Струга (археолошко наоѓалиште)
„Струга“
| |
Местоположба | 41°10′00″N 20°40′00″E / 41.16667° СГШ; 20.66667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Струга |
Општина | Струга |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Струга — археолошко наоѓалиште во градот Струга. Претставува населба и некропола од хеленистичкото и римското време и средниот век.
Опис
уредиСо изградбата на станбени објекти, улици, водовод и друго, на подрачјето на градот се откриени многу бројни археолошки наоди и тоа:
- на околу 50 метри од десната страна на Црн Дрим, при копањето на темели за изградба на самопосложување, се откриени повеќе гробови од хеленистичкото време;
- во црквата „Св. Ѓорѓи“ се чуваат милјоказ од мермер и мермерна плоча со претстава на маж, жена и дете, во етикулата;
- на ул. „Маршал Тито“ во маалото Клементица се откриени темели од повеќе објекти, а црквата „Св. Никола“ е изградена врз темелите од постара црква;
- на местото на денешната соборна црква, посветена на Св. Ѓорѓи, постоеле темели од постара црква, а во северниот дел била пронајдена голема мермерна глава. Во непосредната близина на црквата, при копање на водовод биле откриени гробови од римското време. Јужно од црквата Св. Ѓорѓи, во правецот од езерото биле откриени и темели од сакрална градба со фрескоживопис;
- на улица „ЈНА“, од левата страна од Црн Дрим, на местото на денешната џамија имало темели од постара црква.[1]
Поврзано
уреди- Думен Камен — некропола од хеленистичко време;
- Устие на Дрим — населба од неолитско и бакарно време;
- Струга;
- Список на археолошки наоѓалишта во Струшко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 399, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |