Стојан Стојменовски

Стојан Бојков Стојменовски ( 1911 во Режиново, Кумановско1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Се занимавал исклучиво со земјоделство. Бил вклучен во помагањето на народноослободителното оружено востание против окупаторот. Поради тоа окупаторската бугарска фашистичка полиција често го малтретирала. На 1 август 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во нејзините борби кај Табановце, Ристовац, Лојане, Страцин и други места. Со својата храброст им служел за пример на другите соборци. Бил учесник во борбите против балистичките банди на реката Треска, во октомври 1944 година. Во оваа борба загинал, откако по силен германски артилериски оган од далекометни топови, бригадата била принудена да се повлече.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 262. На |first= му недостасува |last= (help)