Стражник (Дебреше)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Стражник“
| |
Местоположба | 41°49′2″N 20°52′50″E / 41.81722° СГШ; 20.88056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Дебреше |
Општина | Гостивар |
Тип |
|
Период | бронзено време |
Портал „Археологија“ |
Стражник — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува некропола од бронзеното време. Се наоѓа во близината на северниот раб на селото, на приватен имот, што лежи во подножјето на ридот Стражник, каде при земјоделски работи биле откриени три урни - керамички садови со мали држалки на најширокиот дел, со траги од пепел во нив. Урните биле вкопани во здравица. По површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови. Наоѓалиштето е загрозено со интензивната урбанизација на селото. Урните имаат аналогии во некрополите на Косово и јужното Поморавие и се датираат меѓу 1700-1200 година од старата ера.[1]
Поврзано
уреди- Горни Крст — средновековна црква и некропола;
- Горни Ропаич — средновековна црква и некропола;
- Жубовски Пат — средновековна некропола;
- Зилбов Гроб — средновековна некропола;
- Кале — населба од железно и римско време;
- Долни Крст — средновековна црква и некропола;
- Св. Богородица — средновековна црква и некропола;
- Спас — средновековна црква и некропола;
- Сред Село — средновековна црква и некропола;
- Чатал — населба од доцната антика;
- Чифлик — некропола од доцната антика.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |