Строго контролирани возови (филм од 1966)
Строго контролирани возови (чешки: Ostře sledované vlaky) - чешки филм од 1966 година, во режија на Јиржи Менцел (Jiří Menzel), кој е автор на сценариото, заедно со Бохумил Храбал. Главните улоги ги играат: Вацлав Нецкар (Václav Neckář), Јитка Бендова (Jitka Bendová), Јосеф Сомр (Josef Somr) и Владимир Валента (Vladimír Valenta). Ова е првиот долгометражен филм на Менцел, заснован според истоимениот роман на Храбал, со што зпаочнала нивната долготрајна соработка. Филмот освоил повеќе награди, меѓу кои и „Оскар“ за најдобар странски филм. Со текот на времето, угледот на филмот се зголемувал. Така, во 1982 година, во анкетата на УНЕСКО, тој бил ставен на списокот на стоте најдобри филмови на сите времиња, а во 2005 година и американското списание „Тајм“ го ставило филмот во својот избор на стоте најдобри филмови.[1]
Содржина
уредиДејствието на филмот се одвива конкрајот на Втората светска војна во чешкиот град Костомлати. Младиот Милош Хрма (го игра Нецкар) завршува се вработува на железничката станица. Шефот на станицата (го игра Валента) најмногу го интересираат гулабите кои ги одгледува, додека железничарот Хубичка (го игра Сомр) пак се интересира само за жените. И Милош има девојка, кондуктерката Маша (ја игра Бендова), но тој е срамежлив и несигурен. По една неуспешна љубовна ноќ со Маша, засрамениот Милош изнајмува соба во хотел (јавна куќа) и се обидува да изврши самоубиство, но го спасуваат, а лекарот го советува да најде поискусна жена. Додека Милош и Хубичка се занимаваат со своите љубовни проблеми, партизаните сè почесто ги уништуваат германските возови. Еднаш, еден железничар ги известува Милош и Хубчка дека во нивната станица треба да помине воз полн со муниција и дека некој треба да фрли експлозив на возот. Кога низ станицата минува германски воз, војниците го заробуваат Милош, но кога ќе ги видат раните на неговите раце, го ослободуваат. Една ноќ, во станицата се појавува непозната млада жена која на Хубичка му го доставува експлозивот за планираната акција. Во знак наблагодарност поради тоа што Милош му го спасил животот, Хубичка ја убедува жената да води љубов со Милош. Најпосле, еден ден, во станицата доаѓа дисциплинската комисија на железницата со цел да го испита случајот во кој Хубичка водел љубов со службеничката во работното време. Бидејќи Хубичка е зафатен со сослушувањето, Милош го зема експлозивот и го фрла во германскиот воз. Меѓутоа, војниците го забележуваат Милош и го убиваат, а набргу возот експлодира.