Суви Ливади (Доленци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Суви Ливади“
| |
Местоположба | 41°5′2″N 21°9′18″E / 41.08389° СГШ; 21.15500° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Доленци |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | старохристијанско време |
Портал „Археологија“ |
Суви Ливади — археолошко наоѓалиште во битолското село Доленци. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа во Цапарско Поле, на околу 500 м источно од селото, каде при подготвувањето на теренот за овошни насади биле откриени остатоци од темели на старохристијанска базилика. Со заштитните ископувања во 1970-72 година било утврдено дека се работи за трикорабна базилика, со нартекс и по еден анекс на северната и на јужната страна. Во централниот кораб има мозаичен под со геометриски и зооморфни мотиви и старогрчки натпис.[1]
Поврзано
уреди- Старо Село — црква и некропола од средниот век;
- Кале — населба од доцноантичко време;
- Доленци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |