Стојанче Генадијоски
Стојанче Совков Генадијоски ( 1920 во Лавчани, Кичевско — 1944 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Стојанче Генадијоски | ||
Роден | 1920 година Лавчани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | октомври, 1944 година Карбуница, Кичевско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како симпатизер на ослободителното движење, во летото 1944 година се вклучил во редовите на Првата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во повеќе борби. Во октомври 1944 година, при еден судир со балистите кај селото Карбуница, бил убиен.[1]