Тадалафил
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Тадалафил (со заштитено име Циалис) се зема за постигнување поцврста и подолготрајна ерекција. Циалис земаат оние што имаат потешкотии при постигнување цврста ерекција, или што сакаат поцврста ерекција и подолготраен полов однос. Циалис можат да земат и оние коишто имаат и некои здравствени проблеми, како на пример: висок крвен притисок, шеќерна болест (диабетес), депресија, кај оние што им е одстранета простатата на хируршки начин, кај доброќудна хипертрофија на простатата.
Систематско (IUPAC) | |
---|---|
(6R-транс)-6-(1,3-бензодиоксол-5-ил)- 2,3,6,7,12,12a-хексахидро-2-метил-пиразино [1', 2':1,6] пиридо[3,4-b]индол-1,4-дион | |
Клинички податоци | |
Заштитени имиња | Cialis |
AHFS/Drugs.com | monograph |
MedlinePlus | a604008 |
Бременосна категорија |
|
Начин на издавање |
|
Начин на примена | Орална |
Фармакокинетички податоци | |
Биорасположливост | варијабилна |
Врзување за белковините | 94% |
Метаболизам | CYP3A4 (хепар) |
Полувреме на елиминација | 17.5 часа |
Екскреција | фецес (> 60%), урина (> 30%) |
Назнака | |
CAS-број | 171596-29-5 |
ATC код | G04BE08 |
IUPHAR/BPS | 7299 |
DrugBank | DB00820 |
ChemSpider | 99301 |
UNII | 742SXX0ICT |
KEGG | D02008 |
ChEBI | CHEBI:71940 |
ChEMBL | CHEMBL779 |
PDB ligand ID | CIA (PDBe, RCSB PDB) |
Хемиски податоци | |
Формула | C22H19N3O4 |
Моларна маса | 389.404 g/mol |
| |
(провери) |
Дозирање и земање
уредиПостои Циалис од 20, 10 и 5 мг. Кога се зема Циалис за првпат најдобро е да се започне со 10 мг. Циалис се зема пола час до пред половиот однос. Дејството трае до 36 часа.
Индикации
уредиЕректилна дисфункција (ED) - неможност да се постигне или да се одржи ерекција за време на целиот полов однос, слаба ерекција.
Контраиндикации
уредиВиагра не треба да се зема при следниве случаи:
- Кога земате лекарства коишто во својот состав содржат нитрити и нитрати (лекарства за лекување ангина пекторис или болки зад градната коска)
- Напреднато оштетување на црниот дроб
- Напреднато оштетување на бубрезите
- Хипотензија - намален крвен притисок
- Скорашен срцев инфаркт или инсулт на мозокот.
- Наследни заболувања на ретината на окото (генетска болест кај фосфодиестеразата)