, Historical Floods and Climatic Variability: Applications in Flood Risk Assessment. Архивирано од изворникот (PDF) на 2005-05-25. Посетено на 2006-06-18.
- Luino F. (1999): “The flood and landslide event of November 4–6, 1994 in Piedmont Region (North-West Italy): causes and related effects in Tanaro Valley”. XXII General Assembly dell’European Geophysical Society, Vienna (Austria). 21-25 април 1997 година. Ед. Elsevier Science Ltd, Vol. 24, N. 2, стр. 123-129.
- ↑ „Tanaro Po, Italy“. acquabuona.it. 2009. Посетено на 23 февруари 2021.