Стојан Божинов
Стојан Трајков Божинов ( 1921 во Скопје — 7 мај 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно училиште. Потоа откако го изучил занаетот работел како механичар. На 1 септември 1944 година, стапил во НОВ и ПОЈ. Со Петнаесеттиот македонски корпус заминал за Срем каде завршил тримесечна воено-стручна обука. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Се истакнал во многу јуриши и доживени победи. Учествувал во ослободувањето на голем број градови и села. Со бригадата пристигнал и пред Загреб. На 7 мај 1945 година била последната негова борба, кога загинал од германски куршуми.[1]