Судариум од Овеидо

Судариумот од Овиедо претставува крвава ткаенина со размери 84 x 53 см, која се наоѓа во катедралата Сам Салвадор во Овиедо, Шпанија. Оваа мала капела била изградена специјално за платно од страна на кралот Алфонсо II од Астурија во 840 година. Судариумот (латински: ткаенина) се смета дека било платното со кое била обвиткана главата на Исус Христос, откако тој починал. Реликвот на јавноста се прикажува трипати годишно: на Велики петок, на празникот на Триумфалниот крст на 14 септември, и на 21 септември.

Ковчегот во Овиедо каде се чува платното

На судариумот за разлика од торинското платно го нема лицето на Исус. Тоа не е споменато при погребувањето на Христос, но се споменува дека постоела во Празниот Гроб. Според верниците, историјата околу судариумот започнува во 570 година во времето кога Антонинус од Пијаченца за првпат напишал дека судариумот бил преместен во некоја пештера која се наоѓала во близина на нанастирот Свети Марко во близина на Ерусалим. Претходно, во првите векови по Христовото Распнување за платното не постојат никакви информации. Судариумот по се изгледа во 614 година бил однесен од Палестина, по инвазијата на византиските провинции од Сасанидскиот персиски Крал Козрој II, и истата била однесена во Северна Африка во 616 година а подоцна пристигнала во Шпанија.

Поврзано

уреди