Стојан Србиноски
Стојан Миланов Србиноски ( 1910 во Бигор Доленци, Кичевско — 1944 во Струга) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Стојан Србиноски | ||
Роден | 1910 година Бигор Доленци, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | ноември, 1944 година Струга, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште, работел како угостителски работник во Кичево. Во ослободителната војска на Македонија стапил во есента 1944 година во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал зо борбите за ослободувањето на Охрид и Струга. Загинал во ноември 1944 година кај Струга.[1]