Суртсеј
63°18′11″N 20°36′18″W / 63.303° СГШ; 20.605° ЗГД
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Природен: ix |
Навод | 1267 |
Запис | 2008 (32nd заседание) |
Суртсеј (од исландски, со значење "островот на Суртур") — вулкански остров на јужниот брег на Исланд. Се наоѓа на 63,303 СГШ и 20,6047 ЗГД и со оваа негова положба тој е најјужната точка на Исланд[1].. Овој остров се оформил во текот на вулканска ерупција која започнала 130 метри (426 стапки) под морското ниво и избила на површината на 14 ноември 1963 година. Ерупцијата траела до 5 јуни 1967 година, кога на островот ја достигнала максималната висина од 2,7 км². Оттогаш ерозиите предизвикани од ветрот и брановите предизвикале островот постепено да се намалува, па така во 2002 година неговата површина изнесувала 1,4 км².[2] Најновото мерење (2007) покажало дека максималната надморска височина на островот изнесува 155 м (509 ст).[3]
Новиот остров името го добил по јетунот Суртур, џин во нордиската митологија.[4] Вулканот интензивно бил проучуван од вулканолози за време на ерупцијата, а потоа и од ботаничари и биолози кога форми на живот почнале постепено да се колонизираат на пустиот остров. Подморските отвори кои го создале Суртсеј се дел од подморскиот вукански систем на Вестманаејар (островите Вестман), кој пак е дел од пукнатината на морското дно наречена Средноатлантски Гребен. Вестманаејар ја предизвикал и познатата ерупција на Елдфел на островот Хејмаеј во 1973 година. Ерупцијата со која бил создаден Суртсеј создала уште неколку мали острови како што е Јолнир, како и некои други неименувани врвови по должината на овој вулкански ланец. Повеќето од нив многу бргу еродирале. Се проценува дека Суртсеј ќе остане над морското ниво уште 100 години.
Геологија
уредиФормирање
уреди1: Облаци од водена пареа | |
2: Исфрлена пепел | |
3: Кратер | |
4: Вода | |
5: Слоеви на пепел и лава | |
6: Стратум | |
7: Тек на магмата | |
8: Магматско огниште | |
9: Насип |
Иако ерупцијата била неочекувана пред да почне некои показатели укажувале на тоа дека некаква вулканска активност е неизбежна. Од 6 до 8 ноември, слаби потреси биле забележани на Киркјубејарклаусур со измерен епицентар на далечина од 140 километри (приближно колку што бил оддалечен Суртсеј ), додека пак на 12 ноември сеизмограф во Рејкјавик снимил слаби потреси кои траеле десет часа, но нивната локацијата не била утврдена.[5] Два дена пред ерупцијата да почне, брод кој вршел морски истражувања истакнал дека температурата на морето во засегнатата област била малку потопла од вообичаената, а во исто време луѓето во крајбрежниот град Вик, на копното оддалечено 80 км од островот осетиле мирис на сулфурводород[6].
Ерупција на површината
уредиНа 15 ноември 1963 година, во 07:15 часот УТЦ, екипажот од рибарскиот брод Ислеифур II кој тргнувал на пловидба од Вестманаејар - мал арипелаг на јужниот дел на Исланд - на југозапад забележал темен чад како се крева нагоре. Бродот го упатиле накај чадот. Капетанот помислил дека е запален брод, но всушност тоа биле експлозивни ерупции што испуштале црна пепел, а тоа значело дека вулканската ерупција почнала под морето[6].
Многу е веројатно дека ерупцијата започнала неколку дена пред 14 ноември. Морското дно е 130 метри (426 стапки) под морското ниво, и на таа длабочина какви било експлозивни ерупции би се угаснале од притисокот на водата.[7] Кога ерупцијата создала вулкан што му се приближувал на нивото на морето, експлозиите повеќе не можеле да се запрат па избиле на површината.
Првите денови
уредиНа 14 ноември 1963 година во 11 часот чадот и пепелта од ерупцијата се кренале неколку километри нагоре. Прво ерупциите избивале од три одделни места на североисток кон југозапад на пукнатината, но од попладнето одделните избивања се споиле во еден кратер од каде избивала ерупцијата. Во текот на следната недела експлозиите биле постојани, а по само неколку дена новоформираниот остров, составен главно од вулкански камења (скорија), достигнал должина од 500 метри (1640 стапки) и висина од 45 метри (147 стапки).
Новиот остров го добил името по јетунот Суртур џин од нордиската митологија (Суртс е генитив од Суртур, плус -ey, остров). Како ерупциите продолжувале така се концентрирале во еден отвор и кратер и островот почнал да добива покружна форма. До 24 ноември, островот достигнал опсег од околу 900 со 650 метри (2950 со 2130 стапки). Насилните експлозии предизвикани од спојувањето на лавата со морската вода покажувале дека островот бил составен од куп вулкански карпи (скорија), кој биле брзо уништени со бурите од Северноатлантскиот Океан во текот на зимата. Сепак, повеќе од ерупциите биле во чекор со ерозиите од брановите, па до февруари 1964 година, островот достигнал максимален пречник од над 1300 метри (4265 стапки). Тројца француски новинари, претставници на магазинот Пари Мач на 6 декември 1963 година останале 15 минути на островот пред силните експлозии да ги натераат да го напуштат. Новинарите на шега побарале француски суверенитет над островот, но од Исланд брзо реагирал и изјавиле дека новиот остров им припаѓа ним[8].
Експлозивните фитомагнетни ерупции предизвикани од пристапот на водата до отворите на ерупција исфрлале камења на далечина од 1 км од островот и пепел на височина од 10 километри (6 милји) нагоре во атмосферата. Купот од неконсолидирна тефра која била брзо однесена довело до намален излив на магма. Исто така во оваа фаза на ерупција на островот многу често се појавувале и големи облаци од прашина[6].
Стабилен остров
уредиДо почетокот на 1964 година продолжиле ерупциите и го оформиле островот до таа големина што морската вода не можела веќе толку лесно да дојде до отворите а вулканска активност веќе не била толку агресивна. Наместо тоа, фонтаните од лава и изливите станале главна форма на активност. Ова резултирало со одронување на исклучително отпорните на ерозија карпи кои биле утврдени на врвот на вулканскиот куп, што спречило островот да биде уништен. Силните ерупции продолжиле до 1965 година и до тоа време островот достигнал површина од 2,5 км².[6]
На 28 декември 1963 подморска активност на 2,5 км североисточно од Суртсеј предизвикала формирање на гребен на 100 метри (328 стапки) од морското дно. Овој гребен бил именуван Суртла, но никогаш не стигнал до нивото на морето. Ерупциите кај Суртла завршиле на 6 јануари 1964 година и оттогаш е еродирана од нејзината минимална длабочина од 23 метри на 47 метри под морското ниво.[9]
Постепеното стивнување на ерупцијата
уредиВо 1965 година активноста на главниот остров била намалена, но на крајот на мај истата година започнала ерупција во празнина на 0.6 километри (0,37 милји) од северниот брег. До 28 мај се појавил нов остров кој го нарекле Сиртлингур (мал Суртсеј ). Новиот остров исчезнал во почетокот на јуни, но повторно се појавил на 14 јуни. Ерупциите во Сиртлингур биле со многу помал размер од оние кои го формирале Суртсеј, се исфрлала околу една десетина вулкански материјали од вулканските материјали што биле исфрлани од главниот вентил. Активноста била краткотрајна и продолжила до почетокот на октомври 1965 година, кога островчето веќе имало површина од 0,15 км². Откако престанале ерупциите, ерозијата предизвикана од брановите многу брзо го поместила островот, и на 24 октомври тој исчезнал зад брановите.[10]
Во декември 1965 година на 0.9 километри (0,56 милји) југозападно од Суртсеј се случиле повеќе подморски активности кои предизвикале формирање на уште еден остров. Овој остров бил именуван Јолнир и во текот на следните осум месеци се појавил и исчезнал неколкупати поради ерозиите од брановите и вулканските активности кои се случувале наизменично. Активноста на Јолнир била многу послаба од активноста на главниот кратер, па дури и послаба од онаа што била во Сиртлингур, но во текот на јули и почетокот на август 1966 година островот се зголемил и достигнал висина од 70 метри (230 стапки) и површина од 0,3 км². Како и во случајот со Сиртлингур и овој остров бил брзо уништен откако престанала активноста на 8 август 1966 година и пропаднал под нивото на морето во текот на октомври 1966 година.[11]
Силните ерупции на главниот остров повторно почнале на 19 август 1966 година, со свежи изливи на лава која и давала дополнителен отпор на ерозијата. Ерупцијата се намалувала постојано, и на 5 јуни 1967 година конечно завршила. Оттогаш вулканот е неактивен. Вкупниот волумен на испуштена лава во текот на три и пол години ерупција бил еден кубен километар, а највисоката точка на островот била 174 метри (570 стапки) над морското ниво[12].
Откако завршила ерупцијата, постепената ерозија го намалила островот. Голем дел на југоисточната страна бил целосно еродиран, а песочната патека наречена Нордуртанги (Северна точка) се подигнала на северната страна на островот. Се проценува дека околу 0,024 км³ материјал е изгубен поради ерозијата, што претставува околу една четвртина од вистинскиот волумен на нивото на морето на островот.
Понов развој
уредиОткако завршила ерупцијата научниците поставиле координатни точки со помош на кои ќе можат да ја следат промената на обликот на островот. Во следните 20 години ова мерење покажало дека островот постепено се рушел и загубил околу 0,3 метри во височина. Стапката на опаѓање првично била околу 20 см на годишно ниво, но потоа се намалила на 1-2 см во 1990-те години. За ова имало неколку причини: наталожување на тефрата што го формирало најголемиот дел од вулканот, збивање на сегментите на морското дно во основата на островот и деформација на литосферата поради тежината на вулканот.[13]
Примарната шема на островите на архипелагот Вестманаејар е за секое место на ерупција да има само една ерупција, па така би било малку веројатно во иднина на островот да се случат повеќе ерупции. Длабоките мориња околу островот го поткопуваат островот уште од времето кога се појавил и од времето кога завршила ерупцијата до денес речиси половина од оригиналната површина е изгубена. Денес островот губи околу 1,0 хектар (2,5 хектари) од неговата површина секоја година.[14]
Иднината на островот
Мали се шансите островот за целосно да исчезне во блиска иднина. Еродираната област се состоела претежно од тефра, носена од ветерот и брановите. Поголемиот дел од преостанатата област е покриен со излив на цврста лава, која е многу поотпорна на ерозија. Покрај тоа во процесот на палагонизација, сложени хемиски реакции кои се одвиваат во тефрата постепено на островот формирале цврсти карпи високо отпорни на ерозија. Овој процес на Суртсеј се случил многу брзо поради високите температури не многу под површината[15].
Процените за тоа колку долго ќе опстане Суртсеј се засновани на стапката на ерозија измерена до денес. Претпоставувајќи дека сегашната стапка не се менува, островот би требало да остане на или под нивото на морето до 2100 година. Сепак, стапката на ерозија е веројатно да се намали поради изложеноста на јадрото на островот. Проценките покажуваат дека стапката на ерозија видно ќе се намали и дека островот ќе опстои со векови.[12] Една замисла за него во иднина е дека овој остров ќе изгледа како сите другите мали острови на архипелагот Вестманаејар кои се создале на ист начин како и Суртсеј пред неколку илјади години, и кои исто така многу често биле еродирани од нивното формирање.
Биологија
уредиЖив свет
уредиКако класично место за колонизација на видовите од основачките популации кои доаѓаат од надвор,Суртсеј бил прогласен за природен резерват во 1965 година додека ерупцијата била активна и се зголемувал. Денес, само на мал број од научниците им е дозволено да доаѓаат на Суртсеј. Единствениот начин за било кој друг да го види овој остров одблиску е да се приближи до него со мал авион. Ова овозможува островот да продолжи природно да се менува, без надворешно влијание. Во 2008 година УНЕСКО го прогласи островот за светско природно наследство, поради неговата голема научна вредност.[16]
Растителен свет
уредиЛетото 1965 година[17] било пронајдено првото васкуларно растение на северниот брег на Суртсеј,[18] во 1967 година никнала мов а во 1970 година на лавата на Суртсеј биле забележани лишаи.[19] Колонизацијата на растенијата на Суртсеј била долго проучувана особено на васкуларните растенија поради нивното далеку поголемо значење од мовта, лишаите и габите во развојот на растителноста.
Мовта и лишаи сега покриваат голем дел од островот. Во текот првите 20 години на островот 20 видови растенија биле забележани во еден или друг период, но само 10 пуштиле корени во сиромашната со хранливи материи песоклива почва. Како што птиците почнале да се вгнездуваат на островот, така почвените услови се подобрувале, и повеќе видови на васкуларни растенија биле имале услови да преживеат. Во 1998 година, на островот била пронајдена и првата врба со листови за чај (Salix phylicifolia), која може да расте до 4 метри (13 стапки). Во 2008 година на Суртсеј имало 69 видови растенија, од кои околу 30 станале пуштиле корени. Ова е во споредба со 490те видови пронајдени на копното на Исланд. И други видови биле колонизирани, и стапка на колонизација била од 2-5 нови видови на годишно ниво.[20]
Птици
уредиРаспространетоста на птици на островот се потпира на и помогна врз ширењето на растителниот свет. Птиците ги користат растенијата за материјал за правење гнезда, но, исто така, помагаат и во разнесувањето на семињата и оплодувањето на почвата со нивниот измет.[21] Птиците првпат се вгнездиле на Суртсеј три години по ерупцијата, и први видови кои дошле на островот биле морските галеби. Денес на островот редовно живеат дванаесет видови.[22]
Морскиот галеб на островот е присутен уште од 1984 година, иако по првото појавување ретко можел да биде виден на копното на островот. Јатото галеби е особено важно во развојот на растителниот свет на Суртсеј бидејќи галебите биле најзаслужни од сите други видови за колонизација на растенијата поради тоа што на островот ги имало во изобилство. Експедицијата во 2004 година ги пронашла првите докази за вгнездување на атлантските фратеркули (вид Fratercula arctica), птици кои се многу честa појава во останатиот дел на архипелагот.[23]
Освен што претставува дом за некои видови птици, Суртсеј исто така се користел и како место каде слетувале птиците што мигрираат, особено оние кои го поминуваат патот помеѓу Европа и Исланд.[24][25] Видови кои само на кратко време биле забележани на островот биле лебедите, разни видови на гуски и гавраните. Иако Суртсеј лежи на запад од главните патеки на птиците што мигрираат на Исланд, тој сепак стана многу честа точка на запирање поради неговата подобрена растителност.[26] Во 2008 година било откриено гнездото на четиринаесеттиот вид птица, гавранот.Според извештајот на 30 мај 2009 година, и златната калугерица се вгнездила на островот, снесувајќи четири јајца.[27]
Морски живот
уредиНабргу по формирањето на островот, околу него биле забележани фоки. Овие животни останале овде, особено на северниот брег кој се зголемил по ерозиите на островот предизвикани од брановите. Фоките првично биле забележани на островот во 1983 година, и за група од 70 фоки ова било местото каде се размножувале. Сивите фоки се почести од пристанишните, но денес и двата вида се цврсто вкоренети на островот.[28] Фоките привлекуваат китови (орки) па така и овие цицачи можат да се видат во водите околу архипелагот а во поскоро време и во водите околу Суртсеј.
Во длабочината на океанот околу островот живеат многу морски видови. Морските ѕвезди ги има во изобилство, како и морските ежови и малите школки. Карпите се покриени со алги, а страните на вулканот со морска трева со најгуста покриеност од 10 до 20 метри (33–66 ft) под морското ниво.[29]
Друг живот на островот
уредиИнсектите пристигнале на Суртсеј веднаш по неговото формирање, а за првпат биле откриени во 1964 година. Први доселеници биле летечките инсекти, кои сами дошле на островот или биле донесени од ветровите. За некои се верувало дека биле одвеани дури од далечната Европа. Кога базот покриен со трева бил донесен на брегот во 1974 година, научниците земале половина од него за анализа и откриле живот на 663 безрбетници, претежно грињи и калемболи.[30]
Инсектите биле храна за птиците и обратно, од мртвите тела на птиците се хранеле месојадните инсекти.
Првиот дождовен црв на Суртсеј бил пронајден во примерок од почвата во 1993 година, најверојатно донесен од некоја птица од Хејмеј. Во 1998 година биле пронајдени полжави, слични на оние пронајдени во јужниот дел на исландското копно. На островот се населиле и пајаци и бубачки.[31][32]
Човековото влијание
уредиЕдинственото позначајно влијание од човекот на островот е малата монтажна барака која ја користат истражувачите додека престојуваат на островот. Во бараката се наоѓаат неколку мали кревети и енергетски извори за користење на уред за итна помош и друга основна електроника. Во 2009 година на Суртсеј биле поставени метеролошка станица и веб камера[33].
Поврзано
уреди- Географија на Исланд
- Список на острови на Исланд
- Список на новоформирани острови
- Список на вулкани на Исланд
- Вулканологија на Исланд
- Нишиношима, јапонски вулкански остров кој е се зголемил последните декади преку процес на формацја сличен на Суртсејa
Наводи
уреди- ↑ „A visit to the Surtsey Visitor Centre allows you to travel back in time“. Icelandmag (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-06-24. Посетено на 2017-07-17.
- ↑ Surtsey Island 50 Percent Original Size, Iceland Rewiew online, 2013-08-13
- ↑ Vésteinsson, Árni (2009), „Surveying and charting the Surtsey area from 1964 to 2007“, Surtsey Research Progress Report XII, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 52 (Figure 11), Архивирано од изворникот на 2019-11-24, Посетено на 2014-08-15
- ↑ Time-Life books, уред. (1986), Folk och länder, Norden, Höganäs: Bokorama, стр. 38, ISBN 91-7024-256-9
- ↑ Decker, Robert; Decker, Barbara (1997), Volcanoes, New York: Freeman, ISBN 0-7167-3174-6
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 1927-, Decker, Robert W. (Robert Wayne) (1998). Volcanoes (3. изд.). New York: W.H. Freeman. ISBN 0716731746. OCLC 37024794.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ Þórarinsson, Sigurður (1965), „The Surtsey eruption: Course of events and the development of the new island.“, Surtsey Research Progress Report I, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 51–55, Архивирано од изворникот на 2011-07-22, Посетено на 2008-07-08
- ↑ al.], [Hervé Jézéquel, Jean-Pierre Castelain, Jean Cuisinier ... et (DL 2006). Îles réelles, îles rêvées. 3. Paris: Presses universitaires de France. ISBN 2130554555. OCLC 494354677. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Norrman, John; Erlingsson, Ulf (1992), "The submarine morphology of Surtsey volcanic group" Архивирано на 22 јули 2011 г., Surtsey Research Progress Report X, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 45–56
- ↑ Þórarinsson, Sigurður (1966), "The Surtsey eruption: course of events and the development of Surtsey and other new islands" Архивирано на 22 јули 2011 г., Surtsey Research Progress Report II, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 117–123
- ↑ Þórarinsson, Sigurður (1967), "The Surtsey eruption: course of events during the year 1966" Архивирано на 22 јули 2011 г., Surtsey Research Progress Report III, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 84–90
- ↑ 12,0 12,1 Garvin, J.B.; Williams Jr, R.S.; Frawley, J.J.; Krabill, W.B. (2000), "Volumetric evolution of Surtsey, Iceland, from topographic maps and scanning airborne laser altimetry" Архивирано на 22 јули 2011 г., Surtsey Research Progress Report XI, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 127–134
- ↑ Moore, J.G.; Jakobsson, Sveinn; Holmjarn, Josef (1992), „Subsidence of Surtsey volcano, 1967–1991“, Bulletin of Volcanology, 55: 17–24, Bibcode:1992BVol...55...17M, doi:10.1007/BF00301116
- ↑ Jakobssen, Sveinn P. (2007-05-06), Erosion of the Island, The Spurtsey Research Society, Архивирано од изворникот на 2017-06-22, Посетено на 2008-07-08
- ↑ Jakobssen, Sveinn P. (2007-05-06), The Formation of Palagonite Tuffs Архивирано на 12 јуни 2017 г., The Surtsey Research Society
- ↑ Twenty-seven new sites inscrib, UNESCO, Посетено на 2015-02-13
- ↑ Surtsey Research Society "Colonization of the Land" Accessed: 2015-01-23. (Archived by WebCite® at)
- ↑ Blask, Sara (2008), „Iceland's new island is an exclusive club – for scientists only“, The Christian Science Monitor (објав. 2008-10-24)
- ↑ Burrows, Colin (1990), Processes of Vegetation Change, Routledge, стр. 124–127, ISBN 0-04-580012-X
- ↑ The volcano island: Surtsey, Iceland: Plants, Our Beautiful World, Посетено на 2008-07-08
- ↑ Thornton, Ian; New, Tim (2007), Island Colonization: The Origin and Development of Island Communities, Cambridge University Press, стр. 178, ISBN 0-521-85484-9
- ↑ Petersen, Ævar (2007-05-06), Bird Life on Surtsey, The Surtsey Research Society, Архивирано од изворникот на 2011-07-22, Посетено на 2008-07-14
- ↑ Puffins in Iceland, Iceland on the web, Посетено на 2008-07-14
- ↑ Surtsey, Iceland, Our Beautiful World, Посетено на 2008-07-08
- ↑ Friðriksson, Sturla; Magnússon, Borgþór (2007-05-06), Colonization of the Land, The Surtsey Research Society, Архивирано од изворникот на 2015-01-23, Посетено на 2008-07-08
- ↑ The volcano island: Surtsey, Iceland: Birdlife, Our Beautiful World, Посетено на 2008-07-08
- ↑ New family moves onto Surtsey Island, no parties allowed Архивирано на 14 јуни 2012 г. IceNews, 30 May 2009
- ↑ Hauksson, Erlingur (1992), „Observations on Seals on Surtsey in the Period 1980–1989“ (PDF), Surtsey Research Progress Report X, The Surtsey Research Society: 31–32, Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-15, Посетено на 2008-07-14
- ↑ The volcano Island Surtsey, Iceland: Sealife, Our Beautiful World, Посетено на 2008-07-08
- ↑ Ólafsson, Erling (1978), „The development of the land-arthropod fauna on Surtsey, Iceland, during 1971–1976 with notes on terrestrial Oligochaeta“, Surtsey Research Progress Report VIII, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 41–46, Архивирано од изворникот на 2011-07-22, Посетено на 2008-07-08
- ↑ The volcano island: Surtsey, Iceland: Insects, Our Beautiful World, Посетено на 2008-07-08
- ↑ Sigurðardóttir, Hólmfríður (2000), „Status of collembolans (Collembola) on Surtsey, Iceland, in 1995 and first encounter of earthworms (lumbricidae) in 1993“, Surtsey Research XI, Reykjavík, Iceland: Surtsey Research Committee: 51–55, Архивирано од изворникот на 2011-07-22, Посетено на 2008-07-08
- ↑ „The Surtsey Research Society“. www.surtsey.is. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2017-12-03.