Јиржи Менцел
Јиржи Менцел - (чешки: Jiří Menzel), Прага - (23 февруари 1938) – Прага- (5 септември 2020)— чешки режисер, сценарист и глумец . Еден од главните претставници на славната чешка филмска школа и на таканаречениот чешки нов бран[1].
Јиржи Менцел | |
---|---|
Јержи Менцел во 2007 година | |
Роден(а) | 23 февруари 1938 Прага, Чехословачка |
Починал(а) | септември 5, 2020 Прага, Чешка | (возр. 82)
Занимање | режисер |
Биографија
уредиЈиржи Менцел е роден на 23 февруари, во Прага. Неговиот татко, Јозеф Менцел, бил сценарист и писател. По завршувањето на средното училиште, конкурира на Академијата за сценски уметности - факултет за театар, бил одбиен како неталентиран.
Подоцна се запишува на факултетот за филм и телевизија на истата академија - ФАМУ Факултет за филм и ТВ на Академијата за уметности во Прага во класата на професорите (Отокар Вавра и Вера Хитилова) кои биле идејните иницијатори за создавањето на идниот нов чешки филмски бран.
Покрај школувањето на академијата посетувал и предавања по психологија, историја на уметноста и книжевност. Слушал предавања по литературата и кај истакнатиот писател Милан Кундера. Завршил во 1961 година. Дебитирал 1960 година со филмот „Монтажни куќи“. Уште за време на школувањето се потпишува на неколку авторски, краткометражни играни филмови.
Филмската кариера ја започнал во 1966 година, со култниот филм „Строго контролирани возови“, работен според романот на исто така познатиот чехословачки писател Бохумил Храбал. Филмот добил Оскар за најдобар странски филм, истата година.
Неговиот следен филм „Чучулига на конец“ од 1969 година кој бил забранет во Чехословачка, сè до 1990 година, по падот на Берлинскиот ѕид, а истата година (1990) за него, ја добива и наградата - Златна мечка на четириeсеттиот Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.
Иако меѓународно признат и ценет филмски режисер, од 1970 година, тој најмногу работел како театарски, фимски и телевизиски глумец, од творечки но и егзистенцијални причини, со оглед што неговото филмско творештво, до 1990 година, било забранувано, санкционирано, ограничувано.
Во понатамошниот период бил член во театарот „Јара Цимман“, во театарот „Драмски клуб“, „Виногради театар“ и други. Како театарски режисер работел и во Бугарија, Софија, поранешна Југославија[2].
Работел и како професор на ФАМУ, а е и член на Американската филмска академија.
Тој е носител на високата наградата „Витез на уметноста“, Франција.
Творештво
уредиНеговиот режисерски ракопис, особено во филмовите, обединува своевиден поединечен и автентичен поглед на светот искажан со богата емотивна содржина: хуманизам, иронија, длабоко доживување на животот изразено со суптилен хумор без непотребна и испразнета патетика[3].
Без оглед на ситуациите во која била тогашна Чехословачка и дејствувањето на творците и интелектуалците, сепак остварил побогата филмографија театарски режисерски опус а и работел како глумец. Како сценариска подлога, често ги користи делата на познатиот чешки писател Бохумил Храбал[4].
Филмографија
уреди- „Монтажни куќи“, 1960 година, краток фил, работен за време на школувањето[5].
- „Почина нашиот господин Фостер“, 1963 година (краток фил, работен за време на школувањето)
- „Концерт, 65“, 1965 година документарен
- „Криминал во училиштето за девојки“, 1965 година
- „Бисери во длабочината“,1966 година
- „Смртта на господинот Балтазар“, 1966 година
- „Строго контролирани возови“, 1966 година (Оскар за најдобар странски филм)
- „Злосторство во концертната сала“, 1968 година
- „Каприциозно лето“, 1968 година
- „Чучулига на жица“ 1969 година (забранет до 1990 година)
- „Променет пејзаж“, 1974 година (краток документарен филм)
- „Кој бара злато?“,1974 година
- „Скриен во шумата“, 1976 година
- Тие прекрасни филмски крилја, 1978 година
- „Исечок“, 1980 година
- „ 2“ ТВ театар, 1981 година
- „Најдобри желби од планетата Земја“, 1983 година
- „Снежен фестивал“, 1984 година
- „Моето слатко мало село“ 1985 година, (номинација за Оскар во категоријата - странски филм)
- „Чоколадо“, 1986 година
- „Крајот на старите времиња“, 1989 година
- „2"|Аудиенција, 1981 година (тв-филм)
- „Просјачка опера“, 1991 година
- „Животот и доживувањата на војникот Иван Чонкин“, 1993 година
- „2“|„Јакобовски и полковникот“, 1998, ТВ филм, година
- „ 2“|„Десет минути постари“, 2002 година
- „Еден момент“, 2002 година
- „Му служев на англискиот кралI“, 2006 година
- Дон Жуан, 2013 година[6].
ТВ серии
уреди- „Паб“ (1996)
Сценарист
уреди- Ни умре Господинот Фостер,1963 година
- Злосторство во школото за девојки, 1963 година
- Смртта на господинот Балтазар, 1965 година
- Строго контролирани возови, 1966 година, заедно со Бохумил Храбал
- Каприциозно лето,1967 година
- Чучулига на жица,1969 година, заедно со Бохумил Храбал
- Кој го бара златното дно, 1974 година
- Прекрасните мажи чудаци, 1978 година
- Стрижење, кратење, 1981 година, заедно со Бохумил Храбал
- Снежен фестивал, 1983 година, заедно со Бохумил Храбал
- Крај на старите времиња, година, 1989
- Просјачка опера, 1991 година, заедно со Вацлав Хавел
- Еден момент, 2002 година
- Го служев англискиот крал, 2006 година, заедно со Бохумил Храбал
Како глумец
уреди- „Обвинетиот“, 1964 година
- „Кураж за секој ден“, 1964 година
- „Ако илјада кларинети“, 1965 година
- „Пансион за ергени“, 1965 година
- „Скитање“, 1966 година
- „Ѕвонете му на Мартин“, 1966 година
- „Прошетка“, 1966 година
- „Враќање на блудниот син“, 1967 година
- „Хотел за странци“, 1967 година
- „Дита Саксова“, 1968 година
- „Човек от крематориума“, 1969 година
- „Сламената шапка“, 1972 г.
- „Шестмина јунаци го освојуваат целиот свет“ 1972 година
- „30 дневници на Питагора“, 1972 година
- „Жената отспротива“, 1978 година
- „Секоја среда“, 1979 година
- „Копортош“, 1980 година
- „Булдози и цреши“, 1981 година
- „Шведски кибритчиња“, 1982 г.
- „Срдечен поздрав од планетата Земја“, 1983 година
- „Игра во облаците“, 1984 година
- „Фенди о Фенди“ 1985 година
- „Да бегаме, доаѓа!“, 1987 година
- „Особени суштества“, 1990 година
- „Основно училиште“, 1991 година
- „Долгиот разговор со птицата“, 1992 година
- „Малата апокалипса“, 1993 година
- „Сè што сакам“, 1993 година
- „Венчер“, 1994 година
- „Мојата одмазда“ 1995 година
- Ккако да ѝ служиш на принцеза“, 1995 година
- „Многу болна осаменост“, 1996 година
- „Крчма“, 1996-1997 година
- „Зимско задоволство“, 1999 година
- „Сите мои блиски“, 1999 година
- „Кога дедото ја сакаше Рита Хејворт“, 2000 година
- „Бегство во Буда“, 2002 година
- „Светска атракција“, 2004 година
- „Роднини“, 2006 година
- „Мечето“, 2007 година
- „Последното искушение на јагнето“, 2007 година
- „Средба во Прага – со убиство“, 2009 година
- „Операција Дунав“, 2009 година
- „Сигнал“, 2012 година
- „Вратата“, 2012 година
Библиографија
уреди- Јозеф Шкворецки: „Јиржи Менцел и историјата на Строго контролираните возови“, ISBN 978-0880330114, (Источноевропски монографии), 1982,[7].
Наводи
уредиНадворешни поврзувања
уреди- Јиржи Менцел на Семрежната филмска база на податоци (англиски)