Стојан Миливоески
Стојан Миливоески - Мргето (10 август 1924 во Прилеп — 10 февруари 1944 во Велешко) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиБил ученик во гимназијата. За член на СКОЈ бил примен во 1943 година. Како активист бил фатен и затворен од бугарската полиција. По излегувањето од затвор, на 3 февруари 1944 година се приклучил кон Народноослободителната војска на Македонија. Бил борец во состав на Првата Македонско-косовска бригада.[1]